И мене Моса ми беше мрсна последниот пат кога ја купив , дали дека лето беше кога ја користев па затоа. На мрсна кожа не одговара дефинитивно. Јас да прашам искуство со корејскиве СПФ креми дали има некоја што одговара баш на масна кожа? Сега ја користам на Натура сиберика со боровинка спф 20 , супер е за ова време, за пролет лето може слаба е. Густа е ама не е масна како таа на Моса. И мириса фантазија
Среќа па само тестер зедов, реков ај ќе ставам пудра над неа малку да ублажам и.. ужас Баш наредно ќе ја земам од сиберика
И мене Моса ми остава мрсен сјај на кожава, не ми пречи тоа многу, може и да се сетира со камена пудра, но дефинитивно не ми личи како да е за масна кожа, иако упорно се препорачува во темава. Имам нормална кожа.
Да, остава сјај и не ми пречи. Ја користам на лето,совршена ми е. Имам мрсна кожа, за на работа без пудра - полн погодок.
Добра ми е сега за сега, ќе видиме натаму. А Моса многу сакав да ми одговара, викав да не ми се чини дека ми е масна али не да и камена и во прав ставав али не е тоа тоа.. @cooll
Моса во главно е за нормална до сува кожа. На оние со мрсна и комбинирана едино би им препорачал да пробаат на зима, али пак, остава сјаен финиш. Ако сакаш фактор со минерални филтри, пробај некој од пигментираните на Биариц - Алга Марис.
И мене исто од Моса лицето ми е како лампион и со душа чекав да си го измијам лицето, како со зејтин да сум се мачкала, среќа што пробав тестер.
И на мене не ми одговара. Јас сакам кога има сјај така ми делува свежо кожата. Но премногу светам и се чувствувам непријатно. Нормална кожа имам
Мене па ептен ми е погодена таа на Моса, и зиме и лете, а имам комбинирана кожа. Баш убав сјај дава, ич немам чувство дека светам ко лампион. Онака убав, здрав сјај дава.
Јас мислев единствен случај сум затоа прашав и ми олесна кога видов дека не сум Мене многу ретко да ми се погоди некој продукт на лицево.. и на Органик обичната кремата мислам тиква + мед што е за мрсна кожа не ми е погодена нај нај, дури ни од Др Конопка за жал
La roche или Heliocare спф препорачувате за масна кожа? Се двоумам меѓу овие две, па ако некоја ги има користено да ми помогне да одберам.
Јас го користам од хелиокер спф 50 гелот. Имам комбинирана кожа, не дава мат финиш, туку остава лесен сјај.
Дали некој има искуство со кремава?Имам комбинирана кожа. SPF 50 / ANTI-AGE КРЕМА ЗА ЛИЦЕ СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР - 50 МЛ