Ми треба предлог на кремче што би можела да го користам на лице и на вратот(на раната од операција) со поголем заштитен фактор(идеално 50ка). Имам комбинирана кожа и не сакам ептен да светам од кремот или да бидам бела ко дух, него убаво да впива. Би било пожелно да е цената подостапна зошто ќе треба да ставам поголеми количини и често кога ќе сум изложена на сонце, и реално не можам сега за сега да си дозволам спф од 1000+ денари.
Можеш да ја пробаш CC на Мадара таа има 30ка фактор и малку боја. Не покрива ништо буквално како крема е,башка е многу лесна. Исто би ја препорачала Леврана 30ка жолтата која е полумат би рекла, одлично штити. Исто би ја препорачала и Лавера 30ка ама видов не е достапна повеќе.
Carroten SPF50+ беше релативно океј, порано оставаше повеќе бело и беше помрсна; сега помалку остава бело и не е толку мрсна, меѓутоа сè уште не почнале да ја носат во dm и во Cosmo, барем ја немаше до пред 1-2 седмици кога гледав. Беше околу 350 денари. Мана му е што пече околу очите, но со внимавање е океј. Имаш и со покривност, меѓутоа не сум ја пробала за да ја знам нијансата. Спојлер: Carroten SPF 50+ Друга добра под 1000 денари е Frezyderm и е 700 денари. Имаш иста и со покривност. Не остава бело, и има релативно помат финиш, ама исто пече околу очите. Има многу мислења напишани во темава за неа, можеш да побараш други искуства, покрај моето. Спојлер: Frezyderm SPF50+ Во меѓувреме, јас ќе ти предложам друга опција што е 1000+ денари, ама мислам дека сепак е исплатлива. Јас лани купив една крема на Еуцерин (Sun Allergy Protect) што е за лице + тело (150 ml) и не се сеќавам точно на цена, ама сигурно беше 1000+ денари. Е ама, видов дека не е премрсна, дава сјај, ама повеќе како healthy glow и добро ја толерирам околу очите и решив да ја користам само за лице + врат, затоа што потешко се наоѓа добра крема за лице, а за тело е релативно полесно, а и не е толку важно, не ти треба истата естетика ко за лице. Така што, да, ја платив 1000+ денари, ама за 150 ml, не за 50 ml, што е стандардна количина за кремите за лице. Спојлер: Eucerin Sun Allergy Protect SPF50+ Пред месец-два, начекав попуст од Еуцерин и нудеа крема за тело (Oil Control, dry touch) која беше намалена од 1400 на 1000 денари, за 200 ml. Но, уште ја немам пробано, не можам да ти го кажам искуството - ефектот, финишот, текстурата, само ти давам идеја. Спојлер: Eucerin Oil Control Body SPF50+ Генерално, ништо не те спречува да користиш крема/лосион на кој пишува дека е за тело, за лице+врат. Не е дека филтрите се поинакви или којзнае колку поразлични состојки имаат кремите за лице vs кремите за тело. Разликата повеќе се однесува на тоа дека кај кремите за лице повеќе внимание се обрнува на естетскиот финиш и „филингот“ на кремата, додека се смета дека тие за тело претежно се користат на плажа, па сеедно е дали ќе си помрсен или побел, не се внимава до толку на тоа. Евентуално во кремите за лице можат да додадат други состојки како антиоксиданси (витамин Ц, нијацинамид и сл.), како дополнителен плус кон кремата, а за тело претежно ги изоставуваат (не знам зошто, добар плус се за било кој дел од кожата: флеки не се прават само на лице, туку и на остатокот од телото, ама нејсе). Барем тоа е моето искуство и мислење, односно мојот заклучок спрема тоа што сум видела. (Пример се кремите на Sundance, еднаш ги споредував состојките на кремата за лице (50+) и кремата за тело (50+) и искрено, 90+% од состојките беа исти. Се разбира, не значи дека количините во двете се исти и можеби состојките се третирани на поразличен начин, ама сепак, тоа е тоа и во едната и во другата. Исто така, секој бренд е засебен, не значи дека ова важи за сите, но факт е дека истите филтри се користат во двата типови на креми, само прашање е дали текстурата/мрснотијата ќе ти е погодена за лице доколку користиш крема за тело.) Доколку најдеш океј финиш и текстура на крема за тело, можеш да ја користиш и за лице (ако не те нафрла нели) и така добиваш поголема количина на крема за горе-долу исти пари што би ги дала за специјализирана крема за лице. @Justicija, не знам точно да ти предложам, разгледај ја темата наназад или прочитај горе ако ти фаќа нешто око, само да те поправам за да немаш погрешни очекувања: кремата за сонце не ти ги избледува флеките сама по себе (освен ако не содржи други состојки кои помагаат за тоа и кои можеш да ги купиш/користиш независно од кремата за сонце, во други производи - лосиони, тоници, серуми, хидратантни креми), туку само штити од тоа сонцето да не го пролонгира/одложува нивното исчезнување.
Ако имате масна или комбинирана кожа, топло ви ги препорачувам овие. Spf факторот на Uriage e 30ка, не ја мрси кожата и има tint што буквално заменува нежна пудра(ако сте многу бели може да ви е малце темен) Додека, Eucerinot, е спас за оние со мрсна кожа, 50ка фактор, има структура како гел и воопшто не ја мрси кожата.
Јас овие две ти ги препорачувам. И двете не се тешки и густи, особено втората е супер за масна кожа. Од втората има и со спф 50 https://www.bellina.mk/p/1688/lab-biome-khidratantna-krema-za-litse-so-spf30-50-ml?categories=111 https://www.bellina.mk/p/1474/alga-maris-krema-za-litse-so-spf30-50-ml?categories=111 Едит- сега видов дека не се моментално достапни. Евентуално да прашаш кога ќе бидат на залиха
Не сум сигурна кого прашуваш, можеби се вметнувам неповикана, но колку што разбирам јас, да, минерални се. Немам баш предлог за минерална крема.
Јас го користев лани при крајот на летото и мислам дека додека го користев не ме исфрли, но откако го потрошив имав исфрлање на лицето. Инаку многу е хидратантен, лесен и малку помрсен, всушност дава ист ефект какво што му е паковањето, како суптилен сјај, мене ми се допаѓаше што е многу хидратантен за разлика од други спф кои најчесто ја сушат кожата.
Малце е комплицирана за наоѓање, еднаш кај што ја има, друг пст ја нема и цел град го вртам Анни Фарм се подобро снабдени, Еурофарм, или онлајн провери https://kiwi.mk/product-tag/uriage-hyseac/page/2/ , https://www.annifarm.com.mk/product/11-сет-uriage-hyseac-3-regul-cream-тонирана-спф-30/
Знам, проверувам често, но никако да ја најдам низ аптеките, а и онлајн ја нема и никако да ја пробам.
Никогаш не сфатив која е финтата вака да ставаат лажни акции, а кога и да го побараш производот го нема. Само ме наведува на тоа дека не де озбилни и нареден пат да не ги земам во предвид за да купам било што од кај нив. Значи само што ги контактирав немаат ваква акција ниту па имале.
Знам, нерви губам, и цело време го менуваат паковањето, а аптекарките не знаат да ти објаснат баш па иде нагаѓање дали е истата. Последното спф 30ка го земав лани во Август од Lifeline pharmacy , обичната без спф на истата линија е подостапна, ама ај иде лето ваљда ќе им текне да увезат СПФ, ко демек само во лето се става..
Ми дава дека во Зегин ја има. 700 и нешто дека е. Овде две за таа цена ама ништо. Јас работев во Зегин едно време, и им кажувам ми повлекуваат од магацин за да можам да си купам и преку зима. Во врска со фризидерм горе некој имаше пишано дека ги форсираат. Секако затоа што колку повеќе продадат толку поени имаат од увозникот односно толку повисока плата земаат. Затоа никогаш ама никогаш не барајте совет од фармацевт. Дури ни за витамин или лек. Ќе ти го понудат тоа што на нив ќе им донесе поголема плата гајле им е за вашиот проблем . Затоа и си дадов отказ кога видов како функционираат.
Толку е секаде цената, 650-850 се движи, тешко за поефтино дека ќе се најде, ова се лажни акции за реклама. Знам како функционираат фармацевтите, затоа им поставувам конкретно прашање, и очекувам конкретен одговор, ама и тоа не можат да одговорат повеќето.