Здраво девојки, дали на нашиов пазар има спф во форма на спреј/мист што не нанесува врз лице со шминка (без да се размачкува)?
Од Frezyderm има за цело тело со СПФ 50. Не знам дали би одговарал за секаков тип на кожа. Можно е да има и од Uriage, ама за ова не сум 100% сигурна. Спојлер: Frezyderm
Да. Во Зегин Сити мол , ГТЦ или Анни фарм во Капитол провери. Јас живеам во Грција и тука го имам купувано, го има во секоја аптека.
Спрејов го нема кај нас. Им пишав на Ла Рош пред некое време, ми одговорија дека го нема кај нас. Штета.
На AVON има, не е лош спрејот со 50ка фактор е. Малку мирисот не знам дали секој ќе го поднесе, специфично тежок е, како парфем. Но, многу врши работа. Инаку, на Carroten spf50 со малку додадена боја е предобар! Одма се впива и дооолго трае покриеноста на лицето.
Го имаше овде и додека нарачам се продал. Не е скап воопшто, ако пак го дадат достапен чисто да знаете каде можете да порачате.
Фала ви девојки за споделените искуства со таа од Фрезидерм. Малку е поскапа овде, ќе ја земам па нареден месец во Скопје ќе ја земам ако ми се допадне.
Прашање до девојките со масна т зона. Кој sun dance спф најмалку ви ја масти кожата, кој се впива? Овој sun dance med воопшто не се впива.
Женски, фала ви уште еднаш на тие што ми ја препорачавте тонираната на Фрезидерм, ја пробав денес и предобра е. Се нанесе и избленда малтене сама Овој период од годината лицето ми е побело од телото, и тоа бааѓи, така да нијансата во моментов ми е погодена. Не верувам дека би ми одговарала зимно време. Кој сака да ја проба да има во предвид дека е навистина покривна, бар за мене. И ми се допадна текстурата многу, како прајмер или серум е. Ја земав и на La Roche-Posay, во форма на спреј, да ја пробам и пишувам впечатоци.
Има еден портокалов со СПФ50. Пишува дека е идеален за лице и деколте. Јас тој го користам (имам мрсно лице) и одма ми се впива и одличен ми е! Пробај со него.
Денес ја земав на Фризидерм, првичен впечаток, супер е. Како пудра да имам на лице. Најверојатно ќе ми биде замена за пудра додека е топло. Јас имам на лето мрсна кожа малце светнува по некој час, ама секако и мат пудри не користам не ми се убави. Секако светнувам и без пудра, на ова топло неможеш да не светнеш Како за прв ден ми се допаѓа.
Ако не се лажам, забележав тонирана од Carroten во Тинекс пред некој ден, не се сеќавам добро но мислам дека беше истата.