каде можам да ги најдам кремите ма Carroten со фактор у ск? и дали има некоја за матирање и да не е мрсна да не ми праи бунуљички. Фала
Дали ја имате користено Биодерма кремата со фактор за лице? Дали остава масен виниш? Ме интересира дали можам да ја употребувам самостојно без да ми свети лицето ама и под шминка. Која цена е?
Наредна недела планирам да ја купам, па ако не ти се брза можам да ти пишам каква е и која е цената. Моја блиска многу е задоволна од неа. Моментално ја користам Еуцерин оил контрол, и супер е, брзо се впива, не ми солзат очите, не остава мрсен финиш и супер е како подлога за шминка. Можеш да ја разгледаш и таа опција.
Девојки, искуство со кремава, каква текстура има, дали остава масен сјај? Имам комбинирана кожа со масна т зона. И цена ако знаете пишете
Да додадам за Веледа кремата за лице со спф. Овде уште не се високи температурите, и не ми одговара баш, ми ги истакнува сувите делови на кожата и така и се познава бело Дефинитивно не е за сува кожа. На нормална/ масна можеби поубаво ќе легне. Ќе ја оставам на чекање за потопли денови, или ќе ја користам само кога ќе сум по дома. Денес го нарачав лосионот за лице од Еко козметикс спф30, за пресензитивна кожа. Па ќе пишам како сум задоволна.
Здраво. Сакам да ве прашам дали може да користам крема со AHA/BHA и врз неа да ставам крема со спф? Ви благодарам.
Подобро не, кремите со алфа и бета-хидроксилни киселини препорачливо е да се користат навечер, а преку ден посекако треба да се става со СПФ. Ако ставиш и крема со киселини дење, може само полесно да ти се иритира или изгори кожата.
Неколку прашања: Ја има оваа крема кај нас? Ако да, која и е цената? Последно, какво искуство имате со неа? Кожата ми е комбинирана, но некои делови од лицето ми се суви поради третман за акни, па ми треба крема со СПФ што не содржи алкохол во составот, а оваа изгледа океј.
Денес втор ден ја ставам, веројатно уште е рано да кажувам сигурно како е што е, ама вчера супер беше. Кога ја нанесов првите 5 минути ми беше лицето како помрсничко, ама после се матираше. Не пишува дека е мат или нешто, но си се впи изгледа и баш ми легна на кожата. Не носам сега шминка поради очигледни короновски причини за да знам како би стоела под шминка, ама ќе пробам и тоа деновиве.