Која од овие две креми е за чувствителна кожа? Втората ми се допаѓа по составот,но и првата не е така лоша. Не е за мене,за другарка прашувам..
Која од овие две е подобра? Бледа сум на тенот па да не е многу темна. Таа на Mossa ја имам ама некако е портокалова..
Втората ја имам убава е многу,но пигментирана е и не знам како ќе ти стои тебе поради тенот,да не ти е темна. Алга Марис има нијанси да си одбереш.
И двете ги имам, Мадара е нешто посјајна. Таа на Алга Марис има три нијанси, ѕирни ја ivory нијансите другите ќе ти бидат темни. Мадара е една нијанса ама малку е темна за тие со мн светол тен
Има од каротен во спреј во Тинекс и сигурно по парфимерии, јас го купив од Тинекс, еден (мислам) беше неутрален, друг со мирис на кокос, 50ка фактор, како дезодоранс е, ама не знам дали можеш да го користиш на лице. 200 мл околу 650 ден мислам беше.
Не знам за првата крема, ама втората и јас ја имав купено и сакав да ја пробам и повеќе не би ја купила повторно . Мноооогу долго треба да триеш за да не се познава којзнае колку бело, а да не зборувам за реапликација... Сега ја користам исклучиво кога не е важно како изгледам, при спортување .
Првиот види по супермаркетите дали го има. Вториот по аптеки, ако ти треба плус мат вториот матира 100%
Не не, воопшто не остава ништо на лицето мeне ова летно време ми е must have. Секаде го носам со мене, на два часа прскам на лицето и тоа е. Не остава ни бело, ни мрсно еве прскав на раката да видиш, нема ништо.
https://lifeline.mk/product/esi-propolgola-sprey-alkohol-free-20-ml/ За спрејов на знам, ама за anthelios линијата ги има во аптекава и во Бети аптеката евентуално да проверите. Ла рош имаат страна може да ги контактирате таму каде ги имаат производиве
Кој производ од Heliocare би ми го препорачале бидејќи има многу па не можам да се одлучам. И која е разликата помеѓу гелот и кремот 360?