Ги прочитав последните 25 страни и пак не успеав да најдам соодветна крема за мене, затоа ве замолувам за помош. Потребна ми е крема со 50-ка заштитен фактор, да е погодна за осетлива кожа со розацеа, но со масна т-зона и да е за осетливи очи. Фала
Eucerin Sun fluid Sensitive protect SPF 50+, Bioderma Photoderm AR SPF 50+, La Roche-Posay Anthelios Ultra-Light Invisible Fluid SPF 50+. Овие се наменети за чувствителна кожа и не би требало да ви прават проблем со очите. За последниот не сум сигурна дали сум го видела кај нас.
Да се надоврзам на твоето прашање, а што користиш за лек на Розацеа мене ми препишаа да земам Bioderma Sensibio AR и било кој заштитен фактор јас го зедов на Frezyderm 50 спф но со Bioderma немам позитивен резултат еве една недела користење два пати на ден хмм
Истата крема од Биодерма и гелот за миење од таа линија. Јас сум многу задоволна. Ставам и Азелаична киселина. Инаку, влажни марамици никако да не користиш, внимавај со козметика која има во себе парфеми и алкохол, физични пилинг-НЕ, и не се миј со многу ладна или многу топла вода. Мене ми се повлече речиси розацеата, но продолжувам со истата козметика. Мислам дека треба и да помине малку време, една недела е прекраток период за да имаш резултат.
Значи има надеж и за мене, баш ми е мило што успева кај тебе А со киселина што се постигнува и од каде да ја набавам Влажни не употребувам секако сум против нив но ја чистев со мицерална пена на Афродита или Мицерална на Corine de farm па нанесував кремата на Биодерма, доколку е проблемот во овие води хмм ма да добри резултати имаше и на тој начин но пошто сум на породилно и не одам никаде со ситуацијава не се ни шминкав Но некни за празнициве ставив два пати шминка и мислам дека страшно ми се воспали и влоши состојбата
Предлог крема за лице со спф која е безбедна во бременост, а воедно и за чувствителна кожа склона кон дерматит и розацеа? Лани зедов една од Уриаж со физички филтри, ама бела накај сина ме прави во лицето и плус многу го суши . Поодамна ја имав пробано и на Авен минералната - ист проблем. Сакав на Мустела да земам, ама исто оставала бел слој. Дали постои кај нас некоја спф крема со физички филтри која не те прави дух во фаца и притоа е едноставна и нема еден куп состојки внатре парфеми, чуда? @Biodevojka
Да ја пробаш на екокозметикс. Таа е со физички филтри и не прави дух (бар не таа тонираната што ја имам јас).
Дали попустот се однесува само на Еуцерин? Сакам од детските на Ла рош да земам, да не се и тие на попуст?