Да ве прашам , кремата со спф на Shiseido ja потрошив , па решив сега за летно време да не трупам крема врз крема , ја купив на La roche posay effaclar duo spf 30 кремата , е сега прашањето ми е дали е ок да ја користам вака летно време самостојно или сепак да купам и друга крема со спф 50? Мислам 30ка и не е баш така мал фактор
Јас ја користам Photoderm AKN Mat SPF 30, оваа сега за сега ми е супер околу 900 ден. е, и не би ја сменила гледам дека имаат уште 10 нови врсти но не би експериментирала со другите што се tinted од причина што пробав неколку тестерчиња и ми ја сушеа кожата и перутеа, на дневна светлина не дај боже некој да ме видеше делуваше трагично се лупев ко змија
И од мене за тонираната крема од Фризидерм, ќе ми биде омилена за летото Супер се покажа и издржа цел ден, 8+ часа, имам комбинирана кожа со масна т-зона, светнав минимално, но некој здрав сјај - не изгледа воопшто лошо. Има една нијанса, би рекла се прилагодува на тенот, прилично светол тен имам и сосема малку ми двои од вратот. Ве читав дека обичната крема ви ги иритира очите, па очекував и таква реакција, но и тоа ѝ е уште еден плус на кремата, ставив и околу очи и на очни капаци и немав никаква реакција, а ниту се разлеа во тие делови. Она што мене ми е најбитно е дека изгледа природно и има одлична покривност и постојаност, па не ќе морам да ставам дополнително пудра. Препорачувам навистина Thank me later
Ова ли беше таа за која зборуваш? Да прашам за сигурно де. Нервираат ме кај нас овие аптеки, откога барам крема, се велат не извадија се уште со спф. Чекаат лето да дојде Пред некое време на нет гледам акција имале зегин на биодерма со спф, одам барам, ааа уште не извадивме. Белким оваа ќе имаат во зегин.
@Sky-butterfly оваа е мојата, со 50спф. Најверојатно некоја постара верзија е таа погоре, не се сеќавам да сум ја видела, барај си ја оваа со поголем фактор.
Јас овој почнав да го користам сега. Штити перфектно ама не е баш за масна кожа. Убаво легнува со тапкање, воденест е. Дали сте задоволни од FREZYDERM spf 50+ кремите? Посебно ме занима за онаа нијансираната. Гледам имаат една црна Active, нова е. Искуства? Читав доста на нивниот сајт и ми изгледаат Ок. Ама шознам..
Да , и мене не ми беше нешто нај кремава , светнував побрзо од што треба. Таа со нијанса да не ја имсш пробано? За мене од anthelios xl во тубата што е,нема подобра.. Од Фрезидерм немам пробано крема со фактор да ти кажам..
XL знам дека се далеку подобри ама ги нема во мојот град. Имаат и зелена линија за масна кожа, antishine или не знам како беше.. Немам пробано нијансирана на la roche. Имаат многу избор, а тука кај нас ништо нема. Од eucerinot ми скисна веќе.
Крем со СПФ 50 има преку цела година од Frezyderm. Не ги повлекуваат производите. Не е нов кремот со црно пакување. Колку што се сеќавам тој има anti-age дејство.
Спојлер: Bioderma photoderm max aquafluide spf 50+ Имам комбинирана кожа и моментално терам втора туба photoderm max aquafluide spf 50+, така што мислам дека доволно зборува за тоа колку сум задоволна. Има сјаен финиш ама не светам како лампион. Дава некој здрав, свеж сјај на кожата. Перутење, за првпат, воочив пред неколку дена (ова веројатно беше моја грешка затоа што малку повеќе капнав ниацинамид претходно), не беше ништо страшно. Мене единствен проблем ми е цената - ја купувам 990 ден. (толку е препорачана цена и во Зегин и во Еурофарм). Се тешам што има барем 40ml. Знам дека вртат попусти од 20% понекогаш ама никогаш не сум фатила.
Кој спф50 е добар за сува кожа, а е без алкохол и парфем? По можност хемиски. Во моментов го користам од Еуцерин сензитив протект, океј е, ама не можам да поднесам колку смрди на алкохол, како со ракија да се мачкам и дополнително ми го дехидрира лицево..
Не сум задоволна од ова јас. Ми ја направи лом брадата и ми го перути лицето. Ама мора да го потрошам во крај и се надевам ќе ја средам брадата како што треба.
Ја зедов оваа крема на Биодерма и сум позитивно изненадена. За овој период е одлична, може само малку пудра врз неа ама и не мора. Многу убав и здрав сјај дава.
Здраво девојки. Цела година го користам СПФ на Heliocare gel oil free. Многу бев задоволна со оглед да имам мрсно лице, кремот ептен убаво се мачкаше а кожата после тоа ме ми светеше. Но, никаде по аптекиве не можам да го најдам Да ми предложите добра крема за мрсно лице плииис