Во која смисла бараш добар состав? Иако нема парфеми, парабени, сепак има хемиски филтри за заштита од сонце. Немам искуство со кремов, ама сигурна сум дека има многу подобри. Изборот на крај е твој, секако.
Досега имам користено Mustela и Eucerin oil control ама ми се појавуваат акни можи да ми кажите некој предлог што да пробам следно? Имам комбинирана кожа - мрсна т зона.
Јас пак кај тебе ќе досаѓам . Мислам кај тебе видов дека си зела тестер од тонираната алга марис. Која нијанса ја зема? Јас имав тестер од средната нијанса, ама како потемна да ми беше. Барав минатата недела да ми дадат тестер од најсветлата, ама во моментот немаа. Сакам наредно оваа да ја пробам, од тестерот ми делуваше полесна за нанесување од леврана плус и тонирана дека е, ама па ми е страв да не ја утнам нијансата.
Да, и јас beige , средната нијанса ја имав и не е лоша, сега гледам нијанси ама па таа ivory , некако мн светла ми се гледа дури бела. Ако можеш пробај ја , јас лично таа потемната beige ќе ја земам
Барав тестер, ама немаа да ми дадат во моментот. Ако не добиле ќе пробам со тестерот кај нив. Ти мислам ја купи на леврана 50 пинк. Како ти се допадна? Па затоа и те прашав. Не делеше многу, ама имав чувство како да ми е малку потемна . А вака убаво ми легна. А светлава и мене ми личи премногу светла. Ај ќе тестирам во дуќан или ќе им подосаѓам да ми најдат тестери па че споделам
Да, баш ако ја пробаш светлата кажи како ќе е. А вака и мене многу ми се допадна од тестерче не е густа, баш фино легна на лицето.
Конечно си најдов спф каков што сакав Моментално сум на терапија за акни и лицето ми е многу чувствително, по препорака од пријателка си порачав од GreenHeals.mk имаат страна на фб, изгледа нови се немам слушнато за нив. Природен е, со невен, пантенол, комбинирани филтри, не остава масен сјај, се суши на мат. Не можам да се нарадувам
Здраво Може ли слика од кремата и за каква кожа е наменета ? фала ти Ќе можеш ли слика од кремата да ми пратиш? фала ти
Дали има некој искуство со овие две креми ? Ги има маж ми и ме интересира дали се добри за користење . Ги пробав на рака еуцеринот буквално не ми остаде ни трага. Мала масленост но се впиј и воопшто не се познава. А кларинсот е како крем.
Нели е малку чудно што на сите сајтови кремава на Фрезидерм е 20, 30 евра, а кај нас е 600-700 денари?
Ја имам фризи дермов ама nothing special. Е сега дерматолог ми препорача тониран крем со 50ка -во замена за пудра. Ла Рош беше препораката antiaging,ама таква нема ни кај нас ни во Србија сеуште не се изложени. Да земам замена биодерма или еуцерин??? .Значи тониран да е, ама и да е покривен Фризидермот кога ќе го нанесам е убав а по саат време “паштета”