Ја имам оваа од ДМ и премногу е масна, тешка и не можам да ја носам секој ден, таа што е со зелено капаче дали е подобра, и дали ќе одговара за кимбинирана/масна кожа?
Јас прво ја земав првата, и после прашав тука и ја сменив со фискална за анти-ејџ 30ка фактор,затоа што таа со зелено немаше 50ка фактор. Уште ја немам пробано,но вчера ја пробав таа од Мадара кремата со 30ка фактор и искрено многу е добра,не се мрси лицето по некое време па и како подлога за под пудра е топ.
Значи добро што не ја нарачав. Додуша сега тестер побарав да ми пратат белина со наредната нарачка, па ќе видам така колку е темна.
Те молам кажи како ќе ти одговара доколку ја земеш. И јас сега ја користам оваа sun dance med, но и мене ми е многу масна .
Здраво девојки, некоја да ја има користено оваа заштитна крема? (иако немаме потреба од спф 100 бидејќи спф 50 е доволно за да го заштитиме лицето, но читав некоии студии дека со користење на спф 100 нема потреба да се запазува правилото за нанесување една лажица/ 2 прсти спф крема, така што со помалку нанесен крем повторно ќе се добие тој ефект со тоа што лицето не би било толку "greasy")
Properly applied SPF 50 sunscreen blocks 98 percent of UVB rays; SPF 100 blocks 99 percent. Не се дуплира заштитата, но секако не е на одмет. А за количината мислам дека не треба да се опседнуваме и да мериме исто секој пат, едноставно ќе си фати секој рутина.
Потполно се согласувам со првиот дел. Но, за да ја достигнеме заштитата од 98% со спф 50 потребно е да нанесеме околу една лажица од кремата односно 15 грама, затоа што во спротивно ако не ставиме доволно крема нема да го достигнеме тој процент на заштита. Просечна жена што користи спф става нецели 5 грама на своето лице, што не е ни блиску до доволно за да се постигне посакуваната заштита (така доаѓа исто како да сме ставиле спф 5-6 максимум). Затоа сакав да кажам, сакам да пробам крем со спф 100 затоа што сметам (а и научно поддржано е) дека нема потреба од толку обилно нанесување на кремата бидејќи заштитата е поголема.
Mоже да се порача преку страната iherb. Колку што проверив на интернет, во аптеките кај нас има од Neutrogena само со фактор 50 (и помалку).
Имате грешка информација. Доволна количина за лице и врат е околу 2-2.5 мл за лице и врат, што одговара на пола мала лажичка(5мл). Доволна количина за цело тело е 30мл.