Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Па ја терам стандард рутината ставам крема со фактор. Ако се допирам со вода ја повторувам постапката, се мачкам.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.335
    Пол:
    Женски
    На плажа кога одам ставам само крема со висок фактор ништо друго :)
     
    На Tanjamm и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  3. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.023
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 ако не се лажам мислам ти ја имаше купено кремата со СПФ30 на Мадара?
    Ќе може да пишеш мислење како ти се допаѓа?
    :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.335
    Пол:
    Женски

    Кремата на Мадара е одлична , не се масти лицето од неа не е тешка , само има една нијанса , па не знам дали би одговарала и на посветла кожа , зошто малку е темна :)
     
    На buba4e89 и Luminary им се допаѓа ова.
  5. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.023
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. :hug:
    Можеби би ми одговарала сега, и така потемнувам малку преку лето.
    Дефинитивно барав некоја која не е тешка. На 30+ степени не можам да замислам некоја потешка и масна крема за на лицево.
    Можеби ќе и дадам шанса. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Сакам да пробам tinted sunscreen со 50+ фактор, кој би ми го препорачале? Гледам Биодерма и Еуцерин на неколку места имаат попуст, па може нешто од нив. До 700-800 ден. барам.
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Моментално во зегин има 25% биодерма и 30% еуцерин.
    Јас еуцерин ја користам со години. Презадоволна и не ја менувам. Не ни сакам да пробам друга, а ја меркам новата биодерма.
    А верувам и со биодерма нема да згрешиш. Одлични се со производите.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    И јас ја меркав Биодерма и ја купив, ама згрешив која Биодерма :D. Ќе пишував предупредување уште порано, ама заборавив. Таа обичната веројатно е добра и се прилагодува на тен, ама јас ја купив таа за трудници, каде специјално пишува дека е за заштита против сината светлина, т.е. помага против хиперпигментација. Не знам дали воопшто има повеќе нијанси, јас кога купував имаше само една - golden colour. Кога ја ставив, особено во поголема количина изгледав како излезена од солариум - не само што е потемна, туку маваше и на портокалово :worried:. Немам најсветол, ептен бел тен, иако спаѓам во посветите тенови.

    Сега ја трошам во мала количина над Douglas кремата, која и онака остава бели трагови, така што „целата" заштита од сонцето ја добивам од Douglas, а од Биодермата само заштитата од сината светлина, исто како пудра со мала/средна покривност да сум ставила. Сѐ уште ми е потемна, ама се трпи и не се познава толку. Малтретирање ептен, ама тоа е, се зафркнав, а не сакам цела крема да ја фрлам така, многу waste ми е :(. Навистина не знам таа нијанса кому би му одговарала кај нас, не сме толку темни луѓе, освен можеби ако некој потемен ја става во помала количина, што и онака не е правилно (ако се потпира само на неа за заштита) :?:. Инаку убаво се размачкува над оваа обичната крема, иако треба малку да поработиш со неа. Од друга страна, кога ја ставив првиот пат на суво лице (без ваква помрсна крема), прелошо се размачкуваше, ми останаа како strokes од рацете.

    Откако ќе ја потрошам оваа, следна за пробување ми е новата од Frezyderm, што е 3 во 1 (црно пакување): хидратантна, СПФ крема и крема со покривност. Аптекарката ми рече дека се прилагодува на тенот, но сѐ уште не сум стигнала да ја пробам од што бавно ми оди трошењето на другите креми :D. Така што, @Elence93 можеш да побараш рецензии за оваа, не пишал никој тука дека ја пробал неа, иако поназад имаш постови за обичната нивна крема со покривност (во златно-жолто) пакување.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Јас ја зедов Frezyderm , таа што ја имате пишувано тука tinted 50 фактор. И тоа тргнав по некоја биодерма, дека нели попуст, ама продавачката ме предомисли со ова, вели многу и се купувала и ја фалат, вели купуваат по две оддеднаш.
    И ја зедов и да кажам дека е пре-уба-ва!
    Мене ми доаѓа како пудра. Ама тој велвет финиш ми е најпрекрасен филинг.

    Само една мана има, а тоа е пумпица. Додека првпат ја ставив буквално ја испритискав сто пати ако не и повеќе, протеесував, вртев, одветував, накрај мислев да е празна Па некако тргна нешто, па ќе видам ќе продолжи ли да се однесува нормално. :D
     
    На MeowMeow, princess5, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    Да, потоа нема да имаш проблем, првиот пат е така додека да повлече вакумот од кремата бидејќи не е употребувана претходно.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Можеш да ја чуваш тубата превртена наопаку (со пумпицата надолу) и нема да имаш никаков проблем. :D
    Од Еуцерин тониран крем со заштитен фактор е само оној Photoaging control SPF50+ со хијалуронска киселина во составот. Пишува дека е наменет се за сите типови на кожа. Има две нијанси.
    Од Биодерма има малку повеќе избор: Photoderm AR SPF50+ наменет за кожа со црвенила, Photoderm M SPF50+ наменет за кожа склона на создавање на дамки и Photoderm Nude touch SPF50+ за комбинирана и масна кожа. Мислам дека овие се по една нијанса.
     
    На Sky-butterfly и Elence93 им се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.287
    Допаѓања:
    12.367
    Пол:
    Машки
    Малку неповрзано, јас ја имам обичната фрезидерм СПФ 50(не tinted), после нанесување е супер изгледа како веднаш да се упива, но подоцна во денот како да испливува на површина и лицето го осеќам масно. Колку ставаш, или можеби некој друг шо ја има обичната, колку ставате? Да не претерувам со количината, не знам.. :^)
     
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.644
    Пол:
    Женски
    За да ставиш правилна количина на крема, ставаш долж показалецот и средниот прст од кремата. Тоа е доволна количина за цело лице и врат. :) Ова го имам слушнато од дерматолог.
     
    На Waverly Raven и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    9.227
    Препорака за некоја што не го прави мрсно лицето, не е тешка и издржува подолго време.
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.335
    Пол:
    Женски

    La roche posay anthelios xl :) одлична е за мрсна кожа и лесна на лице
     
    На princess5 и Kataklinkers им се допаѓа ова.
  16. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    9.227
    Каде ја има?
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.335
    Пол:
    Женски

    Во Анни фарм (Капитол мол) , Зегин (Сити мол)
     
    На Kataklinkers му/ѝ се допаѓа ова.
  18. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    19.665
    Пол:
    Женски
    Само мене ли не ми се допаѓа? Се рони и многу е густа текстурата. Дури и чудно ми тежи на лице. :worried:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.335
    Пол:
    Женски

    Што да ти кажам, таа највеќе ми одговарала до сега :D ти која крема ја користиш? :)
     
  20. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    19.665
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам на Пурито Comfy што е, за по дома, кога излегувам преку ден ја користам La roche две земав, убедена бев дека ќе ми одговара, ама ете не. Не знам која друга да ја земам, се мислам за онаа на Cosrx Aloe soothing.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.