Ако сакаш пигментирана (на лице кога ќе се нанесе нема некоја боја, само изедначен тен) земи ја на Mossa со спф 30, моментално е достапна на Белина страната
Драга прости ми еве сум. За лице ако сакаш благо тонирана дефинитвно оваа на Моса не можам да ти опишам колку е добра. Има само со СПФ 30. Комплетно е со физички филтри и воопшто не остава бело поради фактот што е тонирана. Еве повели и статија за истата, а имам направено и видео каде ќе го видиш нанесувањето/ http://biodevojka.blogspot.com/2021/07/blog-post_23.html За било што слободно пиши. @Besmrten благодарам
Па таа ја гледав и јас, нема некој голем избор, повеќето и ги нема во продажба, а другиве скапички ми се некако. Најверојатно ќе ја порачам неа. Фала ти
Јас ја зедов пред некој ден оваа на Уриаж, тонирана е, има за светол и темен тен , редовна цена и е околу 550. Јас ја зедов 450. Многу ми се допаѓа.
Кремата на Фризи Дерм за лице навистина е супер, вчера бев ептен изложена на сонце и заборавив да ставам кај залисците, пресеците на коса, на внатре и таму имам само изгорено, инаку лицето во супер состојба ми е. Дури меко, негувано, не како некогаш дури ми е било како дехидрирано, па ме чеша, црвенило, ужас.. Сега е супер, благодарение на кремата. Дали има од оваа линија за тело? Искрено ми се допадна, од неа имам и стик за сушење акни, налик како течна пудра, ама многу е ефективно. Бев скептик некако, ама супер е линијата. Што можам да најдам кај нас?
За тело има заштитен фактор во форма на спреј. А општо за нега на кожата можеби има од линијата за деца.
Јас би сакала да ве прашам која е повеќе покривна Моса или Леврана .и која повеќе одговара на комбинирана кожа (не сакам сјаен финиш) фала.
Драга и двете се прекрасни. Моса е дефинитивно попокривна и го изедначува тенот. Леврана дава сув ефект на лицето а Моса е повеќе хидратантна. Ако сакаш ќе направам едно видео каде ја нанесувам Моса за да видиш. Леврана ја потрошив, а и веќе имам видео за неа направено.
Уште еден корисник на спф кремот на Моса, не го користам долго време, неделава само, и морам да кажам дека навистина ми се допаѓа. Искрено, не ми беше битно да е тониран, ама ми се свиѓа како ми лежи на лице и дава сјај. Не можам да зборувам за заштитата, дали штити или не, бидејќи најголем дел од денот го поминувам во затворена просторија со заштитна опрема. Но не се сомневам дека е ефикасен. Ова ми е прво пакување, ама убедена сум дека и понатаму ќе го користам.
Кремата на Frezyderm очигледно постави висок стандард кај мене, тешко дека ќе најдам нешто приближно. Ја земав на Carroten detox (зелената) SPF 30, за сите типови кожа, супер мат. Околу 250 денари од ДМ. Ја нанесов и пак го земав паковањето да прочитам дали стварно пишува мат. Доста е кремаста, типична крема, ама најмалце од се е мат. Дури остава и некој финиш како недоволно впиена. Од Frezyderm оставаше на крај преубав финиш, дури и другарка ја проба со мрсна кожа, преубаво и "легна" на лице. Ја користев и на одмор, на најјакото сонце си ја заврши работата како што треба. Дефинитивно следно повторно и се враќам на неа.
Конечно ја купив и искрено многу ми е криво, посебно бидејќи ја земав од ДМ и ја платив поскапо. Имаше една нијанса само, лајт медиум и кога ја пробав дома видов дека е пресветла и подтонот е некако блед, не знам како да објаснам. Покривноста е ок како за спф и дава здрав изглед, така што ќе си ја чувам за во зима.
Здраво женски. Некоја од вас да ја користела оваа крема? https://www.bellina.mk/p/972/oblepi...-ts-dnevna-krema-so-spf-20-50-ml?category=111
Јас ја почнав пред скоро. Убава е и лесна. Структурата и е повеќе како мус. Лесно се размачкува и убаво се впива. Едит: Ако ти е за замена за спф мислам дека ти е слаба, особена сега дури уште е топло и јако сонцето. Јас ставам одозгора и спф.
Одлична е. Ја препорачувам, иако не е доволен спф ако поминуваш време надвор, мене ми вршеше работа. Одлична подлога за пудра е.