Лево на сликата што го држиш, тоа е флуидот. Го немам пробано. Десно е кремата, таа ја користев лани и задоволна бев, па ја купив пак годинава. Мене малку како мрсно ми оставаше, на лето имам комбинирана кожа. Ама оставав подолго да упие пред да ставам пудра или коректор, и добра ми беше.
Ќе се самоцитирам затоа што ја пробав кремата. Можам да кажам дека за мене ова можеби е најидеалната СПФ крема, дефинитивно најдобрата што сум ја пробала. Тоа што вели дека е Dry Touch можам да кажам дека навистина е. Најнелепливата крема е што досега сум ја пробала, а не штедам при ставањето, односно ставам подебел слој. Финишот е скоро мат, има многу слаб сјај по нанесувањето, исто како после ставање на некој хидратантен серум на пример. Не остава никаква бела трага и има лесен мирис (не е цветен, не е класичен мирис на СПФ крема, не можам точно да дефинирам, ама многу е пријатен) кој се чувствува подолго време. Има многу лесна текстура (затоа што е гел-крема), немрсна е и прелесно се размачкува и впива. Немав никаков проблем со серуми под неа. Што би можеле да се недостатоци? Јас варирам меѓу комбинирана-дехидрирана и нормална кожа. Пределот околу устата и ноздрите ми е многу сув и на моменти ми се лупи. Имајќи предвид дека кремата содржи и алкохол, непосредно по нанесувањето, кога испарува алкохолот, чувствувам благо затегнување на кожата кај образите, меѓутоа се губи тоа чувство за брзо. Исто така, забележав дека кога ми се лупеше брадата, по мачкањето со кремата исто како ништо да не сум ставила. Така што, ако имате ептен сува кожа или кожа што се лупи, или нема да ви одговара кремата или би било пожелно пред неа да ставате обична хидратантна крема. Од мене има 9/10. @sweet-cherry може да те интересира ако не си купила досега. @GirlRose, конечно се наканив да пишам искуство .
Имате ли искуство со дневен крем со СПФ кој не ја мрси кожата ? Кога и да ставам СПФ повисок од 20, кожата на лицето ми се мрси и дури добивам акнички, а сакам да користам заштитна крема во секојдневната нега.
https://www.bellina.mk/p/1206/calendula-krema-za-litse-i-telo-so-spf50-100-ml?categories=113 https://www.bellina.mk/p/1475/alga-maris-krema-za-litse-so-spf50-50-ml Овие две се сигурно водоотпорни. Првата се става малку по малку за да можеш да јс размачкаш поубаво. Втората е потечна , исто така водоотпорна, втората и јас ја имам ама пигментираната верзија и од двете имаш и спф 30 , овие што ти ги пратив се спф 50
Дааа, 200 ml e . Инаку, ја начекав на попуст и тогаш беше 1000 ден., а оригиналната цена беше 1400 ден .
Денес ја почнав кремата на frezyderm , и многу почнаа да ме печат очите од неа, изгледа ми влегло од неа во нив некако некој друг ваков проблем да имал?
Heliocare gel oil free е фантастична. Убаво се размачкува, впива за 2-3 минути и буквално е мазно и светло лицето како некој прајмер да имаш ставено, и ме изненади што не светнува ни после 5-6 саати лицето. Ја носев под пудра, ББ крема, ЦЦ крема, со сите легна фантастично и не ми се лупи.
Да се самоцитирам Две недели како ја користам Alga maris со спф 50 пигментираната крема, и тие на Моса и Мадара ми се допаѓаа многу, оваа за разлика од тие две е полу мат, на мојата кожа барем не е сјајна. Нијансата beige ми одговара , може е мааалку потемна од мојот тен ама кога ќе се размачка воопшто не се гледа дека е потемна.
Od stetnite sostojki ti e, I namene mi se slucuvalo od maskara, treba nekoja na prirodna baza da bide, Bez sulfati, parabeni, boi, parafinski masla, imas od belina, alverde, Ili racno napraveni uste podobro, na you tube I'ma mnogu recepti kako se pravat.
Никогаш повеќе кремава на frezyderm не знам зашто толку фалби за неа само, ај како текстура е ок, ама пече бре на очи ненормално, пазам кога ставам, и џабе после некокку саати пак пече. Па ај што пече туку и горчина осеќам во устата како да ми влегува од неа некако, со ниедна крема вака не ми се случило Ќе ја дадам на некој ако ја сака ако не во канта ужас од крема
Не се штетни сулфатите, парабените, боите и нафтените деривати. Штетноста на било која природна или синтетичка состојка зависи од количината, не од потеклото. Може да не ти одговара некоја состојка тебе лично, може и да не ти одговара во таа формулација, а во друга формулација да ти е супер. Но не се продава небезбедна козметика, нелегално е, има регулативи и закони што треба да ги исполнат брендовите, особено во ЕУ.
Sakam da kazam deka bilo koja kozmetika sto sodrzi stetni sostojki predizvikuva nekoi reakcii, kaj mene bese maskarata, bidejki sostavot I bil uzasen a jas ne znaev togas, kaj nejze e krema, bidejki sodrzi nesto sto ne e Dobro, ete bila so hemiski filtri, a podobro e so fizicki
Веќе напишав. Секоја состојка, природна или синтетичка може да е штетна во зависност од тоа во која количина се користи, на кој начин се приготвува и како се употребува. Дури и вода ако пиеш или вдишуваш во големи количини е штетно за организмот. По таа логика треба да речеме дека и водата е штетна, но не велиме, затоа што во нормални количини е дури и пожелно и неопходно да ја пиеш. Истите „закони за штетност“ важат за било која супстанција, без разлика дали е во козметика или храна.