Оил контрол на еуцерин ја користеше? Ако не ти е проблем кога ќе ја пробаш хелиокер сподели мислење во споредба со еуцеринот.
Еве да споделам каква е beige втората нијанса од кремата со спф 30 на Алга марис. Слична е а можрби пола ијанса посветла од Мадара. Ова е тестерче, јас ја имам таа со спф 50 ама не сум ја отворила уште
Оваа си ја купив јас неодамна, сепак изборот падна на Sundance. Не е лоша, ја користам веќе некое време и за цената (199 ден) е сосем пристојна. Ми се допаѓа тоа што е многу хидратантна и одлична ми е како подлога за пудра. Мирисот е малку чуден, ама нанесувам на лице и проаѓа, не се чувствува воопшто за да кажам дека ми смета.
Aко мислите на Gel Oil free dry touch го имам користено минатата година, добар е го препорачувам за мрсна кожа. И мислам дека цената тогаш му беше околу 1200 денари
Не ни погледнав позади на декларацијата, воопшто не ми е битно ова па не ни читам состав кај кремиве.
Јас пред некој ден ја земав оваа, бидејќи не можев да си ја најдам таа што ја користев со години. Ме изненади што има одлични состојки ко нијацинамид и содиум хијалуронат. Единствено ми пречи што има преинтензивен мирис на павловичева на почеток додека ја нанесуваш, меѓутоа за некои пола саат се ветрее. На лице кога ќе ја нанесеш воопшто не се чувствува, а на допир кожата е минимално леплива. Е сега не е мат, под некоја светлина ептен свети кожата, меѓутоа мене не ми пречи. На очи воопшто не пече, јас скроз до трепки мачкам и сум немал ни најмала реакција.
А од Heliocare ја има некој користено 360 water gel ? За комбинирана кожа океј е или сепак oil free? @Kimberly11 за тоа со лупењето иста мака имам ама мислам нема спф што не прави лупење, зависи многу и до пудрата и подлогата што се става пред спф-от.
Оваа од лево не сум ја пробала за да ги споредам, ама види имаше мислам и една друга на која пишуваше мат. Мислам дека исто и на неа пишуваше Sonnenfluid, во жолта или портокалова тубичка како оваа крема од лево беше. Ја немам пробано ни таа. Инаку оваа од десно во кутивчето мене ми е навистина одлична. Не е мат, ама не ми е ниту мрсна. Хидрира многу и преубаво се впива брзо, само рачунај дека кожата не ми е веќе мрсна туку нормална до кај комбинирана.
Јас ја имам таа десно, дефинитивно не е за мрсна кожа. Баш денес се мислев меѓу двете, лани мислам го немаше флуидот. А имаше минатата година за матирање, ама денес не ја видов во дм. Ако го пробаш флуидот, пиши впечаток.
Фала ти Може ли слика од флуидот? @Mishela Фала многу за опширното објаснување Имаше и други во портокалово пакување ама не ги загледав баш. Овие ми паднаа во очи, бидејќи видов 50ка фактор и тука што прочитав од вас само не знаев за каква кожа е. Додуша, го имав во златно пакување 30ка само не ми одговараше.