Биодерма мајка ми по совет од дерматолог од Систина, го користи, тонирана крема е 50+,задоволна е многу, од Биодерма мислам има и попокривна како пудра 50+ Тониран имав на Еуцерин јас, ништо посебно не ми беше. Моментално користам Фризидерм јас сум задоволна, секоја кожа е различна. Мислам и на Уриаж имаше нешто, побарај си тестер и ќе видиш која ти одговара.
Има на Виши нова тонирана крема, UV Age Daily, ама не знам колку е покривна, да побараш тестер во аптекиве сигурно ќе ти дадат.
@Emotional123 Да да, јас секој ден се шминкам за на работа, по серумот нанесувам од Madara spf 30 тонирана е и над неа пудра, па камена. Немам никаков проблем
Јас почнав да ја користам Mossa и искрено супер ми е. Ми дава здрав сјај на лицето и иако е тонирана кога ќе ја размачкаш на лице се губи бојата и само дава убав сјај и тенот ти е рамномерен, не покрива ако имаш нешто на лицето. Ми се задржува цел ден на лицето, не се брише и не ми прави проблем на очите да ме печат или солзат како што ми правеле други креми со фактор. Е сега, се мислам наредно дали пак да ја земам Mossa или нетонирана од Levrana 50ка како поефтина варијанта. Ако ја има некоја пробано Levrana да ми каже како е задоволна, не е проблем и да има сјај лицето ама да не свети ептен.
Мене убава ми е и леврана. Дури и повеќе ми се допаѓа од моса. Ја користам моментално 50 pink и одлична е. Има благ бел траг (верувам се губи за некое време, јас обично не дочекувам), ставам или бб крема или пудра по неа и одлично легнува се над неа. А многу ми е лесна на кожа. Бидејќи е наменета и 0+ ја користам и за малиот и за разлика од другите минерални кои го прават како дух, оваа е одлична.
Спојлер Прашував за искуства со кремов пред некое време, ама никој изгледа не ја пробал, па да си кажам, јас ја пробав. Мала количина, а превисока цена, бар според мене е превисока. Второ, не е тонирана како што мислев, иако има некоја светло беж нијанса, не покрива, ама изедначува и дава убав сјај. Поубав од тој што го дава кремот на Моса. Барем мене повеќе ми се допаѓа. Држи долго, вчера баш ја носев на лице повеќе од 6 часа без да имам потреба да нанесам повторно. Убава, ама прескапа, Моса повеќе ми одговара на буџетот.
Јас ја користам Леврана, трошам второ пакување и не планирам да ја сменам. Нема сјај, густа е и остава бел траг кој по некор време се "губи" или впива, не знам поточно како да објаснам. Мене ми делува смирувачки и на акни кога имам, некогаш ме чешаат при излегување па левранава ми ги смирува. Ја нанесувам на полувлажна кожа, така полесно се размачкува и впива.
Лелее супер, баш ме израдува. Уште нешто само ме интересира, дали и пред шминка го имаш користено? Дали после се лупи низ лицето кога се нанесува пудра? И колку отприлика ти трае едно шишенце?
Тонирана е таа Моса? Покривна ? Јас денес бев во зегин да земам биодерма, таа очи ќе ми извадеше дека нема врска ни биодерма , ни виши, само фризи дерм знаат, и викам имам фризидерм не сум задоволна , вика немој да даваш пари ти мислиш ако е поскапа биодерма е подобра Леле не ми се веруваше и викам дај ми да видам нијансите од биодермата ,она на мене абе девојче дотроши си ја фризидермот Како така бе? Одвратни се со тоа фризи никат нема да им купам више
Да да и пред шминка го имам користено , не ми се лупело никогаш мене, да видиш да не користиш некој серум претходно некоја состојка да не не одговара со кремата со спф па затоа ти се лупат кремите. Па за разлика од кремите со спф , овој спреј побрзо се троши.
Пробав денес од тестер на раката Алга Марис тонираната со спф 50 ама некако многу ми беше сјајна, се впи подоцна на раката ама не знам за на лице како ќе ми биде, немаа тестерче од ајвори нијансата за дома да ми дадат, а таму не ми ми се мачкаше по лице. Ја има некој?