Кај да ја барам some by mi, како да ја нема на coslovemetics/bebehome во моментов. Од каде ја купи/нарача?
Текстурата му е силиконска, како што мачкаш се „стопува“ некако во масло и совршено си легнува на лицето, само пази и кремата да ти е на силиконска база иначе ќе се перути. Одлична е кремата и јас ја имам, презадоволна сум
Ке ве замолам за мислење. Вчера купив крема со заштитен фактор 20 а подоцна читав тука дека повеќето од вас користите 50ка фактор, па се мислам дали ја утнав ама како и да е ке ја користам како за почеток па подоцна кога ке ја потрошам ке земам некоја со поголем фактор. Инаку се работи за портокаловата дневна крема од Natura Siberica, пишува дека е вегански производ збогатена со витамин Ц. Ме интересира ваше мислење и искуство доколку имала некоја, јас планирам да ја нанесувам како подлога за пудра затоа што 80% од денот сум надвор од дома со пудра на лице па се надевам дека правилно ја користам и дека сум ја избрала вистинската како за почеток.
Сега за сега додека UV индексот е низок можеш да ја користиш - но тоа би било месецов, евентуално малку од март. Следи го индексот на апликациите за временска прогноза. Оптимално е од 30ка па нагоре - со што преферирам 50 фактор за потоплите денови. Дури и таа со 50 мора да се нанесува на секои 2 - 3 часа повторно зошто ефектот се губи, но ако си внатре во канцеларија, по мое не мораш да го правиш тоа. П.С Кажи како ќе се покаже витаминската, и јас ја меркам.
Дали оставаат лепливо чувство по нанесување геловите од Heliocare со SPF 50 и SPF 90 и дали навистина ја матираат кожата како што пишува? Ги пробала ли некоја и кремите од истата линија со SPF 50 и SPF 90?
Јас го користам гелот со СПФ 50, не е воопшто леплив, доста брзо се впива и не остава сјаен финиш, барем кај мене... имам комбинирана кон сува кожа.
Sama po sebe e kako velvety nekako, kako koga stavas silikonski prajmer na tebe za izmaznuvanje pori.Taka sto mislam deka krem ne bi ti trebal osven ako neli nemas suva koza. Isto imas i vo boja od kremava sto se prilagoduva na tenot, bas vcera gledav na youtube videa i reviews i sakam da si ja kupam taa ps.sry za umesuvanje vo muabet
Во Зегин видов од Фензи Дерм спреј за реапликација со 50 фактор, некој да го користел да сподели искуство?