Некој со сериозни акни како мене да ми препорача спф? По можност да не е обоен и масен, имам масна т зона. Треба да одам следната недела на контрола кај дерматолог, но не ми се чека до тогаш за да го прашам него.
Bioderma Hydrabio SPF 30 ми се покажала како најдобра од сите кои сум ги пробал. Текстура која лесно се размачкува, не треба многу количина за цело лице и не остава бела трага.
Levrana 30ка. Користам второ пакување мене ептен ми се погоди. Малку тешко се размачкува и остава бела трага ама моментално, после 20тина минути одлично легнува. Кога имам акни кои ме чешаат ми ги смирува.
Може слика да ставиш? Дали е мат? Од сите креми што сум ги пробала , на La roche и Shiseido ми биле нај мат , сега од природните ја користам на Mossa супер е , ама наредно би земала некоја што е по мат и да е бела *не тонирана
https://www.bellina.mk/p/1205/calendula-krema-za-litse-i-telo-so-spf30-100-ml Еве линкче, од Белина е. Не е мат, ама не е ни многу мрсна, не знам како да ја опишам Има малку чуден мирис на кој многу брзо се навикнав и сега го обожавам. Мислам дека нема да ја сменам за ништо На Моса ја имам и јас истата ама не ми се свиѓа како Леврана. Биодевојка имаше видео негде по темиве баш за Леврана. Едит : http://biodevojka.blogspot.com/2021/06/blog-post.html?m=1
Не се лупи на кожата, цената би требало околу 1000ка да е (јас во Грција ја купувам за во Мк не знам. ) баш ми текна доколку не ја најдеш таа, исто на la roche effaclar spf 30 можеш да ја пробаш, таа во Анни фарм е баш на попуст 994 ден моментално @jovana03 фала ти
@koritsaki како си задоволна од кремата на маса? Досега користев биодерма хидрабио спф30 но сакам сега да сменам некоја друга И која и е цената на моса
980 денари , скоро и ќе ја потрошам, вака добра ми беше, проблем не ми правеше во врска со тоа да се исфрлам и сл , но би сакала нешто по мат и би ја сменила , не дека ми го мрсеше многу лицето , но во однос на ова не можев да се навикнам на толку хидратантна крема, јас сум си научена на по мат креми особено со фактор (имам мрсна кожа) и сега кога времево е по ладно носам почесто маска бидејќи седам во затворен простор каде што излегувам, ми се копира на маските и искрено ме нервира (кремата е во боја )
Ако е мн мрсна и мене нема да ми одговара И јас имам мрсно лице Вака читајки на крај пак ке си ја земам биодерма хидрабио
@blessed.an мат не е со сигурност. По нанесувањето сјајно е лицето, мирис прекрасен, по 10тина минути се апсорбира ама пак останува тој сјај на лицето. Таа што ти одговара продолжи си да ја користиш
Здраво, имам нормална кожа, периодично ми се исфрлува лицето, препорачајте ми спф што брзо се впива, не остава бела трага и изгледа добро под шминка. По можност некој од дм или космо. Фала ви
Девојкии, мислење за овие два крема? Кој е подобар во однос на состојките и кој подобро хидрира. Ми треба како дневен 2 во 1 хидратантен крем за нормална кожа. Нека пише ако користел некој
Но тоа не трае цел ден. Јас, на пример, ставам СПФ од сабајле под шминка, но додека да дојде време да си отидам од работа сигурно не останува ништо од претходната апликација. Затоа сакам да најдам начин да реаплицирам во текот на денот.
Имаш спреј на La roche posay anthelios spf 50 , јас лето кога сум со шминка тоа го користев над шминката. Во Грција тука во секоја аптека го има, за Мк не знам , баш прашај. Има и пудри да, на Avene мислам има со висок фактор, и исто и на Shiseido имам видено. Сега есен зима, ставам еднаш дневно на Mossa spf 30 моментално, под шминка е ова во вид на крема