Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Ова е малку нелогично. Не може 10 години да стои неотворена и после 10 години да почнат тие 12 месеци.
    Јас колку што знам мора да има рок на траење. Ако нема на кутијата може да има на самото пакување. Обично на работ стои.

    Еве пример на оваа вика 6 месеци од отворање, но на работ стои до 07.2022

    Значи 6 месеци од отворање но не подоцна од 07.2022

    20210420_124023.jpg

    20210420_124040.jpg
     
    На DaisyDream, Coco31, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    depositphotos_409671004-stock-illustration-pao-cosmetics-symbol-period-opening.jpg
    Оваa oзнакa се нарекува PAO (Period After Opening) и означува до кој период би требало да се искористи производот по отварањето независно од рокот назначен на амбалажата. Така рокот може да биде за две години, но ако сега сме го отвориле производот треба да го потрошиме за времето означено во PAO.
    Тоа означува и колку време имаат трајност одредени состојки во производот, некои губат ефект побрзо, а некои поспоро така на пример за одредени киселини периодот за кој треба да се искористи е 6 месеци, а потоа губи ефект. А доколу рокот поминал значи производот не е добар и не треба да се користи.
    За СПФ кремата погоре и ја ја купив и таа би требало да се искористи до јули месец, секако рокот не може да се одреди точно до кога има ефект, таа можеби и сега нема ефект, а може ќе биде добра и подоцна од рокот.
     
    На eva993 и Ano им се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Само што ќе го пишував истото. Конзервансите во производите не траат вечно доколку е затворена кремата, освен ако се работи за херметички затворено нешто. Такво нешто во козметика колку што знам не се продава, секогаш влегува макар и по малку воздух па се создава минимална реакција која со текот на времето се акумулира.

    Еве и на нијацинамидот од REVOX е истото:
    IMG_20210420_124136.jpg
    IMG_20210420_124143.jpg

    Едит: Не знам дали крајниот рок на производот е напишан на документите/кутиите преку кои го добиваат набавувачите, па тие подоцна лепат посебно ливче каде го пишува рокот (и особено на јазикот на државата, како кај нас), наместо директно да е напишан на паковката. Знам дека некаде веќе и си стои испечатен рокот директно на паковката, но еве конкретно на нијацинамидот или СПФ кремата, прилепени се нови ливчиња. Не гледам како поинаку би знаеле од Зегин дека рокот е до јуни 2021, кога нема таква информација испечатена на паковката (освен ако има нешто до кодот кој го споменав претходно). Веројатно @eva993 знае поточно како се одвива овој процес.

    Едит 2: Во право си, @Ano за работ, не ми текнало да го проверам на оваа крема оти не пишуваше на кутијата ништо за рокот :D, инаку и јас обично така го проверувам рокот. Сега го препроверив, и е испечатен истиот број што завршува на 0218 од втората слика од претходното мислење. Како што веќе реков, и за храна имам забележано такви кодови, само не знам точно да ги читам, иако логиката ми вели дека последните 4 цифри се рокот, но не знам што би биле останатите цифри и зошто е сѐ споено. Ако е ова точно, тогаш игнорирајте го првиот Едит :D.
     
    Последна измена: 20 април 2021
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Различни производи, различни ознаки.
    На пример сеа гледав на една крема на натура сиберика пишува 23 42х. Некаде читав дека тоа означува година и недела во годината до кога важи. По оваа логика овој производ може да се користи некаде до септември 2023 година. А имаку си пишува 12 месеци по отворање.
    Исто така сум видела производи кај што пишува период по датум на производство. Пр. 36 месеци по датум на производство.
    Во секој случај краен рок за користење мислам дека мора да има.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Да, да, се согласувам дека мора да има краен рок. Често си пишува само месец и година или во најмала рака пишува дека рокот му е Х време од датумот на производство кој е исто испечатен, ама како што веќе пишав, на многу места сум видела вакви споени кодови каде дел ми наликува на дата, ама не знам дали тоа Е датата или јас си правам филмови :D.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Во ЕУ, според EC 1223/2009, доколку производот има рок на траење поголем од 30 месеци, производителот не е обврзан да напише датум на производство/рок на траење. Доколку тоа сепак го направи, тоа е доброволно и е политика на секоја компанија, но не е обврзувачки (освен за рокови пократки од 30 месеци).

    3E7079FD-F8F5-41C7-B745-59AEF27264E6.jpeg

    https://ec.europa.eu/health/sites/h...ors/docs/cosmetic_1223_2009_regulation_en.pdf
     
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    А како знаат тогаш од Зегин до кога е рокот на кремата за којашто зборуваме? И дали има некаква врска 8-цифрениот код? И дали рокот е до почетокот или до крајот на месецот? :D
     
  8. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    А доколку се користи и после 1 година од отварање на производот дали се губи само ефектот на заштита или има и некои други негативни ефекти?
     
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Па можна е реакција, зависи до контаминацијата на производот и до осетливоста на твојата кожа. Мислам, не мора да значи, како што сфаќам и роковите се проценки, може на крајот од рокот сѐ уште да е употреблив производот, но не би можела да знаеш освен ако специјално не го испиташ производот.
     
    На Fantasy33 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. :)
    1 година од отворање на лето ќе ми заврши, ама и онака по потрага сум по друга крема со поголем фактор. Моментално имам 30ка, ама сакам 50ка таман за на лето. Имам осетлива кожа со пеѓи, од сонце уште толку ми се прават. Гледам поактивна си во темава и се разбираш, па дали имаш некоја препорака? По можност без астрономска цена. :D
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ептен анализа сте удриле :)

    Едноставно е, како што пишав и претходно: доколку производот нема exp date, тогаш се гледа PAO знакчето.
    Значи @pdb123 го отвараш, си запишуваш кога си го отворила и го користиш.

    Спф со изминат рок неможе да направи директна штета на кожата, само индиректно така што ќе нема ефект.
    Инаку спф со изминат рок менува структура и боја, некако станува густ, леплив и пожолтен. Ќе го познаате коа ќе помине рокот.

    @Ano не е баш така нелогично и неможе да стои производ на рафт 10 години. Си има стандарди. Конкретно кај спф рокот за продажба е 3 години и потоа се повлекува. Што значи ако имаш спф на рафт, го купуваш во рокот од 3те години за кои тој има ефект и од коа го отвараш имаш 12 месеци да го искористиш.

    @Fantasy33 во случајов со кремите спф само се губи ефектот. Неможат директно да ти наштетат на кожата. Ама со тоа што ставаш спф а всушност не вршат работа и така индиректно ти наптетуваат


    Исто така зависи дали прозиводот има exp date или пишува best before.
    Expiry значи дека после тој датум производот не е безбеден да се користи. А best before како што некој погоре стави производ од ревокс значи дека е безбеден да се користи само го нема целосниот ефект и придобивките
     
    На Ano, buba4e89 и Fantasy33 им се допаѓа ова.
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Најевтината од аптека и најмногу што ми се допаѓа од сите што сум ги пробала е таа од Фрезидерм, што е споменувана на претходните страни, но ги иритира очите. Ако сакаш да ја користиш неа, ќе ти треба посебна крема со СПФ за околу очи. Ако веќе имаш некоја и не ти смета, можеш да направиш некоја таква комбинација. Има мат ефект и е 700 денари.

    @AlicaInWonderland, секој производ, не само СПФ кремата, може да ти наштети по истекувањето на рокот затоа што според нивните испитувања тоа е некоја проценка дека тогаш веќе почнуваат да се создаваат микроорганизми во производот, односно дека конзервансите веќе не штитат доволно добро. Тоа е најчесто невидливо, а во екстремен случај производот ќе фати мувла. А тоа што филтрите веќе не функционираат (доволно добро или целосно) е дополнителен минус.
     
    На Fantasy33 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Знаат бидејќи секој (официјален) увозник си добива информации за роковите на траење на производите, кои се одредуваат по ЛОТ броевите (број на серија на производство). Тие не треба да го гледаат тоа од пакувањето за да го знаат, си имаат контакт со производителот.
    Дел од тој код што го спомнуваш (можеби и цел) е баш тој ЛОТ број што го зборувам, по кој се одредува датумот на производство, а со тоа и рокот.

    Инаку општо околу роковите за траење, особено кај козметика, не е воопшто страшно да се надмаши рокот. Не е тоа кисело млеко, па да се фрли одма по поминувањето на рокот.

    Во македонскиот јазик, по мене, преводот на ова е многу несреќен: употребливо до, сугерира на тоа дека после тој ден/недела/месец, производот веќе не смее да се користи (не смее да се продава, да секако, но во некои случаи нема проблем да се користи). На германски (mindestens haltbar bis - најмалку употребливо до) или на англиски (best before - најдобро до/пред) означува дека производот може и по истекот да биде употреблив (во зависност нормално од секој производ индивидуално), но дека производителот не го гарантира највисокиот квалитет на истиот, по истекот на овој датум.
    Пак ќе повторам, зависи од секој производ, но особено за козметички производи со рокови од и над 2-3 години, 5-10% надмашување на рокот, не би требало да бидат воопшто опасни по здравјето.

    Јасно ми е дека многу луѓе не се осеќаат комотно да користат производи со изминат рок, но знајте дека рокот е нешто што до некаде им е наложено како такво на производителите.
    На пример во Франција не смее да се истакнува транспарентно рок на траење на козметика над 36 месеци, односно и да има кремата/производот конзерванси, со кои истата би траела без проблем 5 години, на пакувањето не смеат да пишат повеќе од 36 месеци (3 години), што до некаде е и смешно, бидејќи не ја дава реалната слика за производот.
     
    На do-re-mi, grungy, x.Daisy.x и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас го користам веќе некое време и имам комбинирана кожа склона кон акни. Не ми направил никаков проблем, го чистам лицето прво со масло па со пена. Не се впива и дефинитивно чувствуваш дека имаш спф, масен е, буквално свети лицето. Ама додека земам друг ќе го користам бидејќи за таа цена добро штити, а и не ми предизвикува нови акни.
     
    На beautys20 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Да, таа е што ја спомена. frezyderm-active-sun-screen-3-in-1-tinted-face-cream-spf50-50ml.jpg
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iamstorm

    Iamstorm Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Каква крема со спф користите? Дали е добра оваа на the ordinary?
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Па не се лоши, тешко се размачкуваат.
    Имаш многу подобри спф на пазарот. Види има тема само за нив и имаш различни препораки и искуства
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Добра е за во зима, за во лето слаб е факторот.
     
  19. Lul41

    Lul41 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Dali predeot okolu ocite ti e osetliv ? Deka jas sum preosetliva toj del i dali odgovara?

    Kade ja ima

    Cim imas iskustvo mozes li da mi preporacas spf krema za preosetiv predel okolu ocite i da ne se potam

    Ja ima vobedna apteka online

    Fala za odgovorot deka jas imam preosetliv predel okolu ocite

    Ja ima li vo mk
     
    Последна измена од модератор: 26 април 2021
  20. Lul41

    Lul41 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Zdravo Clenovi
    Gledate deka predhodno sum prasuvala kaj nekoi odgovori za spf krema za osetliv predel okolu ocite i nealergiski
    Edinstveno sto vidov LRP imaat spf za osetliv predel okolu ocite .
    Imate li vie da mi predozite spf krema za okolu ocite sto ne predizvikuvaalergii ine pece?