Гледам достапна е тука. Или да видош во анни фарм или зегин во сити мол или ист гејт. https://gloshop.mk/product/la-roche-posay-anthelios-ultra-light-invisible-fluid-spf50/ Јас ја имам оваа верзија и сум позадоволна отколку таа што ти ја пратив на линкот, таа првата ми е нешто помрсна. Но не знам дали истава ја има во Мк, јас во Грција ја имав купено
За тело ми беше добар, но за лице воопшто не ми се допаѓа. Премногу е мрсен, некако не ми се допадна како за лице зашто не ми се впиваше баш убаво и премногу сјаеше кожата. Нешто слично е со Балеа спрејот, тој од Sun Dance линијата што има Спорт нешто во името. Мислам дека засега ништо не се споредува со спрејот La roche posay, ми се покажа како најдобар од сите што сум ги купила, но штета што го нема кај нас и комплицирано ми е малку тоа со купувањето.
Zenski zdravo Da ne znaete da ne ima nekoj kod za popust na coslovemetics ili na elloxy? Sakam da poracam spf kremi
Тогаш беше намален и го земав 535, сега колку е не знам. Инаку го пробав, ама не ми се допаѓа ич, шприцање директно не доаѓа во предвид, многу е јака боцата и колку и да затнувам нос пак влегува, башка многу јако мириса и на раце кога ставам па после на лице размачкувам прејако мириса. За тело е супер, ама за лице едно големо не.
Предлог тонирана крема до 500 ден која можам да ја најдам во ДМ, Рамстор или по аптекиве? Лани ја купивна Каротен но светлата нијансата, ми беше пресветла и заврши во канта, па не успеав да ја тестирам убаво. Ми треба итно бидејќи викендов ќе одам на одмор, а имам доста флеки и акни периодов.
Здраво феминки, дали имате искуство со оваа крема дали е добра? И ако може препорака за добар серум? Цена не е битна. 28 год имам- сува кон комбинирана кожа. Знаат да ми се прават и пеги. Користев на Еуцерин крем против пеги и ок беше, но сакав нешто да сменам зошто гледам дека и некој брчки почнаа да ми се појавуваат.
Не сум, таа тонирана е? Не сакам тонирани Навистина не знам веќе која да ја земам, повеќето ми горчат во уста, како ми влегува не знам ама ми горчи, сума пари изнададов летово и пак не најдов асална крема.
Таква е. Тешка е. И пријателка ја проба абе ко бела боја ѕид беше. А прилично е бела во лице. На Моса е тонирана ама се впива во лицето и е супер.
Денес прв пат ставив сега за сега не осеќам горчина ќе видам за понатака. Гледам некои од овие, ми фатија око, некој да не има пробано?
На La roche posay anthelios линијата е супер доколку имаш мрсна кожа. Ако сакаш без парфем за чувствителна кожа, тогаш само Clinique