Јас ја користам на Eyenlip Cica Јас ја користам на Eyenlip Cica Calming Sun Cream, подобро нешто не сум пробала, многу е лесна, брзо се впива, не светнува, не остава траги и е многу пријатна на лице, смирувачка. После неа слободно можеш и пудра (јас користам ББ кремата на Missha со прав за сетирање на Innisfree No sebum mineral powder - ова ми е врв комбинација) Преку лето користам One Thing Centella Moisturizing Sunscreen, оваа е погуста, но поматирачка за летно време. Сите ги нарачувам од страната на Елокси
А вториот? Гледам во Ани фарм кои ги спомнала Коритсаки, не го дава на веб страната. Овој го има ли некој користено? Ме интересира дали го светнува лицето.
Не знам искрено, за првата знам бидејќи по состојките ми се допадна, им пишав на инстаграм на LRP каде да ја најдам и ми одговорија дека ја немало во МК.
Не смета тоа, и така имам црвенило што сакам да го покријам. За таа на Ла Рош збориме, за оваа на Алтруист знам дека ја има на Кослов.
За сува, оваа мислам е идеална. https://www.bellina.mk/p/1069/365-day-defence-pigmentirana-krema-za-litse-so-zashtiten-faktor-spf30-50-ml?categories=111 Суптилно е пигментирана, заради состојките шо ги содржи, не е како ББ крем.
Ги спомна некој кремите со зф од Алверде, дали се со минерални фактори и во кој дм би можела да ги најдам (во Скопје) и како се движат со цените?
Околу 300 денари се , во сите ДМ ги има Со минерални фактори се. Можеш да пробаш доколу имаш нормална сува кожа. Јас со мрсна, два пати имам купувано од нивните креми ама тешки ми беа и доста мрсни.
Ти благодарам многу, во меѓувреме го најдов и овој на ревокс, дали сте ја употребале и во која категорија спаѓа пошто не можев да најдам инфо
Драга за мене најдобра е онаа на Моса, верувај и нема рамна. Благо тонирана е и воопшто не отава бело и не ја масти кожата. Еве за која крема станва збор
Здраво женски, Дали имате користено некој јапонски спф од тие новите во Скинахоликс? Ми треба за комбинирана кожа, склона кон акни. Се мислам помеѓу нив или Ла Рош или isntree. Користев од axis-y ама веќе некое време е out of stock, за жал...
Здраво Јас користам крема Еуцерин со ПХ 5.Ми се појавија ситни мозолчиња.Како да го ичистам лицето? Друго ништо не користаам.
Дали само мене од Моса лицево ми е како лампион? Никако не ми се впиваше. Додека пак Frezyderm ми е некако сува, ама и неа ја чувствувам ептен некако над кожава