Мислам дека редовната цена е 990 денари. И јас сакам да ја купам имам комбинирана кожа им пишав на инстаграм баш оваа крема ми ја препорачаа. За се што те интересира слободно пиши им многу се ажурни и одговараат на пораките. Ако некоја членка ја користела може искуство да ни пренесе.
Ако, уште ја користам истата крема со заштитен фактор па се сеќавам отприлика. Обично ја купувам од Веро, ја има во Рамстор, во Зегин исто така. Редовната цена мислам дека беше 300 и нешто, а обично ја земам на попуст за околу 270-280 денари. Преубава е и многу лесна на кожата, не верувам дека ќе ја сменам некогаш.
Здраво ве молам за препорака на крема со заштитен фактор за комбинирана кожа , склона кон акни , и некој ако може да ми објасни дали мора да сетава плус крема пред самата крема со заштитен фактор ..ако постои некоја која ке служи директно како подлога затоа што од мн креми ми се иритира лицето и исфрла ..
Здраво девојки. Читав дека кремава со спф била супер. Дали знаете каде можам да ја купам во Македонија? И цена отприлика.
Знам дека е од лани постот, но ако сеуште ја чуваш кремата, може ли да ми сликаш состав? Нигде неможам да најдам на нет... Читав на форумов дека ја има во Зегин, околу 660 ден, но сепак провери
Јас вчера ја купив исто во Еурофарм цената е 890 денари. Супер е кремата и лицето воопшто не свети. Не проверив дали ја има во Зегин, но мислам дека би требало да ја има.
"Био" сигурно не е, детално не сум го разгледала составот, ни па многу се замарам каков е. Кремата е совршена за моето лице и тоа ми е најбитно.
Искуство некој со кремата, или со други од Биодерма што не оставаат бели траги и се впиваат без да оставаат масни траги?
Јас минатата недела ја земав Bioderma Photoderm Max Cream spf 50+, само неколку пати ја имам до сега пробано. Но многу лесно и брзо се впива и не остава никакви бели траги, јас имам комбинирана кожа и мислев само со неа ќе ми биде океј, но некако многу сува ја осеќав кожата, и со еден слој под неа од секојдневна крема без фактор па од неа ми е одлична комбинација.
Preporaka za krema so spf ama da ne ostava masni tragi,jas imam mrsna kozha i posle sekoja krema liceto mi sveti i ion stop mi e ispoteno i vlazhno?
И кај ја земав photoderm max spf 50, за сензитивна кожа од Еурофарм, беше околу 740 ден на 20% попуст, а редовна цена е 926 ден. Супер се впива и не е масна. Мене ми се допаѓа. Ти ја препорачувам Eucerin oil control. Целосно се впива и е баш за масна кожа. Не знам која беше цената, мислам околу 800 ден, а ја има во аптеките.