Дали сте ги користеле овие креми и искуство ако може да споделите, дали и колку го мастат лицето, иритации, акни и слично?
Јас ја користам моментално првата, вторава ја немам пробано. Вака, имам масна кожа, кремава има некој полумат финиш, не остава бел траг и брзо се размачкува. Скоро 2ипол месеци ја користам и не ме нафрла дополнително, не ме пече на очи и на места кои ми се поосетливи (поради сона кремата). За тие пари супер ми се погоди.
Јас исто така ја користам првата и сум задоволна, немав иритации, ниту пак некоја друга реакција од кремава, за парите е супер. Втората не сум ја пробала.
Предобра за моето суво лице не е леплива, супер се нанесува, веднаш се впива. Два месеци ја користам а минатиот викенд ја "тестирав" и во Охрид на целодневно носење. Околу 10 часот наутро ја нанесов, без повторни нанесувања немав ниту дамка црвенило а јас знам да изгорам и тоа убаво доколку сум само еден саат на сонце изложена. На сите со сува кожа ви ја препорачувам. Цената е уште еден плус.
@Lollipop_123 и @pravnicka_2604 фала ви девојки оваа ја земам, за другата прочитав дека на сензитивна кожа може да нафрли па да не ризикувам.
Како нанесувате нијансирана крема со СПФ, ББ крема или ЦЦ крема? Со прсти размачкувајки, со сунгерче или со тапкање со прсти? Мене со сунгерче ми е најдобро.. Не сум пробала со прсти и се мислам како би било правилно и најдобро..
Со сунѓерче и јас најчесто , понекогаш и со раце. А со четка вакви производи не ми се нанесуваат рамномерно на лице некако
Vo Cosmo vo city mall 491 den Ne ne ostava beli tragi postobe fluid i brzo se vpiva i ne sveti liceto i mnogu e lesen ne poti
Пред некое време и јас имав дилема околу ова, па комбинирав ставам прво танок слој размачкувајќи со прсти, потоа уште еден слој со тапкање со сунѓерче.
Штом си вешта и прецизна со сунѓерче, немаш потреба од други техники. Бидејќи јас не сум баш... Затоа така
И јас да се пријавам како обожавателка на кремава Ми дадоа тестер во аптека, и од безбојната и таа со пудра, пробав и од двете и се воодушевив бела сум на лице ама за чудо и таа со пудра ми одговараше, но сепак се одлучив да си ја купам безбојната. Лицето ми е мазно, брзо впива и лесна ми е така да од сега ми е фаворит А и кога видов дека е Грчка, сѐ ми е јасно, не се ни сомневам во нив за квалитет
Ах ќе ме натерате и мене да ја купам во која аптека ти дадоа тестерче, да си земам и јас дс пробам зс секој случај.
Нема да згрешиш верувај од Ск сум, ама бев во Охрид па таму аптекарката ми даде, ама верувам дека ги носат секаде тестерчињата, прашај за секој случај во нај блиската аптека
Јас ја користам моментално на La roche posay effaclar duo spf 30 и сум многу задоволна. Ако сакаш повисок фактор можеш да ја земeш исто на La roche anthelios xl Цената им е околу 1200 ден, може се поскапи ама вредат навистина за нас што имаме мрсна кожа..