Здраво, би сакала да прашам за препорака на СПФ крема за лице, до сега не сум користела, знам дека ми е голем недостаток. Не знам дали има врска, но имам масна кожа, па ако може некоја препорака, би била благодарна. Читав од претходните страни и имаше и позитивни и негативни коментари во врска со исти производи. Ви благодарам однапред.
Во потрага сум на крема, заштитен фактор + против брчки, значи барам 2во 1 Се мислам меѓу Еуцерин и виши, и двете се против брчки, со фактор 30 и имаат иста цена. Некој ако користел да ми даде совет. @Ano задоволна си од виши? До сега користев кремови на природна база за брчки, кога излегував на сонце ставав крема со фактор 50 за сончање ама не редовно. Гледам почнаа флеки да ми се појавуваат
Финтата е што оштетувањето од сонцето е кумулативно. Тоа што ти сега ставаш СПФ крема (нередовно), не го анулира сето она претходно време кога не ставаш и тоа може да се покаже потаму. И тоа што сега го пропушташ се „надградува" на веќе направената штета, само може моментално да не е видливо, туку да се покаже по години. Затоа е и тешко да ги убедиш луѓето да ставаат СПФ крема секој ден, затоа што освен ако не изгорат, не ја гледаат инстантно штетата и подоцна се прашуваат како „наеднаш" се направила штетата. Друго, може и да не ставаш доволно. Потребна е пола лажичка за цело лице + врат, или два цели прсти крема (подебели линии, не тенки). Ако користиш на пример крема со фактор 50 и ставиш пола од количината што треба, рачунај исто како да си се намачкала со фактор 25. Трето, флеките, брчките итн се добиваат од изложеност на УВА зраци, а тие се присутни секој ден, без разлика дали има сонце или не. Кога има сонце имаш плус УВБ од кои гориш. Така што, ако приоритет ти е да ја намалиш оваа штета, треба да ставаш секој ден, и тоа во доволна количина за да го постигнеш факторот и да имаш подобра заштита. Четврто, доколку поминуваш доста време надвор, треба да се реаплицира кремата на секои 2 часа, не е доволно само еднаш наутро и толку за цел ден. Тоа е така затоа што со потење, триење, бришење со раце отстрануваш дел од кремата, а и некои од филтрите се разградуваат со текот на времето, па ти се намалува заштитата. Особено во сончеви денови, препорачливо е да избегнуваш директна изложеност на сонце. Да напоменам и дека УВА зраците предизвикуваат рак на кожата, не само горењето на кожата, т.е. УВБ зраците, па затоа е важна заштитата и од нив. Не се чувствуваат никако, но ги има. Инаку, за анти-ејџ во крема која има фактор би ти помогнале антиоксидансите, кои би дале дополнителна заштита на СПФ кремата (но не ја заменуваат). А ако сакаш уште поефикасен анти-ејџ, ќе го постигнеш со користење на ретиноиди (retinol, retinal(dehyde)), но колку што знам, не се комбинираат со СПФ, поточно не се наоѓаат во креми со заштитен фактор. Дел од ретиноидите се разградуваат на сонце (но не сите), па претежно се препорачува нивна употреба навечер (како дел од крема или серум).
Ова е поефтина варијанта, некои 250 ден, а јас сум презадоволна. Ептен го препорачувам, не остава бели траги, супер легнува и се размачкува и не светнува лицето. Сега додека не е уште топло, јас ставам и хидратантна крема под него, но за лето ќе биде сосема доволно само флуидов.
Незнам каква кожа имаш. Јас имам комбинирана со масна т зона и ми одговараше. Ја користев обичната 30 фактор, а сега ја земав таа 3 во 1 беше на попуст прилично зошто и истекува рокот за 3 месеци иста конзистенција има како обичната. Ама да знаеш содржи алкохол незнам дали ќе ти прија. Инаку добра беше и за под шминка. Убаво ти објаснила @pdb123 се за негата. А за флеките ако можеш да вметнеш ниацинамид мислам ќе ти помогне. Јас немав таков проблем, ама мајка ми имаше на раце (додуша кај неа старечки) и го користеше и имаше убави резултати. Инаку се обидов јас со природните ( алверде, екокозметикс) ама воопшто не ми пријаа. Многу масни, а и шминка многу тешко се аплицира врз нив. Сега ја купив и таа на моса, ама уште тестирам, ќе пишам за некое време. Инаку од искуства тука ако можеш и тие на ла роше да ги набавиш викаат убави се. Верувам кај вас се подостапни, може веќе ги има и новите со физички филтри имаат убави рецензии. Кај нас за жал уште ништо од тоа нема.
Се решив да ја купам, гледам ја препорачувате. Ја нема во ниеден Зегин, не знам дали не ја донеле или општо не ја држат. Ја има во Еурофарм, ама и тоа е знак прашалник, не во секој, треба да вртиш по аптеки, за да дознаеш, бидејќи ги мрзи да проверат дали воопшто ја има во друга. Барем во Зегин, беа доблесни да побараат, ама штета нема.
Ми требаше хитно, a денес не работи, видов на нет. Земав на Vichy, 50ка, 3 во 1, искрено топ е. Не масти, лесно се нанесува и за прв пат во животот не изгорев. Ако ти треба некогаш алтернатива, да знаеш дека е супер.
Zdravo mi treba preporaka za spf krem shto nema masla i nema da predizvika akni. Site shto sum gi probala mi pravat akni
ne, ne sum ja probala, bash sega ja razgleduvav taa i na bioderma photoderm max, da probam nekoja i od niv
Јас моментално ја користам Биодерма хидробио линијата 30 спф и задоволен сум, не ми предизвикува акни. Но, пред спф ставам хидратантна, затоа што ако ставам само спф знае да ми го исуши лицето и да се појави некоја акна.