Јас имам масна кожа и еуцерин оил контрол уште толку ми ја масти. Следно и јас ќе ја земам оваа на Heliocare.
Сите ги имам и од сите светам. Пилингот Aha Bha од The Ordinary не чисти ништо. Ги чистам порите со металната алатка или со крпа, но тогаш се иритирам ептен. Значи ми нема спас ниту СПФ крема за масна кожа, со што проширените пори уште толку ми доаѓаат до израз. Се откажувам од се онака само со ладна вода и нежно ќе го мијам лицето и ќе ставам спф крема. И покрај толку спф креми пак имам блага депигментација за којашто ни Ц витамин не помага. Колку повеќе производи користам и колку повеќе го чистам се полошо изгледа.
Сакав да сугерирам да го сетираш кремот со камена и со мат спреј за шминка, но сигурно си пробала така кога ставаш и пудра.
Што друго користиш? Односно, најважното - како го чистиш лицето? Бидејќи дел од производиве ги знам како одлични за масна кожа склона кон акни, и самата ги користам со хормонални акни и тоа, лицето ми е океј
Пилингот од Ординери не ги чисти порите, туку трга слој од мртви клетки. Порите се полнат секојдневно со себум и нечистотија. Тоа што го иритираш лицето со механички пилинг (алки и крпа) уште повеќе ќе го масти и ќе изгледа и ќе се чувствува грубо. Земи си маслен чистач, балзам или масло има голем избор по продавнициве. Со масниот чистач на суво лице убаво измасирај ги деловите од лицето со пори, одмиј и стави чистач со чајно дрво или салицилна, масирај 1мин и одмиј. Продолжи со нешто нежно за навлажнување, тоник или серум и убава крема. Со ваква едноставна рутина ќе ги одржуваш порите колку толку чисти и визуелно ќе изгледаат помали, плус ќе го регулираш себумот. Порите најубаво се чистат со маслен чистач затоа што се полни со себум кој е лепак за нечистотиите и дава изглед на 'црнки'. Мој предлог е heimish балзамот, cosrx good morning low ph клензерот или salicylic acid клензерот, purito buffet серумот и iUnik centella calming кремата. Ординери пилингот остави го за Септември, ти лупи слој од кожата, го прави лицето осетливо и уште повеќе ќе ти се познаваат флеките зошто лесно примаат сонце после пилингот. На витамин Ц му треба минимум 6 месеци за првичен резултат, би ти препорачала и азелаична киселина за флеки, доста по моќна е. Многу сум офф, за он летово сум задоволна од Cosrx Aloe spf 50 и Алтруист спрејот со спф 50.
И двете се мат. Ја земав таа првата крема пред недела дена, нова е во продажба па решив да ја пробам и супер е веднаш се впива во кожата. Разликата е што првата е мнооогу течна , а другата е погуста ама пак брзо се впива и е мат
Втората дефинитивно е најдобра, само не можам да ја најдам во мк, а не ми се чека нарачка. Затоа од тука фрлам пари и експериментирам со нови креми за жал. Првата воопшто не е мат, ја имам и баш затоа не ја користам.
Користам кремаст производ за миење на лицето. Ептен е нежен, Balea, розова тубичка. Не ми ја суши кожата и ја остава мека. Користам масло од јојоба, Ц витамин серум, хидрстантна гел крема на Нивеа. Ништо агресивно. И кога ставам СПФ крема светнувам. Од било која.
@Annath @Noemi Да се надополнам. Кремасто средство со бадемово масло и витамин Е. (не се шминкам) За пресушена и чувствителна кожа. Користев порано ептен слично на тоа но не беше Балеа и беше поскапо. Не ми текнува кое беше. Но мислам дека не е до средството, после миење со истото, лицето ми е чисто и добива убав природен нежен сјај и мекост. Сепак кожата на лицето ми свети онака масно и нездраво од кога ќе нанесам СПФ крема. Било каква.
Немам акни, ниту имам кожа склона кон акни. Имав во основно и средно училиште некој период акни, сега само OILY SKIN и проширени пори. На сликите моментално ми е измиено со нежно средство(пишав погоре, Балеа) па имам ставено и Ц серум и масло од јојоба. Немам моментално добра камера но може да се види колку толку за шо кожа станува збор. Ете исто така светнувам од спф кремите.
Прашај ги @larocheposaymkd на инста каде ја имаат , ќе ти кажат Втората е различна ко што гледам од твојата крема на сликата, еве ја мојата и мислам нова е сега излезе во продажба. И да и двете се мат според мене
Иако е наменето за ваква кожа, мислам дека ти прави огромен проблем маслото од јојоба и да видиш да не го користиш некое време за да забележиш разлика. + Претпоставував дека се работи за недоволно чистење на лицето бидејќи ти фали прв чекор - мицеларна вода ( не ги сакам маслените чистачи поготово за проблематична кожа ). Пробај вметни мицеларна вода, бидејќи ова на балеа самостојно не може да исчисти се - најмалку па масло и спф. Вит Ц серумот и Нивеа кремата доколку не ти прават реакција супер
Немаш ок рутина, ти треба масло што ќе го 'раствори' спф-от, потта и себумот од порите што се стварал во текот на денот или ноќта како би се одмиле со вода. Масло со масло се раствара не со вода. Ја има користено Балеа кремава одамна и е агресивна и пресушува, а не чисти. Пените од оваа линија се малку подобри. Нивеата не е ок крема (сум ја користела и неа) затоа ти сјае лицето, не хидрира длабински, не смирува иритации и немаш bouncy здрава кожа туку површински масна, а длабински дехидрирана. Вметни си прв чекор со маслен чистач и ќе видиш огромна разлика, види на coslovemetics имаат попуст на некои брендови сега и подобра крема. Мицеларната е само за случаи кога немаш маслен чистач, многу е понежен и поефикасен маслениот чистач за проблематична кожа. Еуцерин оил контрол ми е holy grail, го немам сменето со години, купувам други од љубопитност ама секогаш го имам на залиха.
Која е попокривна, оваа на Alga Maris: https://www.bellina.mk/p/1477/alga-maris-beige-pigmentirana-krema-za-litse-so-spf30-50-ml Или оваа на Mossa: https://www.bellina.mk/p/1069/365-d...rema-za-litse-so-zashtiten-faktor-spf30-50-ml Од која сте позадоволни?
Алга марис е попокривна. Јас моментално ја користам. Мене многу ми е убава. За обични прошетки не ставам ништо врз неа, за на работа сетирам со камена.