1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.986
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller да не бидам оф топик во темата за The ordinary, како што разбрав бараш крема со спф фактор , ако одиш накај Грчка земи од некоја аптека тестери од кремите на Апивита, имаат со 30 и 50 фактор , јас ја користам таа што е мат за мрсна кожа, под пудра е одлична, не ја суши и не ја масти кожата. Плус кф се производиве :)

    [​IMG]
    оваа под сликава плус е нешто ко дневна крема и е за тие над 30 години, има антиејџ состојки плус

    [​IMG]
     
    На H.ava и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    која цена се кремиве на апивита?и дали можеби имаш пробано нс Фризидерм некоја од тие со фактор? дека знам грчки се па да си прашам:lol::lol:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.986
    Пол:
    Женски
    @soffce имаат често попусти низ аптекиве , па околу 12 евра ја земам јас кремата. На Фризидерм имам пробано една мат крема што е без фактор , тие со фактор ги немам пробано , но доста ги употребуваат овде :) разликата е тоа што Апивита се природни , Фрезидерм не (доколку внимаваш на состав) :)
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.916
    Пол:
    Женски
    Ги има некој коростено кремите од Weleda со заштитен фактор? Какви се за на лице? Дали убаво се впиваат во кожата? Дали се многу масни? :)

    @grungy Видов дека си ја купила Еко Козметикс кремата со спф30. Ако може да ми пишеш мислење од кога ќе ја пробаш. :)
    Јас ја користев спф50 лани, ама за оваа година сакам нешто полесно бидејќи нема да сум изложена на сонце често. Па ме интересира дали можеби е полесна спф30 од 50.
    Ти благодарам однапред:sun:
     
    На grungy и poppie им се допаѓа ова.
  5. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Здраво :) да ја земав пред некој ден и ја пробав 2/3 пати. Убаво легнува на лице, многу мала количина е потребно за целото лице да се покрие, малку е мрсна но брзо се упива, лесно се размачкува и не остава бела трага. Супер ми е за под пудра.

    Е сега, откако ја користам приметив дека ми се нафрла лицето ама па не знам дали е точно од неа бидејќи вметнав и неколку други производи во последно време па да не ми е од тоа.. Ако некој друг ја користел ако може да напише нешто околу ова.:):f:
    Дали ти се случуваше нешто вакво од 50ката на Еко?
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.916
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што ти се појавила таква реакција. Пробувај ги производите еден по еден периодично за да видиш од кој ти е.
    Инаку напротив, мене многу ми го смируваше лицето, и по некоја акна ако имав и црвенилото. Иако беше малку тешка, не ми правеше дополнителна маснотија на лицето. Затоа и сакав да ја пробам со фактор 30.
    Проблем ми е што овде ја немам, па ќе треба да ја нарачувам со достава. Затоа и Веледа ми беше друга опција, таа да ја пробам. :?:
     
    На grungy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Може ли да прикачите слика од тој Каротен сензитив со заштитен фактор 50?
    Супер цена има.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На pdb123 и Ginger^ им се допаѓа ова.
  9. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    Која е цената и каде може да се најде?
     
  10. Бисерка-С

    Бисерка-С Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од производите на weleda. Без оглед каков и да користам крем за лице, секогаш морам да имам дома skinfood. Досега кај нас немам сретнато крем со заштитен фактор, освен оние што се исклучиво за сончање. Можеш да ми кажеш за која крем прашуваш и каде го има?
     
    Последна измена: 4 февруари 2020
  11. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.916
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200205-124227_Chrome.jpg
    Прашувам за оваа поточно. За лице е и со 30 фактор. Претпоставувам ја има во Зегин или каде што се продаваат и други производи на Веледа. Јас од овде мислам онлајн ќе ја нарачам, само да се осигурам прво дали е добра за секој ден, каква текстура е, за каква кожа :sun:
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Препорака за добра крема за лице со заштитен фактор , да потенцирам дека имам сува кожа.

    Буџет што можам да одвојам е 1000ка.

    Благодарам
     
  13. H.ava

    H.ava Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Имам користено различни креми за лице со заштитен фактор ама како оваа на Carroten не сум пробала подобра.
    mat_look_en.jpg
    Ама сега ми треба крема за лице со заштитен фактор од 30-50 и пудра со мат ефект да биде, ако знае некој ваков квалитетен производ нека ми препорача.
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    @Mishela @Doozy @Noemi
    Да не бидам офтопик во темата за TO, која крема со spf ја користите?
    Веќе години барам некоја фина, што нема да ја чувствувам тешко на лицето и нема да ме исфрла...
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Јас имам две.

    La Roche Posay за осетливи очи, фактор 50+, ја земам околу 1500 денари од Ани фарм. (аптеката во Капитол)

    TO SPF 30+, т.е. нивната, оригиналната, фактор 30ка.

    На Ла рош е потечна, полесна, на Ординери е погуста и помрсна.

    Задоволна сум и од двете, би ги зела повторно.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Ставив слика малку погоре, Каротен Sensicare.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    8.221
    @Avery
    Eucerin oil control три години ја користам подред, не остава никаква трага, лесна е за под шминка, одлично ми легнува. За комбинирана кожа е предназначена ама и мајка ми со сува ја користи без проблем, секако ставаме крема пред факторот.
    Од Зегин ја земам околу 950 и трае доста долго.
    Сакам да нарачам од корејските следно Cosrx или Purito.
    Користам само хемиски филтри или комбинации, на чисто физички не сум фан.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    20200227_165708.jpg

    Дали некој ја има користено кремава, да сподели искуство?
     
  19. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Јас ја имав оваа, генерално океј е, доста мрсничка и дефинитивно те светнува, си останува сјај. Мене најмногу ми пречеше само тоа што не се впива убаво, барем не на мене и летно време кога ќе се испотев, се лепев уште толку. Инаку имам сува кожа.

    @Luminary да не ја проба таа од Weleda? И јас и се спремам долго, ама читав доста негативни рецензии на нет, па чекам уште некој на форумов да пише па се одлучам. 8-|
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.916
    Пол:
    Женски
    Ја пробав да. Баш е фина според мене. Не остава премногу бело, ептен минимално ако се загледаш од близу (ако не ставиш пудра).
    За сува кожа ти препорачувам да ставиш убава хидратантна крема под неа, бидејќи последен пат приметив малку на образите како да ми ја истакнува "сувоста на кожата" :lol:
    Многу е лесна на кожа, не ја гуши кожата, не е масна многу исто така.
    Мене ми се допаѓа за сега. Мислам кога ќе помине студот уште подобро ќе ми легнува на лице. :D
    Зависи каква кожа имаш, ама ако ти фаќа око ова што го пишувам и ако си во можност, пробај ја. :)
     
    На dayla и poppie им се допаѓа ова.