И јас мислам дека еднаш е доста. Ставам насабајле пред да излезам и готово. Кога сум на плажа ставам на секој саат.
Јас имам комбинирана кон масна кожа со неправилности и Рековс ми се покажа совршен. Ми го препорача пријателка , кремаст е и додека се размачкува на прва имав впечаток дека остава бело , но не е така . Убаво се впива , ја остава кожата мека и хидрирана , не ја масти кожата , не ги иритира очите , не остава бело и не се рони , остава некој здрав сјај но далеку од тоа да е масна и свети како што е со тие од DM sundance fluid . Сега открив и уште една совршена на Frudia , ја нарачав од coslovemetics а има солидна цена како за добар спф . Беше многу фалена од страна на блогерки што следам од Србија и бев скептик искрено но се покажа одлична. Воопшто не остава бело , не се рони , не ги иритира очите , одличен состав има , брзо се впива , не е целосно матт остава онака природно благ сјај ( не масно ) . Одлична ми е само незнам како ќе се покаже во летниот период со заштитата , но за зима одлична !
Како порачано ми дојде твоево мислење. Ќе можеш ли да ми кажеш дали кремава на ревокс ти ствараше нови акни или немаше никаков проблем. Утре одма одам да ја земам
Не е 500 денари ама нема да згрешиш ако ја земеш оваа https://www.bellina.mk/p/1069/365-d...rema-za-litse-so-zashtiten-faktor-spf30-50-ml
@crazylady Убава е кремата на Mossa, само не е мат , и пигментирана е доколку не ти смета Јас би ти ги препорачала тие на Леврана , исто можеш да провериш на страната на Белина
Од coslovemetics.mk е (Bebe home продавници). Го нема на залиха во моментов. -Innisfree tone up no sebum sunscreen SPF 50+, 50 ml 683 ден. од Bebe home -Frezyderm sun screen velvet face SPF 50, 50 ml 699 ден. од Зегин -Revox daily sun shield SPF 50, 30 ml, 389 ден. од ДМ Овие три се тука некаде со цената. За Фрезидерм и Ревокс имаат пишувано членки во темава. За Инисфри побарај рецензии. Јас прочитав прилично добри работи за овој крем.
Здраво дали може да ми препорачате СПФ за мрсна кожа? Се думам за дуо плус што е со СПФ 30 ама незнам дали е добар..
https://coslovemetics.mk/product/altruist-anti-redness-pigmentation-spf50-50ml/ Дали го има некоја феминка користено и да сподели искуство? Или од која сте задоволни, што би можела да си порачам, само да нема масла во составот, проблеми обавезно ми прават после некое време користење, само за околу очи користам рицинусово масло и толку...
Некако во последно време ептен се забега со СПФ. Додека СПФ штити од УВА и УВБ зраците, некој што сонце и бел ден не видува ми е смешно да употребува секој ден, уште пак и во зима (да, знам дека зраците се изразени и во зима). За оној половина час што се поминува во одење од локација А до локација Б, не само што е бесцелно туку и не е полезно. Читав неодамна за штетните состојќи на СПФ и дека дел од нив се повлечени од употреба заради истите, па алтернативите се прескапи. Јасно е дека треба заштита на лицето и дланките зошто тие се најизложени на штетните влијанија од зраците но мора да се земе во предвид и витаминот д кој со постојана употреба на СПФ не дозволуваме да допре до нас во мера во која е неопходно (во пост-карантиннско доба пак уште е поважно). Летно време е веќе друг муабет. Со македонските горештини паметно е постојано користење, но не само тоа туку и капи и очила за сонце. Можеби и ние кои имаме алергии на сонце имаме претерано со неизложување на истото и претерано користење на СПФ па сега ни е така, барем така некако си мислам дека е.
Девојки да ми препорачате тонирана СПФ крема, за комбинирана кожа. Ги гледав на Белина тие на Моса и Мадара, од Мадара земав тестер но многу е сјајна некако. Ја користев долго таа на Фризидерм, но како да ми се презасити кожата од неа па да пробам нешто ново.
Исто и јас си барам нова, мадара ја немам пробано, ама исто ми е со фрезидерм. Сакав биодерма аквафлуидот да го земам, ама нигде уште ги нема на биодерма спф по аптекиве, ако некоја жемска зела овој период, нека пише од каде да се подновам Мислам дека за комбинирана кожа како мојава, аквафлуидот би бил супер, сум го користела и порано и ми се допаѓаше и не знам зошто го сменив. Овој на фрезидерм ми е некако многу потежок на лицево и морам мнооогу да внимавам да не се допирам по лицето дека се брише и не стои...
Јас моментално таа на Мадара ја користам , и мојата кожа е комбинирана ама ок ми е да ти кажам, дали така се навикнав друга на La roche posay anthelios ама мене тие ми се многу темни , јас имам светла кожа. Мислам дека и на Vichy има таква крема ама ја немам пробано, пред да купиш види ги нијансите. Таа на Ла рош е мат со сигурност