Моментално спф која ја користам е биодерма, хидрабио линијата, фактор 30. Ми се допаѓа каква е кремата, има убава текстура, лесно се нанесува и не се перути, а јас ја нанесувам над хидратантна крема. Поради тоа што е од хидрабио линијата, мислев дека повеќе ќе ми го хидрира лицето и нема да имам потреба од друга крема, но не е така. Од кога ќе нанесам наутро, некаде до 6 на пладне го чуствувам лицето некако суво и можам да кажам дека има ист ефект како еуцерин оил контрол, која ја користев претходно. Според составот овие две креми немаат голема разлика, ги имаат истите состојки само со различен распоред, кај хидрабио на почетокот има похидратантни состојки, меѓутоа го дава истиот ефект на сувост, а јас имам мрсно лице. Со оглед на истиот ефект, според цена, грамажа и фактор, еуцерин е поисплатлива.
Се мислам дали да ја земам кремата на биодерма хидрабио сп спф 30 или некоја од хелиокер со спф 50, за сува кожа. Која би ми ја предложиле?
Fala vi za pomosta, ja probav kremata na frezyderm i e predobra, potpolno isto se izednaci so liceto, a imam dosta cuvstvitelna suva koza, site preporaki
Najprvo stavam hidratanten krem, potoa kremata so zastiten faktor. Ako nemas suva koza verojatno bi mozelo samo od nea da stavas. Navistina ja omekna kozata
Девојки, хијалуронската се ронела бидејќи многу сум ставала од неа. Денес ставив само три капки и се е во ред.
Девојки, задоволни сте од заштитата на Frezyderm? Планирам да си го купам тонираниот, да се искористи попустот во Зегин. Се надевам ќе одговара на мојата комбинирана кожа.
Јас многу подоцна во животот почнав да нанесувам спф на лице, знам за карање сум. Ја имам на Frezyderm, вака супер ми е, убаво ми легнува на лице имам сува до нормална кожа, немам приметено да ми го масти лицето и не ме нафрла. Би ја купувала постојано.
Кажете ми каков е тој крем на Фризидерм во Зегин кој сите го фалите Дали е хидратантна крема и СПФ фактор во едно?
Само спф, но многу мазен финиш остава, премеко ми е лицето после нанесување. Која цена е сега? И дали и на други производи имаат попуст? Тонираниот бил сосем ист во структура како овој погоре, но нели е нијансиран, така да и тој треба да е одличен, и јас имам во план да го пробам и тој.
594 денари, така нешто идеше со попуст, 100 помалку од редовната цена. Да, Frezyderm, Uriage, Bioderma и Eucerin се намалени до 8.3. во Зегин. Фала за мислењето Ќе го пробам и споделам впечатоци.
Денес ја купив на акција Зегин 600 ден. Се надевам ќе имам позитивно искуство за почеток со спф креми Само ме интересира дали има ефект и се користи како подлога за шминка
Здраво девојки ! Дали некоја од вас ја користела кремава? Барав крема со висок фактор на заштита поради тоа што сум подложна моментално на хиперпигментација но да е и со природни филтери без хемикалии од истата причина што сум бремена. Ми ја предложија оваа и ја земав. Пишува дека е и за лице и за тело.