Искрено не се разбирам многу, само најдов дека содржи 4 состојки кои се лоши или се под знак прашалник: cyclomethicone, octocrylene, homosalate и ethylxexyl salicylate. Еве @Biodevojka или некој поупатен нека каже подобро.
Она што сака @ForeverYoung да каже е дека производов е комплетно на база на хемиски филтри (кои за оние кои сакаат природна козметика се неприфатливи, најнапред поради на механизмот на функционирање, а потоа и поради лошата биоразградливост). Потоа остатокот од средтсвото за сончање се силикони, акрилати и ЕДТА. Во кратки црти станува збор за производ на силиконска база со хемиски филтри. Поздрав.
Драга до таа цена само на Леврана ама моментално ги нема. Евентуано иконтактирај ги од белина да ти кажат кога повторно ќе бидат достапни. Тие со фактор 50 се околу 700 (нешто повеќе од она што ти може да го издвоиш), оние со 30 се околу 600 (за 100 мкд повеќе од твојот буџет). Инаку како најевтина опцција ги имаш на Алверде ама оставаат малку бело.
Отидов на одмор и не стигнав да ја купам ако некоја друга во меѓувреме ја пробала нека пише искуство.
Овој ми фали не сум го пробала. Ама ако сакаш убав СПФ кој нема да остава бело земи го дефинитивно овој на Моса. Се заљубив. Тониран е и кожата ја прави преубава а штити истовремено.
Каде го има кремот од Моса? Јас користев од биодерма тонирана крема со застита и против флеки, но осеќам како да ме поти, па земав обична, исто против флеки, сега ми се потроши. Ама забележав дека не можам да употребам пудра врз неа, ми се ствараат како трошки ( ронки, не знам како да објаснам, не е мазно лицето)...Па сакав оваа од Моса да ја видам ( не ми е позната)...
Здраво! Би сакала препорака за добра спф крема со 30 или 50 фактор, тонирана или не, до 1000ка. Исто барам и за тело. Би сакала крема со физички филти, бидејќи сум трудна. @Biodevojka те читав низ форумов и гледам даваш убави совети, па ако имаш време и ако не ти е проблем да ми пишеш би ти била благодарна.
Биодевојка има рецензија за кремите од Леврана, тие се со физички филтри, но моментално ги нема на залиха на Белина. Во меѓувреме можеш да прочиташ за нив, додека добиеш одговор од Биодевојка. http://biodevojka.blogspot.com/2021/06/blog-post.html
За лице ја користам на Лавера 30ка фактор,добиваш заштита за преку целиот ден,кога ќе дојде во допир со вода после пак се нанесува. Кремата е течна,нанесувањето е во мали количини. Мене до сега не ми покажала негативни ефекти,а во однос на трошењето не ми е ни до пола.
@siren Јас ти ја препорачувам кремата на Mossa, тонирана е , не остава бели траги има спф 30, можеш да ја најдеш во Bellina 980 ден кошта.
Да да, втор ден како ја користам одлична е, има некој сјаен финиш на почеток по нанесувањето ,но за неколку минути се суши и не сјае толку лицето. Ама не е сјај како масно лице туку баш она здрав сјај. А ок, не очекувам јас мат да биде кремата поготово кога се работи за спф крема. Таман е и за летно време ко пудра, одозгора сетирана со пудра во прав или камена пудра е одлична а мирисот не коментирам , е сон. Мириса овошкасто, на праска , на кајсија нешто такво