Ovie dve se ubavi i ne se skapi ,plavata ti e bash za posuva koza a vo rozevata imas i esencija za povekje hidratacija
drugarka od olpeo go zema rozevoto i e zadovolna okolu 700 denari mislam deka e ona i pod sminka go nosi
Пред неколку недели ја купив кремата на Shiseido urban environment age defense spf 30 , немам зборови, ми се допаѓаа сите производи од линијата во сино пакување, ама ова е врв , особено за тие што користат и шминка , никаква база нема да ви треба , кожата ја остава толку кадифена, пудрата милина се нанесува а и што и да ставиш потоа. И не се мрси кожата што и да правиш, останува мат со саати ни м од мрсно. Наменета особено за лица со мрсна до многу мрсна кожа. Кога сме кај креми со спф и за лице и за тело Шисејдо ми се број 1. Единствено негативно е цената и количината (30мл) Не знам какви се другиве креми со спф корејски и др јапонски што ги има на некои страни во мк (yeppeuda , skinaholics.mk) ама дефинитивно би пробала наредно нешто и од нив да видам дали се толку добри како оваа
Ај конечно, а влегов на темата со намера да пронајдам точно ваков производ. Колку чини и од каде може да се купи? @Reina.Gitana Првата и третата пишува дека се за масна кожа, јас имам масна кожа и ги користам и двете, има заштита но не ја контролират маснотијата воопшто, не се ни мат, за неколку минути светнуваш, особено од хелиокер одма свети. И другата на Хелиокер ја имам специјална за мрсна кожа, уште помрсна ми ја прави. Втората на Ла Рош си се понаша баш како за масна кожа, мат и ја држи под контрола масната кожа подолго време.
Фабу парфимерија, Еликсир, Космо тинекс сити мол би требало да ја има. Јас тука во Грција 38 евра ја земав
Eucerin јас го користам со години и мене лично супер ми е погоден. Втората и третата не ги имам користено, но за La Roche имам читано премногу пофалби, па мислам редно е да го пробам.
Тешко е да се најде во Мк, скоро невозможно. Низ секаде барав. Ако го најдеш на Ла Рош пиши ми од каде. Еуцерин и јас го користам со години и пре пре добар е мноогу штити но брзо ми светнува лицето, макс 1 саат да изгледа убаво само.
Еуцерин ми е многу погоден, но како што ми е прикрај сега добив желба да пробам некоја друга СПФ крема. Овие две некако ми фатија око, како што гледам имаат убав состав и дури едната има супер цена со роденденски попуст кај Елокси. Дали некој има користено некоја, да сподели искуство? Дали би одговарале за мрсна и комбинирана кожа?
Некоја препорака за спф крем кој не е "тежок" и мрсен? Нешто што буквално не се осеќа. Инаку имам нормална накај сува кожа, на некои делчиња знае да стане многу сува. По можност да го има до дм или аптеки да не мора да го нарачувам од некаде.
Оваа на лаб биоме не би ти ја препорачала, јас ја имав плавата ужас ми го направи лицето. Друга би рекла да ги видиш тие тонираните или пак на ла роше посеј таа uv mine 400
Јас сум од оваа задоволна, од Космо. Ја имам објавувано во темава од што сум задоволна. Текстурата е буквално течна, не густо како крема, ама тоа ја прави и лесна. Само не знам дали ја има само летен период.
Женски здраво, сакам да си земам крема за лице но во исто време да има спф, имам комбинирана кожа со мрсна т зона. За навечер ја користам на конопка зелената и ми одговара ама за денски сакам крема со спф ( да можам само неа да ја ставам, не поднесувам многу слоеви на лице). Може да ми предложите две, и за овој период и за летно време со повисок спф. Исто така ми фаќа око embryolisse кремата, дали е за комбинирана кожа? Фала ви.
Embryolisse кремата е катастрофа. И не е за мрсна кожа, и мириса грозно.. Јас на La roche posay би ти ги препoрачaла доколку ги најдеш по аптекиве , anthelios кремата или спрејот, не се воопшто мрсни, спрејот е супер и за над шминка
@Yowannty ти одговарам овде за спф кремата една од овие две на La roche posay Или погоре таа на Shiseido, имам ставено слика
Која е разликата меѓу овие? И дали ставаш само кога излагаш надвор или и за дома? Јас на солис го користам ама светнувам брзо.
Првиот е во вид на крема , се става по дневната крема. Вториот е спреј и го имам секогаш , си го носам и надвор и си се прскам. Може да се користи и над шминка. Го имам секогаш со мене секаде и зима и лето. Ставам и за по дома навика ми има станато , моментално го имам тој на Shiseido, тој е нај мат и го препорачувам доколку имаш навистина мрсно лице. И како прајмер е одличен.
Годинава сакам да ја пробам таа uve mine 400 ама се мислам која, обичната или тонираната, која е подобра? А спрејот сум и јас задоволна мене ми остана уште од летоска, ваљда може да се користи.