Моментално ја користам оваа на The Ordinary ама мноооогу лоша боја остава, како сива/виолетова, буквално како мртовец изгледам, ионака сум со светол тен, настрана тоа што мириса многу лошо. И ми здосади да морам одозгора да покривам со коректор само за да не е видливо сивилото. Чаре некое како да се снајдам за да ја дотрошам барем? И предлог за друга поевтина варијанта ако може? Гледав од Sundance вчера ама некако страв ме фаќа да земам крем што е и за на тело и за на лице, да не ме исфрли (имав лошо искуство претходно со друга крема додека бев на одмор, цела со осип бев).
Јас ја имам 15ка ама мојата не мирисаше. Ја оставив во Мкд сега кога бев, сива е тоа го напоменав во темата кога ја фалев,ја сум со темен тен и не се познаваше. После неа ќе ставев прајмер па пудра и терав. Инаку на Моса ти ја препорачувам.
Моса, Скиндивижн или Леврана, така поевтини, макар втората е скапа за таа количина, ама е убава и дава многу убав сјај, за мирис да не зборам, на плажа мириса. Зависи и колкав спф сакаш, јас користам 30ка, не ми треба појак. Спојлер Најефтин е последниов.
Го земав овој на Виши од аптека денес пошо никаде нема нешто избор на креми со спф. За масна кожа. Прв пат го пробувам. До сега користев на La Roche Anthelios 50+ spf и Eucerin 50+ spf gel creme for oily skin.
Здраво драга, зависи од формулата. Обично оние само со цинк оксид се ок, затоа што цинк оксидот е УВБ и делумно УВА проблемот е доколку се земе крем само со титаниум диоксид кој е претежно УВБ филтер. Кога истиот е микронизиран има тенденција да ослободува слободни радикали и во формулата потребно е да биде обложен со нешто со цел да заштитува и од УВА или пак искомбиниран со состојки кои имаат антиоксидантно дејство. Во добро формулиран производ најчесто се наоѓа во комбинација со алумина (alumina)или гама оризанол (gamma orizanolo) и во тој случај производот одлично штити од УВА и УВБ. Значи не можам да генерализирам сѐ зависи од формулата на еден производ. Би сакала да ви оставам едно видео каде се објаснети сите најчести длеми поврзани со средтсвата за заштита од сонцето. Се надевам дека ќе ви биде од корист.
Здраво на сите, молба до @Biodevojka да ми препорача крем со фактор за кожа со депигментации за машка особа 30+ Благодарам
@Biodevojka Дали можеш да ми препорачаш крем со заштитен фактор за син ми ,8 и пол години ,светол тен со плави очи.
Devojki , mozno li e Mossa da e komedogena? Imam nekolku bolni novi akni, edna na celo, edna na obraz, na nos , edna na brada. Staklo mi bese licevo, nemam nisto novo vo rutinata, osven Mossa spf toniraniot krem. Dali e koincidencija ne znam. Mozebi i vo PMS sum sega. Mnogu mi e ubava, kakov sjaj dava, bleskam Ne bi sakala da ja smenam. Pred toa koristev CeraVe day lotion so spf 30.
Немам таков проблем, многу е убава. Можеби дека си во Пмс ама следи ситуација и кога ќе си надвор од Пмс да видиш баш.
Не сум имала и немам таков проблем со Моса, комбинирана ми е кожата, во лето поизразено. Нека ти помине менструацијата, па види пак. Навистина е убава кремата. Исто убав сјај дава на Скиндивижн glowing spf cream, ама е поскапа, и од неа приметив како да ми се суши кожата околу устата и ми се прават како лишаи. Иначе кремот е убав и ефективен, мириса на плажа, не е нешто покривен, ама сјајот што го дава е wow.
Ne znam ,ke prodolzam da ja koristam pa ke vidime. Sklona sum na akni,taman vo red se staviv mozebi 2 godini terav, sega mi se stemni koga se vidov vo ogledalo
Кремата не чини воопшто. Џабе 1300ден. потрошив. Пишува дека е Mat/oil control, а напротив уште по масно го прави лицето, се растопува како да те поти. И тоа 5-10 мин. по нанесувањето. За штитење од сонце штити, ама џабе кога се друго фали. Има креми што се спф50 и мат. Единствено нешто што ми е океј е дека со многу малку крема се покрива цело лице, значи ептен малку. Ако ставам малку повеќе од тоа, не се размачкува останува бело. Дефинитивно тоа не е крема за низ град или за на работа, тоа ти е крема за на плажа, кај што не се замараш дали ти свети лицето. Најверојатно ќе се вратам на Еуцерин или ќе барам друга. Дајте солидна препорака за спф 30/50 крема за масна кожа?
La roche posay anthelios xl Shiseido ultra sun protection lotion Levrana кремите за кои пишувавме пред неколку страни (единствен минус тешко се размачкува и го остава малку бело лицето)
Која крема и да е, самиот факт што те „приморува“ да ставаш помалку треба да е доволна причина зошто не ти е погодена кремата. Кај СПФ кремите најмалку треба да имаш потреба да штедиш на крема; напротив, најчесто не ни ставаме доволно. А заштитата што ја добиваш зависи од количината што ја ставаш затоа што СПФ бројката, односно заштитата што ја пишува на шишето се добива кога се користи одредена количина од кремата. Треба да се става отприлика 2 цели прсти (не тенки линии) за лице+врат.