Женски, ќе ве молам препорака за крема со спф за сува кожа од која нема лицето да ми свети. Момементално користам две на Sun dance од едната светам ко лампион и се лепам, а од другата лицето ми е побелено и мириса ко на алкохол
Девојки не го знам вашето искуство со оваа крема но јас се разочарав. Откако почнав да ја користам кожата на лицето и рацете ми се лупи. Ја зедов за летово да ја користам за на плажа ама џабе. Толку ми се исуши кожата тоа чудо. Инаку имам комбинирана кожа нормална со масна т-зона и бидејки сум подложна на флеки на лицето ми ја препорачаа како супер крема. Инаку да е водоотпорна, нема мириси се како што пишува составот не би знаела да кажам, амс ете мене не ми одговара.
Не знам што се случува со кремиве на Биодерма јас бев прилично задоволна од Photoderm AKN 30, последниов месец почна одеднаш како да ми се рони додека ја размачкував (не беше од кремата што ја ставав под оваа, а и во рутината ништо не сменив) и многу ми се перуташе лицето ич не беше убаво за гледање, ги пробав и другите нијансирани креми ми го пресушуваа лицето башка бојата + перутањето личеше ко песок да имам на лицето, имам комбинирана кожа, како што читам погоре не сум единствена, ете ја ми стои ја користам на врат и деколте колку да ја дотрошам да не биде џабе фрлени пари а и не се нешто баш најевтини..
Да да воопшто не се евтини, јас кремата погоре ја платив 1400 денари, а еве не можам да ја користам. Баш како што напиша ми се перути и лицето и рацете. Нијансираните креми од биодерма не сум ги пробала искрено, ако сакаш нијансирана крема би ти ја препорачала од Фризидерм 699 денари е ја има во Зегин. Исто е со 60 СПФ и дава мат финиш не е сјајна нема да ти сјае лицето. Откако ја имам купено не сум ставила пудра на лицето, и доста покривна е. Има и без пигмент крема иста цена е ист состав мат финиш со 50 СПФ.
Фала ти на препораката, следни на список за проба ми се Фризидерм и Моssa (Фризи тука читам многу ја фалат) Од кога ја прекинав Биодермава ги земав на Ла Рош Effaclar SPF и бб кремата видов дека koritsaki многу ги фалеше Ла Рош во неколку наврати, и богами не се покајав, за мојата кожа овие две во комбинација се супер особено за летово не ставам пудра одкако ја купив бб кремата. СПФ е малце погуста по текстура и очекував да ја осеќам тешко на кожата и да ме мрси но тоа не се случи, башка ги таргетира и акните. Пак, сакам да ги пробам и Моса и Фризидерм, па ако не бидам повеќе фасцинирана од Ла Рош, ќе си се вратам на таа крема
Ја земав оваа тонирана спф. Луѓе, не ја купувајте, јас толку нешто ружно и скапо во исто време не сум видела. Ја земав затоа што ми рекоа дека е за мрсна кожа. Бојата е жолта накај портокалова, никако не можев да ја изблендам. Никако не се размачкува, а на деловите околу веѓите, устата, брадата, до косата, изгледаат уште полошо. Помош за тонирана СПФ крема, за мрсна кожа?
Бубаче, сега ги најдов на фејсбук и им пишав. Баш оваа крема ја имаат на страната. Кога ќе одговорат ќе ти кажам.
Не знаев дека и членката е во Малта. Јас сум задоволна ептен, ако ја најдете баш е добра и економична опција.
Мои другарки тука во Грција ја користат оваа тонираната и многу се задоволни. Некогаш мора и јас да ја пробам и така не е воопшто скапа. Тешко се наоѓа СПФ тонирана крема со нормална нијанса
Барав и јас за да изедначам тен на плажа, да не бидам црвена и мастна, па ми текна да си измешам спф крема (мат) со малку пудра. На толку пудри и креми дома јас нијансирана крема барам Ми излезе супер ама прочитав дека не се меша спф со пудра, но ако прво ставиш од кремата, почекаш па после измешаш е ок. Пробав и си добив нијансирана крема без да сум портокалова или три нијанси потемна.
Мене малку ми е за нијанса потемна ама и воглавно лицето ми е потемно од телото, вака преку лето. Бидејќи не е како пудра, туку се впива и соединува со тенот, баш и не двои многу. Ми се свиѓа што дава полумат, blurry финиш, и сосем е лесна, не се осеќа воопшто, сосема океј ги покрива и некои флеки од акни кои ги имам. Не ни користам летово пудра, нанесувам само од кремата ако сум надвор преку ден, плус сетирам малку и со камена пудра.
Искуства со оваа крема? И дали е доволен фактор 30 со оглед на тоа што ми кажаа да земам 50 ама ја немаше..