Дали оваа кррма оди вака без тоа како пластична цевка,прв пат ја купувам и ми е чудно кога видов ?Станува збор за frezyderm
Функционира со вакуум. Си згрешила што си ја отворила. Сега ќе мораш директно од тубата со прсти да вадиш...
Мислам дека и јас ја имав вака отворено едната за да видам уште колку има внатре; пак функционираше кога го вратив капачето, само можеби ќе треба повеќе пати да притиснеш . @Powergirl!
И јас ја земав оваа на Frezyderm. Секако дека ја отворив да ја простудирам, зашто до утре можев да стискам и да не излезе ништо. Прв пат користам ваква гел структура и немам осет колку треба да ставам бидејќи одма ми се впива, не знам ни до каде сум размачкала, ни каде сум ставила. За мене само бел слој да те одбележи и да светка уште од далеку Шала на страна, лицето ми е ептен седефасто, меко откако нанесов. Мат е, ама ќе видиме како ќе се покаже и после неколку часа пешачење. Се надевам само примарната функција за заштита ќе си ја врши добро, оти лицето ми изгоре деновиве.
@Biodevojka доколку имаш време би те замолила да ми предложиш спф крема која што е слична на притоа кремата, ја користам моментално неа меѓутоа по тоа што се случи и се докажа дека има многу помал фактор од тоа што е забележано на неа би сакала да земам друга. Мислам дека не грешам што сеуште ја користам таа на Пурито со оглед на тоа дека сега не е толку јако сонцето. Битно мие кремата да има лесна текстура и да не е мрсна и да ми остава мрсен слој на лицето. Ја користев конкретно оваа крема .
Драга оваа линија не ја познавам. Стави ми декларација за да видам што содржи и да ти најдам слична (доколку можам). Поздрав
Neznaev kaj da pisam. Dali otkako stavite zastiten faktor a odozgora pudra bez faktor se gubi zastitnoto dejtstvo?
Искрено, мое скромно мислење е дека од пурито не треба да се користи после тој мега скандал, до душа не само тој туку ниеден друг производ затоа што оваа постапка ги доведува во прашање другите производи и нивниот квалитет. Ова е мое мислење секако. Другарка ме убедува да си ја купам таа дневната сентела асиатика рикавери крим, ама сепак не. Останувам со Ла рош и Авене. Инаку, Ла рош има добар избор и Биодерма исто на креми со фактор со лесна текстура, некомедогени и не прават сјај и не оставаат бело. Јас имам екстра масна кожа и затоа исто пребирам кога станува збор за крема со фактор за лице. Цените им се тука некаде, околу 1150-1200. Разгледај на страната на аннифарм, има цени и можеш онлајн да си порачаш.
Од тоа што пребарував за креми со фактор, овие испаднаа најскапи ама демек со најиновативна технологија. Ги меркам за претстојното лето
Ла рош нијансираната крема со фактор ја носат во Македонија? Пиши им на страната на Фб на увозникот на Македонија и прашај каде можеш да ја најдеш. Виола ми рекоа дека нарачувале буквално се' што носел увозникот. Исто галениум фарм се снабдени со Ла рош (се наоѓаат таму кајшто има супер тинекс, пр центар Лиса, Ново Лисиче). Јас така да не лутам и губам време, се јавувам у конкретна аптека, прашувам дали ја имаат на залиха и ако ја има, одам.
Им пишав, ми кажаа дека ја има во една мала аптека во Карпош, им се јавив директно ама не беше истата - обична antishine. Очигледно и тие не знаат што носат и каде носат. Фала му на Господ за lookfantastic.com да можам да ја нарачам, овде кај нас ништо нема. П.С Каков скандал било тоа со Пурито? И онака не им верувам, ама да прочитам барем. Многу корејски и јапонски глупости ни донесоа со непроверен квалитет, а жена како жена...
Корисници на кремата се здобиле со изгореници и покрај тоа што ја користеле кремата редовно. И после некоја институција или не знам што е тоа, ја дава кремата на независна лабораторија чие тестирање покажува дека наместо 50+, (затоа што било нереално според состојките да нуди толку висока заштита), испаднало дека всушност кремата имала фактор од 19, со тоа што Пурито ја повлекува од продажба, и вината ја префрла на некој нивен партнер што ја произведувал за нив, а овие само ја пакувале под нивен бренд. И оди после верувај им и купувај други производи. Не, фала. Повели, ова е само една вест, има мн други: https://www.google.com/amp/s/nymag....2/what-went-wrong-with-puritos-sunscreen.html
Оваа не сум ја видела до сега. Ама не мислев на оваа, туку на нијансираната од линијата Толериане, само со фактор.