Frezyderm SPF 50 (699 ден.) од Зегин, Heliocare SPF 50 (околу 650 ден.) и SPF 90 (750-800 ден.) од Еурофарм. Eucerin, Bioderma, La Roche-Posay, Vichy се достапни и во Зегин и во Еурофарм. Провери што има останато од нивните производи за заштита од сонце. Овие се малку поскапи, од 950 ден. па нагоре. Frezyderm е како кадифе и наменета е за сите типови на кожа. Има обичен и тониран. Доста е спомнуван на последниве неколку страници, па можеш да си прочиташ. Heliocare има крем за нормална кон сува кожа и гел за комбинирана и масна кожа.
Frezyderm е навистина добра крема, како силиконски прајмер е Не е тешка, масна и не остава воопшто бело НО толку ме печеа очи значи ненормалноо, солзење иритации , прво не ми паѓаше на ум дека е од неа но за жал морав да прекинам со употреба
Дури и кога не го нанесуваш баш околу очите? Секој крем со СПФ пробувам така околу очи да го нанесам да видам дали ќе имам некаква реакција. Со овој беше неподносливо.
И мене многу ме печена очите, особено ако се потев и ми се „излизгаше" кремата в очи... Би пробала со различна крема во тој предел, некоја што нема да ме печи, а не би ми одговарала за цело лице.
Разлистав низ темата овој крем на Еко козметикс доста беше препорачуван како органски и најдобар, го земав но малку сум разочарана - има боја некоја неутрално розово/кафена, не треба да е бел? и има некој киселкаст малку грозен мирис, го проверив рокот му е до септември оваа година, малку ми е чудно вие кои го користите дали и кај вас е ист случај или ми подвалија нешто сомнително?
Тонираната да не ти ја дале? Јас ја имам тонитаната и таква боја е како што опишуваш, ама нема кисел мирис.
Да тонирана е нијанса light, им се јавив на страната од каде што ја порачав ми рекоја дека имале некоја нова формула и кремата си била таква не била во бела боја, мирисот е стварно како на киселина ми мириса не знам дали сум ја премногу осетлива на мириси но малку е непријатен, како мириса твојата? На телефон ме убедуваја дека досега никој не им се пожалил на вакво нешто прв пат им се случувало не знаеле како да ми помогнат..
Баш сега ја мириснав, ама незнам како да го опишам мирисот. Може има слаба жичка на кисело, ама повеќе ми мириса на хемиските филтри отколку друго. Јас искрено не ја користам, зошто ептен не ми легна на лицево. Имам комбинирана кожа и не ми легна баш. Премногу ми беше масна. Може ако ја оставам подолго да впие би се повлекол малку масниот ефект, ама обично сум во брзање и не сум и дала шанса. Секако че пробам повторни, жал ми е да ја фрлам така.
Значи за фрезидерм не било само до мене. Ја купив и се запрепастив колку штипе на очи. Обично јас не сум осетлива на очи, ама за жал ова беше страшно. Да ја завршам таа од виши па ќе пробам дали ќе може да ја користам комбинирано (околу очи да ставам друга), ако не ќе оди во канта.
Мислам дека сите спф креми кога се нанесуваат треба да се избегнува пределот окулу очите. Еве и на мојава од Heliocare го пишува тоа, а го имам сретнато и кај други. Веројатно до некоја состојка е.
^^Па не е баш така. Во суштина има еден дерматолог што ми се појавува на јутујуб, кажува дека напротив пределот околу очите особено капаците и внарешниот дел од носот кај очите често го изоставаме (според правени истражувава), е меѓу поосетливите делови. Е сега тешко е изгледа да се најде соодветна спф за таа регија. Оваа на фрези е страшна за очи. Во моментов користам на виши и иако содржи алкохол, не ја осеќам на очи воопшто. Исто и таа на алверде и таа на екокозметикс се ок за околу очи, барем за мене се ок.
Мене ме пече ако ептен блиску и ,,агресивно" нанесам до окото. Затоа ептен бавно со тапкање нанесувам одоколу, оставајќи мал простор до окото, и одбегнувам да ги чепкам/чешам очите оти тогаш баш знае да се насолзат или да пецка. А кога нанесував скроз на капакот и под очите од фрезидермит и кај мене имаше реакција. Вака бавно и внимателно, немам проблем.
Тоа го пишува и на поголемиот дел од обичните кремови. Кожата околу очите е потенка и понежна, па кај некои луѓе можно е да се појават иритации. Затоа има и посебни кремови наменети за кожата околу очите. Секако пробував јас. Штом нанесев на кожата околу очите, колку и да беше тоа оддалечено од окото, веднаш ми се јавуваше иритација.
Оваа е спф 50 а има и разни други. Оваа е липогел со брзо впивање и не масти дава сув ефект врз кожата. Погодна за комбинирана кожа. Ако имаш можност да ја нарачаш слободно земи ја. Може во Грција ипорачуваат во Мк за жал не...или ако да имаш такси и испораката кошта доста дека не сме ЕУ. Оваа линија според мене е најдобрата италијанска марка на козметика. Лично запознав еден од формулаторите на козметикава на еден саем во Италија. Имам пробано скоро сѐ оној серум Јалус Ц е феноменален има две креми кои се супер едната е анти ејџ, за сончање целата линија е прекрасна...Немам зборови најдобро што може...
Ќе пробам. Секако планитав да и дадам шанса, само да ми се дотроши оваа сега. Јас понесена од тоа дека со оваа моментално немам таков проблем, туку баш онака размачкувам низ цело лице како крема се залетав и со таа на фрези.
Благодарам многу , и јас често сум порачувала од странава на ecco-verde , па ме заинтересираа производиве.
Дали користите спф и кога цел ден сте дома? Јас користам само кога излегувам, ама гледав видеа каде кажуваат дека спф се користи и кога сме дома, бидејќи сончевите зраци продираат и преку прозорците. Некои викаат нема потреба, па сега на два ума сум. Мислење?
Јас носам и кога сум дома, бидејќи и онака седам покрај прозорец, а и веќе ставено ќе ми е во случај да излезам, макар и накратко. Навика ми е, дел од рутината, па не ми смета да ставам, а и важна ми е заштитата од УВА зраците (тие кои продираат) од аспект на намалување на оштетувањето на кожата (брчки, флеки итн), макар и што е помалку отколку директната изложеност на сонце. Не штети ако ставам, а ме штити од потенцијални влијанија .