Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. meksikanka

    meksikanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Takvi kremi ne treba nikoj da koristi, ne ja davaj na drug, frli ja vo gubre, Ako I'ma isti reakicii? Ti preporacuvam da se svrtes Kon prirodnata I organska kozmetika, I'ma mnogu od Nas koi ja koristime I sme zadovolni, na pocetok kaj nekoi se javuva isfrlanja kaj nekoi ne zavisi kako ja neguvale kozata I so sto, no potoa za nekolku meseci ke se iscisti celosno kozata I ke ti bide ubava, cista, I Bez problematiki. Za sovet moze da ja prasas biodevojka, na fb Instagram. Pozdrav
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблеми со кожата, имам чисто лице, голем дел од негата на лице ми е од советите на Магнолиа на инстаграм, ми требаше само СПФ крема и ја купив оваа затоа што многу ја фалат, значи не им смета на сите и затоа ќе ја дадам на некој што ја користи веќе .
    Не знам како дојде до заклучок дека имам проблеми со лицето :)
     
  3. meksikanka

    meksikanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Spored mene I vo Mali koncentracii da e, toa sto ne e Dobro ne e.
    A za prirodnite sto velis deka moze da bidat stetni, za odredeni produkti moze, ne za site, na pr etericnite masla se jaki I treba da se razredat pravilno ne se koristat cisti, treba pravilno doziranje, zatoa ne se zima na svoja taka nisto, mora prvo da se ispita nekoj sto znae.
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Не знам дали не ја гледаш контрадикторноста. Од една страна, велиш дека нештото е штетно и во мали концентрации, а после споменуваш дека етеричните масла иако се штетни неразредени, може безбедно да се користат со правилно дозирање. По твојата логика значи не треба да користиш етерични масла никогаш.

    Понатаму, ако ова е така за етеричните масла, тогаш зошто е поразлично за другите (синтетички) состојки? Буквално истото го кажа како тоа што го пишав, дека супстанциите може во одредена количина (доза) да се штетни, но во друга да не се.
     
  5. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Пробај ја оваа
    https://www.bellina.mk/p/1205/calendula-krema-za-litse-i-telo-so-spf30-100-ml
     
    На meksikanka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meksikanka

    meksikanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Toa sto e prirodno ne moze da steti ako pravilno se koristi, a toa sto e sintetika I vo Mali kolicni da e sepak e stetno, bidejki go nanesuvas sekoj den, so godini, vleguva vo teloto, krvotokot, ubavo si pisuva I na net deka predizvikuvaat hormonalen disbalans, rak, alergii, Edna zena picinala taka, koristela farba za kosa, koja sodrzela stetni sostojki I bila na lekar mnogu pati ne mozele da doznaat od sto dodeka razberat Bilo kasno, Dali ke odgovara firmata sto gi proizveduva, ke priznae li , sekako deka ne, a velat deka e se zakonski, regulativi I'ma, kako da ne, tie I'm gi pustaat proizvodite vo prodazba, ne lazat deka ne e nisto toa, sepak I'ma posledici Po zdravjeto na covekot. Ne treba da I'm veruvame na tie so tvrdat deka e bezbedno.
    I'ma Edna izreka, ako nesto ne se jade ne go stavaj ni na kozata, jas se vodam Po toa
     
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    И природните и синтетичките состојки се некаков вид на хемиски соединенија и како такви, важат истите принципи. Не се работи за тоа од каде потекнува соединението, туку какви се неговите карактеристики. Сите природни соединенија немаат полезни дејства за нас, исто како што сите синтетички соединенија немаат штетни дејства на нас. Не може да се тргне така линија: природно е супер, а синтетичко и во мали количини е лошо. Светот не е црно-бел.
    Истото важи и за „природните“ состојки.
    Не баш, ако апсорбиравме сè така, тогаш секој пат кога ќе се туширавме и влегувавме во езеро, море итн, ќе се полневме со вода. Баш напротив, козметиката дава толку ограничен ефект затоа што многу корисни состојки не можат да навлезат доволно длабоко во кожата. Затоа за подобар ефект се осврнуваме кон козметички третмани или естетски интервенции.
    И ова не е точно. Прво не влегува секоја состојка во крвотокот, а второ, и да влегува тоа само по себе не мора да е алармантно, затоа што може не нанесува никаква штета во организмот и само се исфрла.
    Повторно, и природни состојки можат да го предизвикаат истото.
    Арсенот е природна супстанција која може да предизвика рак. Алкохолот е исто карциногена супстанција, но не секој што пие чаша алкохол секоја седмица добива рак.
    Најголем дел од алергиите што ги имаат луѓето се на состојки од природно потекло. На пример, луѓето што се алергични на полен, путер од кикиритки, пченица, млеко, јајца... Алергија може да ти се развие било кога во животот и од било која супстанција на која си изложен, иако претходно си немал проблем при изложеноста на таа супстанција. И тоа не зависи од нејзиното потекло. Како што реков, најчестите алергии се однесуваат на „природни“ состојки, затоа што се покомплексни, односно нивниот состав e покомплициран за разлика од синтетичките состојки каде што се има поголема контрола што сè содржат и можат да се отстранат соединенија што најчесто им прават проблеми на луѓето.
    Еве овде можеш да видиш колку „хемија“ природно има во една обична банана:
    гдфгфд.png
    Ова веќе спаѓа во теории на заговор и не знам како да го аргументирам, не можам да докажам нешто што не се докажува.

    Прво треба да се сфати дека обичниот човек не е експерт во секое поле и не може да ги разбере финесите на одредена проблематика, односно многу лесно може да се дојде до недоразбирање и да се донесе нереален и неточен заклучок. Затоа има експерти и научен консензус, регулативи итн според кои можат да се водат тие експерти и да донесат реален заклучок. Оттаму, дали жената починала од фарбата или не не може да заклучиме само поради тоа што фарбата не е „природна“.

    Понатаму, секој човек има индивидуален организам и индивидуален тригер на проблеми и едноставно невозможно е да се генерализира дека едно нешто е безбедно за сите. Јаготката за тебе е безбедна, за некој што е алергичен на јаготки може да е прашање на живот или смрт. Ако ја виде горе сликата за бананата, можеш да замислиш на колку хемиски соединенија сме секојдневно изложени во животот, и тоа само преку исхрана. Многу е тешко однапред да се знае што тебе лошо би ти влијаело. Можеби е една состојка, можеби е комбинација на состојки, има милијарда комбинации што не можеш да ги истражиш одеднаш. Некогаш и цел живот ќе го поминеш без да дознаеш што ти штетело или на што си бил алергичен.

    Оттаму, и за жената не може да се знае што било штетно за неа. Еве ако млекото е штетно за 2-3% од вкупната популација затоа што имаат алергија на млеко, дали тоа значи дека млекото е штетно за секој и секој треба да го избегнува? Истото важи и за други работи.

    Се согласувам дека светот не е совршен и има заташкувања, но не е сè лага.
    Во ред, твој избор. Меѓутоа како знаеш што се јаде кога ќе ги видиш состојките на некоја крема? Самото тоа што на кремата пишува дека е природна, сама по себе не кажува ништо, затоа што тие природни состојки треба да се обработат некако за да ги добиеш во форма на козметички производ.
     
    Последна измена: 2 мај 2022
    На angela.kostova, SimplyElegant, Konfetka и 13 други им се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    :bow::bow::bow:
     
    На Konfetka, Aztec, LucyLu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mar123i

    Mar123i Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali mozi da mi preporacate krem za lice so SPF za mrsna koza od koj ste zadovolni.
    I sto mislite za eucerin oil control spf50?
     
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Одличен! Нема да згрешиш во никој случај. И под пудра супер стои.
     
    На Aschenputtel и Mar123i им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    На Алга марис кремата со спф 50
    Или на Леврана исто спф 50
    И двете ги има во Белина

    Таа на Еуцерин еднаш ја купив пред 2 години ама мене не ми се допадна
     
    На Mar123i му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    6.535
    Ја има ли уште Леврана pink 50ка? Вчера отворив на Белина, од пигментираната имаше само 30ка фактор, 50ката ја немаше воопшто. Во продавниците да не ја има случајно?
     
  13. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    На Mar123i му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    Јас пред неколку дена ја купив од Ист гејт
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.022
    Допаѓања:
    40.351
    Пол:
    Женски
    Еве мене ми ја дава

    https://www.bellina.mk/p/1208/pink-...a-litse-i-telo-so-spf50-100-ml?categories=113
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    6.535
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.022
    Допаѓања:
    40.351
    Пол:
    Женски
    Точно сега забележав, во категории за лице како креми со спф не ја дава, а преку брендови ја дава.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.284
    Допаѓања:
    12.359
    Пол:
    Машки
    Оваа и за лице може да се користи или различна е таа од еуцерин dry touch 50+ за лице?
     
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    На оваа пишува дека е за тело, ама јас ја користам за лице затоа што не е тешка како што се најчесто за тело, а економски повеќе ми се исплаќа оваа да ја користам за лице отколку да купувам малечка од 50 ml само за лице, а за слична цена :D.
     
    На Aztec, Bezimenka90 и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  20. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    172
    Дали ја има во МК и каде?
     

    Прикачени фајлови: