Моментално ја користам оваа на Levrana spf 15 која е мат и не е тонирана. Мене баш ми одговара иако спф е мало. А можеш да ја земеш и CC кремата на Мадара со спф 30 и наместо крема можеш да ставиш од нејзе. Тонирана е, но се прилагодува на твоето лице.
Немам добра камера, а надвор е тмурно бар на природна светлина да фатев поубаво. Еве незнам колку може да се долови вистинската нијанса. Вака има розева нијанса. Под примерокот каде што е обележано имам иста таква количина размачкана и воопшто не се познава. На лице кога ја нанесувам дека ставам поголема количина ми остава блага бела трага, ама како што пишав немам време наутро да чекам убаво да се впие пред да нанесам пудра инаку верувам и таму ќе се изгуби целосно. Ова е на внатрешна страна на раката.
Може ли да ми препорачате хидрантна крема за лице со Spf но да се впива брзо не сакам лицето да ми свети
Јас хидритантната ја зедов на фризидерм пред две недели но некако ич не се впива брзо и светам од неа еве која за истата ли мислиме
Од frezyderm имам користено со мат ефект и тоа зборувсм за ептен мат и лесна крема. Само не знам дали ја има во Мк, јас во Грција ја купував
Што мислите за оваа спф на инстаграм што ја фалат ептен? Читав рецензии на нет, ама не сум нешто убедена, па да видам што мислите вие
Zdravo Dali ja imate koristeno da spodelite iskustvo? I nekoj ako se razbira vo sostojkite me interesira dali ima dobar sostav
Разочарана сум од овие две некако. Очекував повеќе од Виши. Тешка е, прилично густа и чудна конзистенција, не ја матира баш кожата... Еуцеринов знам дека не може да е чудо од ЦЦ крем, ама како кал да си ставил на лице, се собира, оксидира некако чудно, а ја имам светлата нијанса...
Мене лично не ми одговара на кожата. Имам нормална кон сува кожа, ми ја суши кожата и осеќам потреба да ставам на секои 15-тина минути. На капаците од очите и под очите ми се познаваат траги (буквално изгледа како кожата да ми е скроз сува, мртва и нехидрирана). Генерално, воопшто не сум задоволна
Јас ја имам има многу добар состав. Некомогена, хипоалергена, без парфеми и парабени. Не треба да прави иритации на кожата. Имам сува/нормална кожа и мене ми е сосема океј, онака дава сјај, но на другарка со мрсна кожа многу и е густа.
Еве линк да прочиташ зошто може да се случи спф да се лупи од кожата https://www.google.com/amp/s/theklog.co/prevent-sunscreen-pilling/amp/