Пудра одозгора, или искористија за тело на лето. Со пудра 30ката е супер, за нормална кожа. Не знам зошто упорно се препорачуваше кремава кога буквално те прави како дух. Од минералниве само тонирана.
Како што гледам таа аптека виафарм се наоѓа во Охрид. Ако си од таму ќе можеш да го земеш ако не може да порачаш
Изгледа зависи и од кожата. Додуша јас ја користев 50 пинк и немав таков проблем. Со постепено нанесување имав убав финиш на крај. И без пудра брзо ми се впиваше (да речеме некаде 15-20минути), а и за под пудра одлично ми се покажа. Сега го користам од алга марис спреј за лице и тело и иако многу полесно се размачкува мене мислам потешко ми се впива и подолго имам бел траг. Затоа тонираната пак ми беше речиси идеална. Јас немам проблематична кожа и летово ја користев само неа (без пудра), само малку сетирав со камена.
Јас пудра не нанесувам, имам навистина чисто лице и не ми се "гуши" со пудри. Само серум, крем за лице и спф одозгора. Ама оваа на Леврана нема врска со типот на кожата, гледам тука сите се жалат на истото, креч бела е и најмал слој да ставиш.
Го пробав Ла Рош спрејот и да кажеме дека сум задоволна. Вистина е дека не остава масен финиш, всушност не остава никаков финиш. Баш поради тоа имав некаков сомнеж дали ќе ми обезбеди потребна заштита, па можеби шприцнав и повеќе од доволно. Имам замерка само за количината на продукт што се добива, кога стигна шишенцето се покајав што не порачав бар уште едно. Overprized е, но додека не се најде подобра алтернатива ќе заврши работа. Можеби ова би било нешто добро за врз шминка и реапликација. Го има некој пробано?
Каде можам да ја најдам или нарачам оваа крема? Зегин не ја држат баш оваа зелената линија, а и на инста La roche posay makedonija ја немаат, се отепав барајки.
Ваљда брзо се троши, провери на страната на Белина или пиши им порака на ФБ или Инста дали ја имаат на залиха во некое од продажните места.