Ти благодарам многу.Баш ќе проверам.Во случај ако нема, која друга крема со спф би ми предложила @buba4e89 ?
Јас оваа би ти ја препорачала Таа со зелената линија е за масна кожа. Ги има во аптеките, Бети, Анни фарм
Голем сјај остава и изгледа како мрсна, но мене на крајот на денот ми го правеше лицето многу дехидрирано и суво. Инаку, пигментирана е, но дава само изедначување на тенот, не остава некоја боја. Јас сум многу бела и бојата ми одговара, иако личи темна кога ќе ја отвориш.
Девојки, дали ја имате користено оваа крема? Дали е како ВВ крема и дали одговара за комбинирана кожа?
Јас имам на Леврана пинк спф50+. Една година исклучиво само таа ја користам. Случајно ја открив. Ја нанесувам со тоа што ја загревам прво на раце. Ја мачкам, и го држам лицето со дланки да се загрее, воопшто не ми двои така а и ми е одлична подолга за пудра. Плус многу ми одговара на кожата. Лани беше прв одмор без да се исфрлам, а сум користела и на виши, уриаж, мадара... И не ја менувам за ништо.
Пробај ги корејските. Би ти ја препорачала таа на Beauty of Joseon или таа на Cosrx со алое. Екстра се.
Се двоумев помеѓу Моса и Леврана. Нарачав на леврана пинк спф 50, по читање препораки тука. До сега користев на Missha а ги имам пробано и pyunkang yul, lab biome,cosrx… И еве други не ми текнува зошто заглавив на Missha, две год по ред ја користам ама некако ми се презасити лицево и сакав нешто ново. Доколку ја има некој користено mossa на комбинирана кожа нека пише критика. И реално ми е потребен добар фактор зошто после бременоста ми се појавиа нови флеки а старите ми се потенцираа а рано ми е за ласер зошто дојам.
Јас ја користам тонираната крема на Mossa и многу ми се допаѓа. Имам комбинирана кожа, и летоска на топлото и зимава ми стоеше добро. Нанесувам потенок слој зашто ако ставиш многу, делува мрсно, но сепак се сетира со камена пудра. Нема голема покривност, но го изедначува тенот и дава убав сјај.
Mossa мене ми е мрсна, имам комбинирана - мрсна кожа. Левраната па едвај се размачкува. Пиши баш мислење кога ќе ја пробаш
Мојата кожа е комбинирана и ја користев Моса. На почеток ми беше ок ама после забележав дека на крај на ден ми го дехидрира лицето иако првично личи на помрсна крема.
Леврана јас ја користев. Тешка е за размачкување, ама за заштита ми беше супер. И многу убаво легнуваше шминка над неа. Ако не ти се допадне, пробај ја алга марис пигментираната. Меѓу подобрите што сум ги пробала до сега е.