За лице воопшто не е, на мене поткожни акни ми правеше, а на тело е многу мрсна и непријатно чуство прави и дополнително те поти на 30+ степени.Не ја препорачувам за мрсна кожа.
Од Алверде јас оваа ја имав купено Ама беше многу мрсна , ако имаш суво лице може и да ти одговара, ако не воопшто не ја земај. А од тие ти што си ги поставила, првата ја имам видено во Дм
Ја имам првата, остава како жолтеникав сјај на кожата, потешко оди размачкувањето, ама не е тешко, се добива убав рамномерен слој. Мрсничка и тешка знае да биде. Барем за мојава кожа не е, така ми стои кремов, не го користам. Да прашам, ја користел некој оваа?
https://yves-rocher.mk/katalog/proizvod/99462/hydravegetalкремазалицеspf2050ml/ презадоволна од целата колекција за хидратација
Eucerin oil control или frezyderm, за комбинирана кожа, мрсна т зона. Која легнува поубаво и за под пудра? И дали нијансираната frezyderm е многу темна, ептен сум бела обично најсветлите пудри ги користам
Јас со години ја користам Eucerin Oil Control и за под пудра. Мене лично супер ми одговара, кремот дава како мат финиш, а и под пудра потоа многу убаво ми легнува. Инаку и јас имам овој период иста кожа како твојата.
Темна ќе ти биде. Некоја средна нијанса е, ама не е за ептен бели, имам пробано тестер и на жолто ми оди. Прашај ако имаат тестерче да ти дадат.
Спојлер Еве како изгледа, пред размачкување и потоа. Нанесено на внатрешната страна на раката, доста бела таму е кожата да може да видиш подобро. На лице кај мене нема многу голема разлика, сепак потемна ми е за некоја нијанса кожата на тој дел.
Ја почнав пред скоро. За сега добро се покажува. Малку потешка за размачкување дека е густа, ама има мат финиш. Добро се покажува за сега и за под пудра. Остава минимално бел траг, што мислам дека за некое време би се повлекол, ама дека јас обично сум во брзање наутро немам баш време да ја оставам да впие убаво.
Кај нас ја има кремата а ова на твојата слика е флуид. Флуидот значи дека е потечна структурата и понемрсна, а девојките ти ја опишуваат кремата која е мрсна.
Значи вреди да и се даде шанса на кремава, цената е исто добра. Мене најмногу ме привлече тоа што е 100мл - со месеци ќе трае, нема да имам потреба да се замарам каква следно да земам.
За жал има знакче 3 месеци по отворање. Затоа јас го шлакам и детето кога има потреба, зошто е погодна и за деца.
Уф, не знаев. Значи ќе мора да се потроши во тој период. Фала што спомна, ќе почека купувањето до лето, тогаш ми е најголема веројатноста дека ќе ја потрошам.
Препорачајте ми спф крема. Се мислев за таа на Mossa ама е со сјаен финиш и тонирана, па не знам дали ќе ми одговара затоа што имам светол тен и комбинирана до мрсна кожа. @buba4e89 можеби ти знаеш.
Нијансата е светла, јас ја користев лани таа а имам светол тен. И да, мат не е воопшто, има здравј сјај лицето по нанесувањето. Можеш на Леврана pink да пробаш, баш членка ја фалеше дека е мат. Јас би ја замолила @Ano да прикачи слика да ја видиме нијансата