https://cleardermatology.com/sunburn-on-cloudy-day/ Сонце има цел ден, дури и кога е облачно и врне. А, со тоа има и УВ зраци кои се штетни. И да си во кола пак те фаќа сонце исто и кога си на прозор.
Не само што е добар маркетинг туку и пропаганда е. Со сонцето (и нормално движење надвор, пожелно каде што нема загадување на воздухот) се впиваат работи кои ниту еден суплемент не може да ги надомести. Секако, користење на креми со заштитен фактор и јас мислам дека е потребно, особено при осетлива кожа и при толку јако сонце. Ама пропагандата против сонцето малку почна да претерува. Па затоа е ваше да истражите какви состојќи содржат и кои се оние креми кои не содржат толку многу од тие штетни состојќи, а сепак заштитуваат (да потсетам дека овде на форум луѓе фрлаа креми со парабени, а пак да дознаат што има во SPF-кремите (па и некои други работи) кои толку многу се напнува да се користат, ќе одат директно на депонија да ги фрлат ). Исто проблематичното кај некои заштитни креми е тоа што тврдат дека заштитуваат, а всушност не е јасно дали заштитуваат доволно од UVB. Исто така состојките кои се користат понекогаш може да направат повеќе лошо отколку добро. Навистина не знам зошто е толку голем стравот од сонце кога тоа води и до доби работа. Нешто повеќе на оваа тема и секако многу други извори, ова е само првото што ми се појави. Затоа, кога бирате крема за лице, проверете колку и дали воопшто заштитува и од UVB, а не само од UVA.
Жално е што така размислуваш. Многу болести се последици на тој дефицит на витамин Д. Автоимуни заболувања лекуваат со огромни дози на витамин Д. Јас не користам спф постојано, ептен во најжешко ако сум надвор подолго време (некогаш ни тогаш), и на одмор, а преку цела година си користам нормални креми. Не бегам од сонцето, напротив, често сум надвор на сонце кога можам, немам секогаш крем со спф. Погрешно е да се користи крем со спф постојано, независно од годишното време, ама кој како си сака.
А, од друга страна сите препорачуваат 365 дена во годината да користиме Не само нашиве, туку и странски блогерки, дерматолози, козметичарки и што знам кој се не истото го зборуваат. Јас зимно време ако е ептен тмурно не ставам , ама другиве денови од шубе што ми е ставам , да не се збрчкосам демек Нејсе, на темава, страници поназад се жалев од повеќето спф креми, дека или ко дух сум со нив, или ме печат, горчат, конечно ја најдов совршената крема, трето кутивче трошам. Не пече на очи, не горчи на уста, супер се размачкува,има суптилен мирис, лицето ми е преубаво со неа, и има супер цена. Да, напоменам имам сува кожа. Еве ја кремата кој си бара добра спф крема нема да згреши со оваа. Од сите рецензии на интернет што ги читав за кремите на Missha оваа беше најдобро рангирана и најфалена и не е погрешено ништо. https://coslovemetics.mk/product/missha-all-around-safe-block-essence-sun-spf45-pa-50-ml/
Крем со спф за лице користам последниве две години, главно во лето. Пред тоа воопшто не користев. Пораснав на сонце, брчки немам нешто посебно, онака соодветно за годините, можеби ни толку. Затоа не верувам многу на фамата со спф, за летово си купив крем со 20ка спф, прашање е колку ќе го користам. Го купив поради ефектот што го дава на лицето, не поради спф. Ама како и да е, јас не се плашам од сонце. Ако користиш постојано спф, заштитните механизми на кожата ослабнуваат. И премногу козметика не е на арно, може само да има контра ефект. Од таа причина не користам ретиноли и ретиноиди иако возраста ми е таман за тоа, оти долгорочно имаат лош ефект врз кожата.
Драга јас го немав тој проблем баш ми е многу убава СПФ на Леврана. Ја користев на сува кожа не на мокра (ако си го користела на влажна можеби оставало бело поради влагата). Едноставно нанеси помала количина на лицето и убаво размачкај ја. Ако е премногу густа помешај ја со кремот за лице.
Женски дали го имате пробано овој спф, какво искуство имате? се мислам дали да го земам Beauty of Joseon Relief Sun Rice + Probiotics?
Јас ја купив од Моса пигментирана крема со СПФ. Не ми се допаѓа искрено, многу ме масти а не сум нешто масна во кожава природно поготово не во зима. Со кремава светам цел ден и некако тешко и прљаво си го чувствувам лицето цел ден. Би сакала да ја дотрошам некако за да не е џабе пари дадени ама дефинитивно не би ја купила пак.
Дали ви се случува, на оние со масна кожа, пудрата да ви се раздвојува и насобира ужасно низ лицето преку ден кога нанесувате спф. После 1 час од нанесување многу лошо изгледа и убедена сум дека е поради тоа. Некое чаре има ли?
Порано и кај мене ова се случуваше. Почнав да користам прајмер пред да ставам пудра и веќе немам таков проблем.
Може ли да ми кажеш кој прајмер, спф и пудра ги користиш бидејќи еден куп комбинации имам пробано и пак истото се случува. Од тоа што читав, голема улога играло дали производите се на силиконска база или на база на вода.
Прајмер и пудра користам од Catrice, а СПФ од Eucerin. Досега од прајмерот ги имам користено зеленото и виолетовото пакување. Спојлер: Прајмер Спојлер: ПУДРА Спојлер: СПФ
Девојки ја имам спф кремата на Моса пигментираната и на Lab biarritz спф 50 Кремите се добри но некако како да немам доволно хидратација со нив Сега ми излезе и друг проблем после Роакутан, последните 4 дена почнаа флеки да ми излегуваат кои ме печат и се црвени Денес бев на дерматолог на што ми рече дека сега кожата ми е многу осетлива и дека почнува сонцето почесто и посилно да е дека морам навистина добар крем да користам за заштита и секако кога излегувам на сонце да бидам добро заштитена бидејки може цело лице да ми стане така Тааа ми препорача крема ама не ми е позната некоја тука од Аптека па сакав и ваши мислења Да има висока спф но да биде и многуу хидратантна
Моса остава сјај и е поидеална за лето, за плажа кога сонцето е појако. За зима погусти креми со помало спф се поидеални. Да, јас и прајмер користам меѓутоа некогаш знае и да е до пудрата. И прајмерот може да не е одговара со спф-то особено ако е густа кремата со спф. Тоа го имам приметено деновиве.
Дали ја има некој користено кремата, ме интересира дали е добра за секојдневна употреба и дали има убав состав. Имам сува кожа со по некоја ситна акна
Огромно благодарам до @sweet-cherry за откритието на векот. Не го менувам за ништо. Не остава мрсни траги, буквално веднаш упива, нема лош мирис. 277 денари е.