Дали ја има некоја користено оваа крема И сакав да прашам крема со спф за дете за тело 7години која би ми ја препорачале по можност доколку има во дм
Доколку седиш покрај прозорец постојано, пожелно е. Нема врска дека не фаќа директно сонце терасата или било што, зраците кои не се гледаат/чувствуваат се рефлектираат од површини, особено од бетон и сл. Затоа се случува и на плажа под сенка да изгориш (заради рефлексија на зраците од песок/море/што и да е), а и дури и кога е облачно продираат низ облаци, иако не ги гледаш (затоа се случува и луѓе на море/планина да изгорат иако е облачно). Затоа и напишав ако седиш покрај прозорец не е лошо да носиш. Нема да изгориш, да, затоа што стаклото ги филтрира зраците од кои најмногу ти гори кожата (видливите зраци - УВБ), ама ако целта ти е да спречиш предвремено стареење на кожата, имај предвид дека зраците кои влијаат на тоа (УВА - тие кои не се гледаат и не се чувствуваат) поминуваат низ стакло. Што се однесува до финансискиот дел, те разбирам, така е, треба да се подостапни... Јас почнав да практикувам да користам креми за тело за лицето и вратот, затоа што се во големи туби, а имаат слична цена. Секако, треба и да ти се погоди естетски кремата. Имам пишувано поназад на темава со впечатоци од 2 креми од Еуцерин (всушност, едната е таа што ја споменала @firequeenn на следната страна).
Јас денес ја пробав levrana pink0+ Само што ја нанесов на раце. Кремата е густа,тешко се размачкува и има розе боја. Бојата се губи кога доаѓа во контакт со кожата, и плус самата текстура е речиси впиена во кожата ко мрсна крема за тело. Не знам како да објаснам баш да речеме нема сјај. Ми се допаѓа мене тоа,што значи нема да се флека на облека.
мене воопшто не ми се погоди оваа крема, розеникавата боја останува на лицето иако ја размачкувам долго прво на раце потоа на лице
Во принцип не се трајни флеки, ама остава трага. Јас затоа и се мислам што понатаму со кремиве. Сега ја користам Алга Марис пигментираната и полесна е од оваа за летно време, ама со вратов незнам што ќе се прави. Ќе треба друга крема за врат да користам
https://ziajaonline.co.uk/products/ziaja-med-spf-50-matifying-cream Јас и ќерка ми ја користевме оваа на Ziaja претходниве две години. Добро штити и не ми го мастеше лицето премногу што ми е најбитно. Единствено ми беше проблем тоа што го пиша - оставањето траги на облеката, бидејќи ставав од неа секој ден на вратот и деколтето. Баш заприметив дека остава некои слаби жолти дамки на работ од маиците. Внимавав да не носам бели маички и крагњи ако ставам од кремата или да не ставам на вратот. Искрено не знам дали има и млеко за тело што не флека облека, за да може од него да се стави на врат и деколте. Досега сите биле исти.. Ако знаете такво, пишете.
Од Балеа има нова крема, со нијацинамид и спф 30. Не сум ја пробала, но ја забележав во ДМ. Исто во ДМ има и од sundance креми со фактор, јас го имам флуидот со СПФ 50 и е доста солиден за цената, се впива во кожата и остава благ сјај но не е страшно, јас покрај тоа што имам мрсна кожа не ми ја масти дополнително кожата.
На гугл ми излегува дека била кремава за кожа над 25г и повозрасни демек, а баш ми фати око... Нешто за помлада кожа тогаш?
А зошто не нанесуваш и на вратот од кремата на Алга марис? Јас и на вратот нанесувам, и за заштита и да не ми двои од лицето. Јас од Леврана ја пробав таа белата спф 50 на децата и на моите раце , тешко се размачкува инаку да, јас капка по капка ставам и така ми е полесно.
Ставам, ама кошулите ми страдаат сега па летно време како што најчесто бело носам. Ќе мора да ја комбинирам со непигментираната. А таа на леврана точно и јас малку по налку ако додавам полесно се размачкува и побрзо впива, ама дефинитивно полесно од други со физички филтри. Алверде и веледа кога користев за мали не се впиваше со саати и неможев ни да ја измијам. За разлика од нив оваа е одлична во тој поглед.
Таа ми е тешка за летно време а плус и как неа пигментот остава траги на алишта како пудра. Затоа сега оваа најверојатно ќе ја земам за врат, па ќе изедначувам некако. Јас секако ја земав најсветлата, таа средната од тестерот ми личеше потемна за мене, па со малку камена ем ќе сетирам ем ќе изедначувам. https://www.bellina.mk/p/1679/alga-maris-losion-za-litse-i-telo-so-spf50-100-ml?categories=124
Чудно ми е, ова што ми кажуваш... До сега не сум имала проблем. Ајде ќе видиме, ја вака за прв ден ок ми е.
@Biodevojka Што мислење имаш за креми кои што содржат само цинк оксид, а не и титаниум диоксид? Имаат доволна заштита?
Да ми препорачате спф50 за осетлива кожа? Се што сум пробала до сега многу ми го исфрла лицето а сакам да почнам редовно да користам