Heliocare gel oil free fluid. Цел ден не светнувам, се чудев. И мене Вишито ич не ми одговараше, порите огромни ми изгледаа.
И јас ја имам користено еуцерин само што ја дотрошив пред 10тина дена, у меѓувреме го купиви Фризидерм 50ка. Перфектен е, поубав немам користено. Пробај обавезно, само внимавај има и тонирана крема. Фризидерм, презадоволна. Подобар е од еуцерин.
Драга мене фаворит ми е дефинитивно овој на Биосолис Една од најголемите заблуди од која ми се крева коса е дека производите со масла се комедогени или не одговараат на масна кожа. Дечки секој тип на кожа, па и масната има потреба од производи кои во својот состав содржат и масла, тајната е во тоа како се искомбинирани. Запомнете не постојат комедогени масла и сите масла се потенцијално комедогени, во зависност од начинот на употреба и количината во еден производ. Стриктно производот за кој прашувате на Моса (кој е еден од моите омилени и моментално го користам) ја има следнава декларација СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ZINC OXIDE, ISOAMYL LAURATE, DICAPRYLYL CARBONATE, POLYGLYCERYL-3 POLYRICINOLEATE, GLYCERIN, CETYL RICINOLEATE, SORBITAN SESQUIOLEATE, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED WAX, OLEA EUROPAEA (OLIVE) FRUIT OIL, SODIUM CHLORIDE, BEESWAX, GLYCERYL CAPRATE, MAGNESIUM STEARATE, AROMA, SODIUM DEHYDROACETATE, RHUS VERNICIFLUA (SUMAC) PEEL CERA, SHOREA ROBUSTA RESIN, CELLULOSE, HIPPOPHAE RHAMNOIDES (SEA-BUCKTHORN) FRUIT EXTRACT, XANTHAN GUMRUBUS IDAEUS (RASPBERRY) FRUIT EXTRACT, ALUMINUM TRISTEARATE, CI 77491 (IRON OXIDE), CI 77492 (IRON OXIDE), CI 77499 (IRON OXIDE), ASCORBYL PALMITATE (VITAMIN C), SODIUM PHYTATE, TOCOPHEROL, POTASSIUM HYDROXIDE, RUBUS IDAEUS (RASPBERRY) SEED OIL, GLYCOLIPIDS, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, SODIUM HYALURONATE, LINALOOL, LIMONENE. Како база (од маслен аспект говорено) употебени се: добиено од преработка на кокосовото масло, многу лесно со свиленкаст ефект, потоа дикаприлил карбонат кој е многу лесно масло, лично го имам и јас и е одлично како база за сите типови на кожа. Густината на ова масло е 0,890. Во формулава истово е искомнинирано со сончогледово кое е средно лесно масло со густина од 0,921 и маслиново. Доколку во еден производ се користат само лесни масла, истите по два часа ќе се вратат на кожата и ќе е створи ефект ребоунд, односно кожа која изгледа масно, меѓутоа доколку се искомбинираат неколку масла со различна густина како овие, плус се додадат вооци (во случајот пчелин) и останати состојки како цетил рицинолеат кој ја подобрува структурата и густината и дава свиленкаст финиш на производот, се добива формула која нема да има ребоунд ефект. Токму затоа ве молам не употребувајте зборови како „има масла и мора да е комедогено“, сѐ зависи од формулата и умешноста. Откако го разјаснивме ова да ја прашам @DaisyDream што корити под самиот крем, како ја негува кожата и со кои производи. Дали прави двојна детерзија. Запомнете една многу важна работа летно време кожата се брани од сончевите зраци преку активирање на 3 важни механизми: зголемено лачење на себум (од проста причина што себумот е богат со вит. Е кој е антиоксиданс и не штити од слободните радикали од сончевите зраци), синтетизира многу повеќе кератин (кој е наш природен заштиен силтер и усшева да филтирра до 70% од сончевите зраци) и секако синтетизирање на меланин кој ги заштитува нашите клетки од мутација. Летно време многу е нормачно кожата повеќе да лаќи себум токму од оваа причина и можно е да се појави по некоја бубуљичка и онаму каде што немало. Еве ви отавам и едно видео каде имам говорено токму за овој проблем Драга до таа цена природна тешко да најдам, а со хемиски филтри не може да ти препорачам, не е мој стил.
Може да ми предложете крема за лице што можам и на плажа да ја користам, што не го мрси дополнително лицето? Ја купив лани Фризидерм тонирана ама ми се нафрли лицето, не знам дали беше до кремата или од нешто друго...
Levrana можеш да ја пробаш, не е воопшѕо мрсна ама тешко се размачкува. Друга убава а не е мрсна на La roche posay anthelios xl
Јас ја користев лани и супер се покажа арно ама остава сјај некој кој не ми сметаше. Ако ти е за под пудра треба да ја оставиш да упие па после. Идеална е за плажа пошто штити.
Препорачајте крема за сува до нормална кожа? И со најниска можна цена бидејќи периодов не сум баш при пари.
Со најниска цена можеби нешто од Sundance, јас ја купив Sensitive кремата, 200 денари беше, ама пишав дека мене ужасно ми ги испече очите и ми солзеа пола ден од неа, најверојатно од хемиските филтри. И ја дадов на мајка ми, она ми кажа дека го избегнала делот околу очите и немала проблем. На Алверде исто можеш да пробаш, сигурно се малку поскапи од тие на Sundance, ама се со физички филтри и не би требало да има таков проблем. Друга крема, хмм, имам користено и од македонскиот бренд Black up, таа беше 150-200 денари, и таа ми правеше мал проблем со очите, ама внимавав како ставав и таа беше ок, добро штитеше.
Здраво девојки, имам лице со акни, па сакам да прашам што мислите која од овие две спф креми ќе ми одговара повеќе? Или пак да ми препорачате некоја? Обично кремите на биодерма ми се допаѓаат.
Ако лицето ти е плус мрсно, јас би ти ги препорачала кремите со 50 на La roche posay anthelios , тие две што ги имаш постирано ги немам пробано
Јас би ти ја препорачала на Mossa spf30 многу е убава. Првата ја имам од сликата во плаво пакување ама сеуште ја немам пробано.