Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.026
    Допаѓања:
    40.366
    Пол:
    Женски
    Користел ли некој некоја од овие спф креми.
    сакам да нарачам, ама се мислам која.

    2.jpg
    2 (1).jpg
    2 (2).jpg
    2 (3).jpg

    Мислам дека само за оваа последнава прочитав тука дека некој ја има користено, па се мислам дали таа или некоја од овие другиве да нарачам да пробам
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    66CE07AA-0D50-462F-9D1A-9B9D6275205F.jpeg
    26B8C6EF-C2D0-439C-B4FE-47812C94A5CA.jpeg
    Која од овие ја имате користено?
    И двете гледам дека се ок за мрсна кожа.
    Која цена се кај нас?
     
    На simoncelicius и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.026
    Допаѓања:
    40.366
    Пол:
    Женски
    Моментално никаде ја нема. Бар не во аптекита каде што јас прашав. Последно во зегин кога прашував ми проверија дека во тој кај железничка имаше останато, ама не ме носеше патот натаму. Инаку ја носат кај нас.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.577
    Допаѓања:
    106.345
    Пол:
    Женски

    И двете ги имам пробано. Првата не ми се допадна, мрсен сјај остава, втората е одлична :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Има ли после онакво лепливо чувство, како да тежи нешто на лице? За втората прашувам
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.577
    Допаѓања:
    106.345
    Пол:
    Женски

    Не со втората немав лепливо чувство. Првата иако е потечна , по мрсна ми беше.
     
    На simoncelicius и Emotional123 им се допаѓа ова.
  8. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Последниов јас го имам, ок е, има и цинк оксид а прочитав дека било битно да го има, бидејки пружал поголема заштита. Наводно во корејските СПФ креми не го имало често. Лаик сум јас, ама ете прочитав па ми се врза во крпче:) Малку остава бел траг значи се губи ништо страшно. И има мирис ако не ти пречи.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ја користам на Frezyderm обичната но приметив дека додека ја нанесувам се лупи, т.е остава бели траги што се собираат на цело лице. Претходно ја користам хијалуронската на The Ordinary и Natural Moisturizing Factors. Дали некој знае како да го избегнам ова? Дали да ја прескокнам хидратантната крема? Или можеби прави разлика колку време се чека меѓу продуктите додека да се впијат во кожата?
     
  10. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Пробај ја без хидратантна крема под неа. Ако пак ти го појавува истиот проблем, значи до кремата е. Јас го имав тој проблем со биодерма. Ми се лупеше ептен и ја сменив
     
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Имам приметено дека се рони, кога е при крај, пишува и во упатството дека при крај ја губи текстурата. Инаку не сум заприметила, баш е свиленкаста текстура, одма се впива кај мене. Користам и хидратантна под неа.
     
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Здраво девојки.
    Во брзање денес во Зегин ја здогледав на акција портокаловата крема со спф50 од URIAGE.
    Со оглед на тоа дека таа ми е една од поомилените козметички линии ја земав без воопшто да свртам и да прочитам дека е наменета за темна кожа. Ја отворив сега дома текстурата и е како на пудра гледам дека е и покривна, арно ама темна ми е, не многу со оглед на тоа дека јас немам баш премногу светлол тен, по природа сум потемна ама сепак чувствувам дека малку ми дели од мојата боја на кожа.
    Што е тука е, ке пробам да ја искористам некако, планирам да нанесам сега еден слој од мојава пудра со оглед на тоа што пудрата ми е баш светла па ке видиме дали рака комбинирано ке можам да ја искористам.

    Ме интересира ваше мислење за кремава дали е добра како и дали се губи дејството на заштитниот фактор ако врз неа нанеувам течна пудра.
     
  13. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Пробав денес без хидратантна под неа и повторно се рони. Нова е, ја земав пред некоја недела. Рокот е во ред. Ме чуди бидејќи првите неколку дена не се случуваше ова, можеби не сум чекала толку да впијат другите продукти.
     
  14. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Ако веќе не си купила, втората е одлична од аспект на текстура и матирање, Т зоната не светнува ни по 8 саати. Супер стои под бб крема, претпоставувам и под пудра. Содржи силикони, ако внимаваш на тоа.
     
    На simoncelicius и senza.parole им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Пробај на прсти да ја размачкаш прво па после со тапкање на лице.
     
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Не сум ја пробала кремата, па не можам да ти кажам дали е добра, така што ќе напишам за другото:

    Не се губи заштитниот фактор ако врз него ставиш течна пудра, само почекај 5-10 минути да се „смести" кремата пред да нанесуваш пудра. Исто, обиди се некако поинаку да ја ставаш пудрата, не агресивно да ја размачкуваш за да не го пореметиш толку филмот од кремата.

    Исто, за кремата - океј е ако можеш да ја користиш ако е потемна, ама мораш да ставаш доволна количина од неа за да го постигнеш факторот, односно околу половина лажица за лице и врат (една четвртина само за лице). Тоа е отприлика колку два прсти добра количина (не 2 тенки линии долж прстите). Ова го кажувам затоа што колку поголема количина ставаш, толку потемна ќе ти е кремата, па може тоа да ти смета.

    И јас вака се зафркнав со една крема од Биодерма, и сега ми е неупотреблива затоа што кога ќе ја нанесам во голема количина изгледам ко да сум излезена од солариум. Уште немам пробано дали можам да ја истрошам некако како „пудра" над безбојната СПФ крема.

    @DojaCat, пробај да почекаш подолго време после хијалуронската киселина пред да ја нанесеш Фрезидерм. Ако ни тоа не успева, пробај ја нанесеш без ништо под неа, т.е. и без хијалуронската киселина. Вака најубаво ќе знаеш дали е до кремата (мене не ми се лупеше) или дали неубаво се нанесува конкретно со тие производи што ги користиш.
     
  17. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Јас имав проблем со биодерма една крема. Исто ми правеше, на сите начини ја пробав, џабе. Ја проследив до другарка која има комбинирана кожа и неа и одговараше, а јас имам сува кожа. Пробај на неколку начини, ако несака до кремата е.
     
  18. MyQis

    MyQis Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Zdravo, po vasa preporaka go zedov zastitniot faktor na frezyderm, no nikako ne saka da pocne da tece, ne znam dali e fabricka greska, dali vi se ima ova sluceno?
     
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Мене ми се случи првиот пат кога го купив. Пробај да го протресеш/чукнеш, а ако не успева уште да тече, однеси го во аптеката, би требало да ти го заменат. Ако не ти го заменуваат, ќе го отвориш и така ќе го користиш. Ама пробај прво ова другото.
     
    На MyQis му/ѝ се допаѓа ова.
  20. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Го имав истиот проблем, ми одговорија дека работи на принцип на вакуум и треба убаво да се протресе пред употреба. Пробај така, сигурно ќе проработи.