Кремава е розева и тешко се нанесува (барем додека не се навикнеш). Остава бело и е помрсна. Јас имам сува кожа и ја користам секојдневно, не ми го мрси и не ми го нафрла лицето.
Јас ја имам таа со спф 50, се нанесува малку по малку , тешко се размачкува тоа да, ама мене лично не ми е мрсна воопшто, и најчесто ја користам пред шминкање
Има една финта за Левраната, мене барем ми успева. На полу влажна кожа од тоник/серум, побрзо и полесно се нанесува. Остава бел траг но за брзо и него го нема.
@koritsaki мислам дека ти користеше крема на ла рош со фактор ако не грешам Па сакав да те прашам неможам да ја најдам јас та што ја користам па знам дека и ѕи имаше мрсна кожа Да напоменам кожата ми е склона кон акни Повеке би сакала нешто мат
Здраво, бидејќи не најдов тема за тоа, а сакав да прашам, пишувам тука како најблиска тема: каква крема/спреј користите за после сончање? Користев еден на база на алое вера, ми се потроши па купив маст Јекодерм, но cè уште ја немам користено за таа намена. Ваши препораки и мислења? Фала многу
Да , на Ла рош оваа ја имам и ја користам пред шминкање и кога не сум шминкана , а ако имам шминка веќе на 2 саата се прскам со ова Мат се и двете, таа првата веднаш се впива и не е мрсно воопшто лицето. Има уште една во исто пакување и секој што сака да ја земе таа погоре да внимава да не ја измеша со оваа ја имав користено пред 2 години ама не бев воопшто задоволна , не е воопшто мат оваа на сликата. Значи гледајте да пишува uvmune 400
@koritsaki само овие две ги има за да ги земам одма Како ти таа што ја препорача нема сега ке треба да нарачувам Дали имаш од овие користено некоја?
Да, втората ја имам користено сосема ја заборавив неа не е толку течна како таа од минатиот мој пост за која што пишав ама одлична е, го матира лицето исто така. првата ја немам пробано ама мислам има и анти ејџ состојки во неа.
Кога бев на одмор буквално на пола саат ставав спф. Ама вака преку ден кога излегувам ставам еднаш и готово поголема количина. Дали е доста? Каде ќе се мачкам надвор.. плус врз шминка.
Епа на одмор се изложуваш нон стоп на сонце и спф-то доаѓа во допир со вода. Сега го ставаш пред шминка и доволно е. Не знам како ставате врз шминка,веројатно мислиш на спреј.
За врз шминка не можеш крема да мачкаш, само спреј. Јас го имам на La roche posay за кој прочитав дека го нема во Мк, провери на Гарниер може тој да го има низ маркетите
Дали некој ја има користено кремата? Би одговарала за нормална кон сува кожа? Важно ми е само да се впива убаво и да не ми остава масен сјај.
Ова се опции за нанесување заштита врз шминка. Дали ти треба реапликација зависи колку долго ќе си надвор, дали ќе си изложена долго време на сонце (пример, 3-4 часа), колку се потиш додека си излезена, дали се допираш често за лице со раце и коса... Веројатно најлесна варијанта ти е да се прскаш со спреј кога си со шминка, меѓутоа како што гледаш и во видеото, треба да знаеш колку пати треба да прскаш за да е доволна количина за да ја постигнеш заштитата. И внимавај да не вдишуваш кога прскаш.
Здраво, некој да сподели искуство со спфот на Beauty of Joseon. И позитивни и негативни критики имам читано се двоумам дали да ја купам.
Предлог спф крем за лице за комбинирана кожа. До сега ја користев на COSRX aloe soothing sun cream ама мислам дека ми се презасити од неа кожата.