Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Не. Имаш и друг, наменет за мрсна кожа.
    Sun Face Oil control tinted SPF 50+. Исто го има во две нијанси.
    F2848F41-E076-4E98-9EDA-000E145C15FA.png
    2CF81C37-1A13-4841-BBC7-67560DB032A2.jpeg
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.335
    Пол:
    Женски

    Ја немам пробано таа на Пурито. Да не ти прави проблем некој друг производ што го користиш пред да нанесеш крема за сончање , па да се рони ?
    Мене друга што многу ми одговараше беше на Shiseido expert sun face and body lotion. Ама претходно на тестер ја пробави ја купив , зошто не е евтина да речеме како оваа на Ла рош..
     
  3. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    19.665
    Пол:
    Женски
    Не, не. Пурито не ми се прави така, само оваа на Ла Рош. Не ставам ништо посебно, тонер и некогаш витамин ц, некогаш ниацинамид и толку. Не знам, ама изгледа не ми одговара, некако ми е леплива и тешка… Ќе ја видам таа на Шисеидо. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Топло ја препорачувам на Лавера жолтата, јас ставам еднаш од сабајле и ја носам цел ден. После неа не ставам пудра многу е топло кај нас.
    Инаку има убав финиш, има жолта боја не она жолто ама така накај посветла. Се става малку и се размачкува, воопшто не ја чувствувам на лице.
     
    На The Saturdays, Kејти, Kataklinkers и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kејти

    Kејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам Розевата 50 спф на Левера и предобра е кремата. Малку остава бело ако се стави поголема количина мегутоа не ми пречи воопшто
    Хелиокеар 50 оил фрее ја имам недотрошена- ме исфрлаше
    Сан денс- зелена/златна- ко зејтин на лице да сум ставила - ќе ги употребам за тело
    Фензи дерм- тоирана и нетонирана се супер исто, ама кај масна кожа знае да свети
    Еко козметикс- мене ми е претешка за лето
     
    На day му/ѝ се допаѓа ова.
  7. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Од каде ја купи и колку пари е ?
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Од Белина ама гледав сега ја немаат онлајн за продажба. Можеш да им пишеш на инстаграм да ги прашаш.
     
    На The Saturdays му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Успевате да размачкате 2 прста спф на лице и врат? Никако не успевам, еден прст ми е повеќе од доволен а гледам сите ставаат два.

    По утката лани со спф-то од пурито сега зедов на нивеа и ми е супер, лесно се размачкува, не штипи во делот околу очите и остава убав финиш на лицето.

    04005900462121_c1n0.jpg
     
    На crazylady и Konfetka им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Ако не успеваш, тогаш уште не си ја погодила скроз кремата што ти одговара тебе :D. Мислам, зависи што подразбираш под размачкување:

    - ако ти остава бели траги, тогаш или користиш минерална или мешана крема. Минералната секогаш ќе остава бела трага, само зависи до кој степен и зависи дали цело лице рамномерно ти е бело или како моето искуство со минералната на Пурито, се познаваат како линии од размачкувањето со прсти. Јас лично сум користела и две мешани креми (Carroten SPF50 и Douglas SPF50) и и тие оставаат бели траги, иако Douglas остава и такви линии од размачкувањето со прстите, што од двете опции на размачкување, помалку ми се допаѓа.

    - ако имаш мрсен финиш без бели траги со таа количина (веројатно хемиска/органска крема користиш), тогаш помрсна е таа крема и треба да бараш полесна. Мислам дека баш мат крема скоро па и невозможно е да се најде, дури и тие што се навистина мат, кога ќе ги ставиш во таа количина, пак ќе се познаваат барем малку или во текот на денот пак барем малку ќе се познава твојот себум што се излачил. Па изборот на крема повеќе се однесува на тоа каков „сјај" ти дава кремата и дали ти се допаѓа (дали го гледаш како сјај на здрава или на мрсна, испотена кожа). Јас во лето имам нормална/комбинирана кожа и моето искуство со Frezyderm е дека пола од денот ми е навистина мат кожата, но потоа повторно почнува да се познаваат мрсните делови. Знам дека и други го пишале ова за оваа крема, особено луѓе со мрсна кожа. Азиските креми се дефинитивно најлесни и најблиску до обична, немрсна крема, ама имаше доста скандали за дел од корејските креми дека не го постигнуваат наведениот фактор (меѓу кои и Пурито), па сега не знам која крема би била добра опција од тој пазар, затоа што се јавија сомнежи и за други брендови, не само за Пурито (дел од брендовите и сами си ги повлекоа кремите).

    Ќе ги означам @Noemi и @koritsaki, едната верен потрошувач на Eucerin oil control, другата на La Roche-Posay Anthelios XL, кои и двете се наменети за помрсна кожа, па нека кажат колку се или не се познава кремата во таа поголема количина и колку долго трае тој ефект :D.
     
    На crazylady и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.335
    Пол:
    Женски
    @kanella @pdb123

    Мене не ми е воопшто сјајно лицето од кремиве на Ла рош и Шисеидо. Ама јас таа количина ја нанесувам на лицето и вратот :)
     
    На pdb123 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    8.337
    @pdb123 Фала ти што ме уважи како лојален Еуцерин потрошувач :D
    Еуцеринот оил контрол брзо се впива и размачкува, нема проблем со количината и нема сјаен финиш. Не е мат-мат, ама не е ни мрсен па трпи поголема количина. За реапликација, на лето секогаш го бришам лицето па реаплицирам. Не го осеќам на лицето како тежина, што ми беше проблем со други спф. Јас веќе не го менувам, едноставно поважна ми е докажаната заштита отколку новитетите. Се зезнав со Пурито лани, ем поскапа ем не беше во ред.:shake:
     
    На crazylady, Aschenputtel, princess5 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Heyhi

    Heyhi Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Da ne znae nekoj kade tocno vo koja apteka ja ima na la roche posay shaka/invisible fluid?
     
  14. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Која е подобра? Имам многу светол тен се плашам цц кремата да не не ми одговара. Исто имам многу мрсно чело.. IMG_20210628_102710.jpg
     
  15. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Ги видов во Еурофарм 24/7 кај ГТЦ. Имаше гел со СПФ 50 и СПФ 90. Пакувањето им е променето.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dan4e999

    Dan4e999 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Има на сајтот кај elloxy.mk мислам,проверете.
     
  17. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Па што знам, немаме сите иста големина на лица и баш ми беше чудно што упорно се препорачува два прста спф. Мене 1 прст ми доволен за цело лице и врат, така и ќе продолжам. Под размачкување подразбирам да не ја разнесувам кремата на лице 10 минути.
    Баш и пред малку гледав видео на инста каде што беше прикажано колку количински спф е всушност потребно и дека тие два прсти за некого се премногу.
    Сепак, фала ти на исцрпниот одговор, исто и вас девојки @koritsaki @Noemi
     
    На Noemi, koritsaki и pdb123 им се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Да, тоа секако е просек; 2 mg/cm², кое го множиш со површината на твоето лице во cm², така ти е најточно, ако ти се прави таа математика. Некој ден кога не се брзаш, можеш да пробаш да наполниш пола лажиче (1/2 teaspoon), и таа да ти е количината за лице+врат. Сега ако е потечна кремата, т.е. ако мериш лосион ова ќе е тешко за проценување, ама со крема може убаво да се измери, особено ако е погуста :D.
     
    На koritsaki и kanella им се допаѓа ова.
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Може си во право. Не сум сигурна за кај нас. Пред 2 год по грешка наместо мојот, сум земала за мрсна кожа. И ептен беа слични вака непорепознатливи и од тогаш пазам каков земам. И затоа знам дека има два исти паковања за различна кожа.
    Ама вака пробувам да се сетам точно од кај купував и незнам. Може и не било во мк
     
  20. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    20210627_223417.jpg
     
    На Kејти му/ѝ се допаѓа ова.