Има врска. Повеќе меланин, поголема заштита. Сепак, колкав фактор ќе користиш е твој избор. Претерано изложување на сонце не чини, како ни целосно отфрлање на сонцето. На плажа, кога поминуваме повеќе време на отворено, пожелно е да се користи заштитен фактор. Барем 20 да е. Јас лично, преку лето за лице користам крем со спф 20, кога сум надвор. На плажа исто, за тело 20ка или 30ка, зависи каде сум на одмор. Инаку сум бела, ама не горам, потемнувам. Д3, бета каротен и витамин А помагаат за создавање добар заштитен механизам. Нема врска каде живееш, дефицитот на витамин Д е изразен и кај нас во појужните предели каде што има повеќе сончеви денови. Тоа се должи на нарушениот биоритам (легнување касно, станување касно), поминување повеќе време во затворен простор, криење од сонцето ко да е најголем непријател, во канцеларии или дома се затворени сите минимум 8 часа.... Цела година треба да земаш д3, не само во лето. Сите треба, не само ти.
Сосема се сложувам. Јас сум жив пример. Поради долгогодишно мачкање, криење како крт од сонцето, станав сосема зависна од спф креми и сега и најкраткото изложување на сонце ме убива, имам буквална алергија, чешање, осипи и болка. Така не беше порано, немав никакви проблеми. Сега гледам полека да се одвикнам и да ставам само кога подолготрајно се изложувам на сонце.
Мене на зима и кога сум во затворен простор не ми паѓа на памет да ставам крема со spf. На лето само кога знам дека ќе бидам изложена на сонце подолго време. Реапликација не правам затоа што претерана заштита од сонцето не е убаво според мене. А и плус изгор скапи се кремиве со spf, па уште реапликација ми фали да правам. Како и да е сите ќе остариме, ако сум видела жена што цел живот користи секакви креми и лицето ѝ е совршено не значи дека и јас би била таква доколку ги користам истите производи како неа. Гените не можеме да ги победиме со ниедна skincare рутина. Доволно е да се заштитиме кога навистина има потреба од тоа, а не да одиме од една во друга крајност и да користиме секакви хемикалии на лицето безпотребно. Ова важи и за другите производи за лице како дневни, ноќни креми, тонери, креми против брчки, против подочњаци итн.
Блед тен имам ама спф ставам само ако сум подолго време излезена дента. За до продавница не ставам. Башка засега ми е и скапо триста тракатанци да ставам на кожа. Али мене искрено на 50 години други работи ќе ми се побитни отколку брчки дали ќе имам. Едит. Ако више збориме за рак надам се дека и другите типови рак вака посветено ги превенирате.
Kill me ако станам лигушка која шлапа крема за сончање во зима оти ќе добиела рак на кожа. Или ако ме видиш како ставам на лице два прста или пола лажичка...како и да е, па после неколку саати пак. Би рекла нешто ти фали ако го правиш ова. Разум веројатно и помалку интернет и тик ток. Освен секако летно време ако си директно изложена на сонце.
Дај просветли ме, кремава е слична на оние за сончање така? И всушност е крема за сончење ама на лице? Арно ли сум сфатила?
А каков мислеше ти? Инаку има разноразни креми со фактор, не се сите мастни и бели, може наместо обична крема да ставиш таква само те убедуваат дека не е доволно само да го навлажнеш лицето како што обично правиме со обична крема туку треба 2 цели прста да ставиш па на секои 2 или 3 часа нова апликација. Ќе бришам шминка јас на 2 саати за да се шлапам со тон крема, зимно време дури седам во затворен простор.
Ако ти се става ставај ако не ти се става не ставај. Никој никого не тера. Не знам зошто сѐ што не ни се свиѓа мора да е означено како лигавење, преправање итн. Да, точно е дека заштитата превенира повеќе типови рак на кожа кои да знаете се чести и не никнуваат само од сончање на плажа. Ај сеа и тоа е проблем, кремата. Да нагласам дека има луѓе кои имаат многу зголемена сензитивност на сонце, па и најмала изложеност им предизвикува алергија и црвенило. Немаат избор, и во зима и лето ќе ставаат. Рутина за лице со десет чекори е опција од чист естетски аспект, ама спф е потреба.
За оштетување на кожа и канцер да, ни една кожа не е поштедена. Нормално никој никого не тера, збориме за лична заштита. Да додадам, напнувањето да се користат безброј продукти е чист маркетиншки трик, ама не и ова.
Како и зошто не ти треба? Ако сум разбрала убаво, ги има разни, некои се пигментирани па во основа ваљда се користат место пудра, шо го викаат foundation . Некои дневни креми имаат интегриран спф во нив. А реално и таа што ја ставаш на тело, можеш и на лице, ако ти се погоди. Со оглед колку луѓе се алергични или пречувствителни на разноразни креми, ова цела наука и експериментирање по принцип trial failure испаѓа. Оваа алергичност и пречувствителост, исто треба да е предмет на посебни истражувања ваљда. Појма немаш како ќе изгледаш на 40, и не можеш да знаеш дали е тоа заради кремата. Освен ако не си среќна да живееш во паралелни универзуми, во едниот со крем, во другиот без, па да споредиш.
Читав доста, оти си ставарм некоја рутина и гледам што ми фали и застанав до кремава. Дали ми е реална потреба или не? За на плажа секако се мачкам, обично имам детски со мене, не купувам посебно, признавам скапо ми оти летово детево е стално на плажа и трошам многу. Значи добар крем ќе ми врши работа. Веќе кажав. Ја истражувам реалната потреба. Инаку и доста пудри се со спф, а јас не излегувам без пудра од дома. Биљо кога ја читам темата за лице, лошо се осеќам, јас користам само неколку препарати од кои две се за чистење, а третата е крема. Па си велам и ова да не треба да го купувам.
Храна, стрес, цигари, алкохол, гени, воздух, пестициди ако живееш на село и имаш нешто низ двор или нива...ама во зима ако ставаш редовно крема за сончање, на 40 ќе си ко Јапонка на 30.
Можеш лошо да се осеќаш, ако си инфлуенсерка и лицето ти е алатка за живот. Ги гледам оние арапскине кралици деновиве, и се мислам пластика тука игра, ниеден крем не е семоќен. Значи не купувај, штеди пари за пластика
Јас мислам дека е неопходно за одредени особи како превенција. Мене ми е препорачано од лекар како стандарна заштита (историја на меланом во фамилија и многу бемки). Се претерува на интернет реално, во општата наша популација релативно ретко е да видиш човек што става спф, а да не е на одмор. Нема поента да разглабаме дали и колку сонцето ја оштетува/менува кожата, за почеток доволно е тоа што не постои бебе со пеги или флеки од сонце. За себе можам да потврдам само дека немам повеќе флеки на лицето и нови бемки на рацете и вратот од кога ставам спф, а ставам секојднево кога излегувам од дома последниве 2 години.