Па еве ти прилика нешто паметно да кажеш темава или на форумов, мудро и корисно, штом ти ја користиш главата за мислење.
Ја еве ќе си кажам, оти иам полицстични јајници, и иам малку ретка коса на главата, ставам крема преку лето на патецот, оти маскирам со црно, и првата година ми изгоре главата, буквално. И ставам спф коа ќе главам надвор преку лето, шо е многу ретко, оти мрзам вруќини, искачам после 7 навечер, значи на прошетка, или шо ти ја знам. А сеа да се просеравам за до работа и назад, па уше и коа не е лето, мало морген.
Јас верувам во сите бенефити, ама не верувам дека некој стварно практикува да нанесува онака како што е препорачливо, т. е. два прста на два саати. Ако тераш така, секоја недела ќе треба да купуваш крема од 50мл. Јас нанесувам, наутро два прста, ако не и повеќе. Е сега, јас имам мрсна кожа и некако и мене ми е шубе себумот да го размачкувам со спф по лице подоцна. Имам пробано со хартија да се поминам пред да нанесам по вторпат, ама пак, се осеќа дека не е исто ко кога ќе нанесеш наутро на свежо измиено лице. Така да, кога би имал сува кожа и доволно пари, и на пола саат би се шлапал.
За мене се реална потреба. Ако не ставам крема горам многу. Дури и преку стакло во автомобил пример имам изгорено кога се возев неколку часа. Преку зимо обично користам крема за лице со спф. На пример еуцерин, нивеа имаат со 15 спф, на лето со спф 50 секогаш. За секојдневна употреба не реаплицирам, за на плажа да. На деколтето пример бидејќи го заборавам често при дневната рутина да ставам спф имам повеќе кафеави дамкички и бемки. Така да за мене не е тренд, туку мислам дека во последните години се посветува повеќе внимание на заштита на кожата
На форумов, а генерално на интернетов се може да се прочита. Одраснав така, па до моите 25,6,7 години мислам дека никогаш млеко за сончање и не користев. Ни за тело, а камоли за лице, а секое лето бев на река, надвор, значи пржење на сонце. На море кога бев можеби се намачкав неколку пати се вкупно. Кожата ми е и сега за годините младолика. Дали изгорев неколку пати во животот и тоа не беше страшно. Е сега веќе со 40+ на сонце само во лудило да седам без заштита, веднаш ми се пројавува алергија. На лицето црвенило и осип. Е сега мене прашањето ми е да ли поради тоа што порано никогаш не користев па сега се пројавуваат последици, или едноставно со годините, хормонските промени од бременостите, климатските промени, или што веќе, кожата веќе не трпи и нема таков одбрамбен механизам како порано. Во секој случај, сметам дека тогаш не правев добро, на долга изложеноста на сонце треба фактор, ама па до продавница, или дома да седам не ставам крема со спф, како што читав девојки што се мачкат буквално нон стоп. Количински ставам толку колку што му е на лицето потребно, не се водам по интернетски препорачани дози. Да напоменам кога кажам спф мислам на баш крема/флуид за заштита од сонце, а не дневна крема со спф внатре. Такви креми па воопшто не трпам на лицето, дневна ми е секогаш без спф.
Незнам што е добро а што не е. И искрено си терам некоја своја логика. СПФ ставам од Февруари до Ноември. Ми се прават пеги, па ако не почнам од Февруари ќе бидам хаос до Мај. Не делам совет затоа што може и јас да грешам, но мене ова ми делува. Количински не ставам два прста, туку 4 точки, ако ставам повеќе се чувствувам како лампион. Витамини цела рака, не земам. И мислам дека никогаш нема да земам се додека не ми покаже крвната слика дека имам недостаток. Дали сум во право, незнам и несакам да знам.
Јас нанесувам секогаш спф крема пред да излезам доколку мислам дека навистина треба, пролет лето секогаш , доколку е облачно цел ден на пример, не ставам. Во зима ретко ептен да е сончево. И тоа еднаш ќе ставам и толку. Исто и мене ми е безвезе да ставам крема со спф врз веќе испотена , замрсена особено ако носам шминка, нема шанса. Пред месец дена си земав стик и тој си го користам, со него правам реапликација ама само кога сум на плажа или ако лицето ми е ненашминкано. На плажа ок,и во вид на крема да е ставам пак , секако потоа дома ќе се измијам лице. Мислам нема тука правило, кој како сака нека користи , јас сум доста бела и сметам за мене дека во лето особено е потребно да се нанесуваат спф производи.
А мене не ми јасен моментот СПФ врз шминка. И јас ставам еднашка пред излегување и пред да нанесам шминка, после нема шансе, грдо е. Плус мрсна кожа ко тебе хаос преку лето... И затоа некогаш си мислам којзнае колку бенефит имам од оваа колку да се рече нанесување. Ама ајде, боље ишта него ништа. Ме интересираат оние пудер СПФ креми, тоа веќе можам да се замислам како нанесувам повеќе пати и врз шминка, само не сум истражила каде и дали има такви.
Мора да ставам дисклејмер дека не те напаѓам и не ти наметнувам, онака само си кажувам. Таа доза иако е „интернетска“, не е неоснована. Толку се препорачува затоа што тестирањето на кремата за да ѝ утврдат фактор дека е 20, 30, 50 или колку и да е се врши кога на кожата е нанесена количина од 2 mg/cm2 кожа, или ете утврдиле дека некој просек е 1/4 лажичка само за лице (+1/4 за врат) или околу 2 прсти за лице + врат. Секако дека зависи од големина на лице, некој има поголемо, некој помало, ама пошто сигурно нема да си пресметуваш cm2 на твоето лице конкретно, полесно е да мислиш во поглед на прсти или да наполниш 1/2 лажичка за да видиш колкава количина е отприлика и да знаеш за натаму. Поентата е дека додека не направат поинакво тестирање/поинакви креми, колку си заштитена ќе зависи од тоа колкава количина ставаш. Ако ставаш крема со фактор 50, ама ставаш пола од препорачаната доза, можеш да очекуваш дека веројатно и имаш пола заштита од наведената, т.е. 25. И можеби океј си со тоа, само убаво е да се има тоа на ум, особено за креми со понизок фактор. И сега, тука е всушност дискусијата и затоа е тешко да си најдеш крема што ти одговара, затоа што неретко се мрсни или оставаат бело. Ама постојат и такви што го немаат баш овој проблем, особено од корејската козметика, затоа што ова што кај нас е научна фантастика тие го применуваат од многу одамна (уште пред да е популарно) и доста вложувале во иновирање и надминување на овој проблем, за разлика од европската и американската козметика, каде свеста уште не е на високо ниво, па заостануваат во тој поглед. Мене лично погодена ми е Eucerin oil control (200 ml) што е за цело тело. Баш заради тоа што е тешко да најдеш крема за лице што можеш да ја користиш на овој начин (а скапа ми е корејската козметика), заради естетика во секојдневие оваа ја користам само за лице и врат (финансиски ми е поисплатливо - слична цена е како да купиш само за лице, а добиваш 200 ml наместо 50, со незабележлив финиш), додека останати поевтини (Sundance од dm) ги користам за остаток од тело.
Кај нас мислам нема. Ама и тоа. Нема ли да ти ја уништи шминката некако? Мислам, уште транслусент пудрите не се усовршени ко што треба, можам да замислам спф како би изгледал врз пудра. Кејк. Единствено овие што се ко ББ крема. Знам Пурито имаат, ама и тие 30мл. Недела и пол ѝ давам кај мене.
A ако не си на отворено со саати, зашто да нанесуваш поново пак? Рецимо сабајле ставаш, идеш на работа, дремеш таму 8 саати у канцеларија. И пред излегување ајде ќе ставиш пак. Ама у меѓувреме нема потреба. За на отворено ако си, друго е. А не верувам дека многу од тука работат теренска работа.
Па со оглед на тоа дека канцер на кожа е реална работа, од таму и потреба од спф е скроз нормална реакција. Јас сум бледа ептен, и од дете ако сум изложена на сонце без спф имам алергија и се исфрлам со rashes и ме чеша ненормално, башка што плус горам. Не користам ништо под 50ка фактор, сум пробувала и на послабо сонце со 30ка и не ми помогнало. Е сега дека има денови кога сум само по дома и не ставам фактор на лицево, има, некогаш осеќам ко потреба да ми одмори лицето од се. И не можам да кажам дека аплицирам по 100 пати на ден, ставам убаво сабајле, и после 5/6 саати со спф спреј се допрскувам (нормално ова не важи кога сум цел ден изложена на сонце, како на пример на одмор).
Па не мора. Исклучок може да е кога работиш покрај големи прозорци (особено покрај бетонски, светли површини, што си велам кај нас се ретки, освен можеби ако работиш во кафиќ и сл) затоа што се рефлектираат УВА зраци од околната средина и поминуваат преку стакло (УВБ не поминуваат). Јас лично дури и тогаш би реаплицирала само еднаш на пола ден и толку. Ама ако има завеси и слични такви работи, не би нанела пак до крај на денот.
Па баш повеќето професии се работат на затворено- канцеларија, ординација, продавници, аптеки итн Градежни работници и тие на терен се на отворено што ги има помалку. Јас за пола саат у денот не се мачкам. Само ако одам некаде пешки и/или во природа што е поретко у лето. И секогаш сум за превенција ама не и дека морам по секоја цена да бегам од прочинителот. Исто ко што од чаша вино у два месеца цироза не се фаќа. Нит па верувам дека тие што ставаат спф 24/7 водат комплетно здрав живот.
Па океј, не сфаќам зошто ме цитираш, никаде не реков некому да прави јас како што ќе кажам. Само кажав мислење јас како би правела во Х ситуација и споделив работи што сум ги научила/слушнала од луѓе чија професија е да споделуваат факти/знаење за овие работи. Јас не нанесувам секој ден на 2 саати. Буквално во претходниот коментар напишав дека и јас мислам дека не мора во такви случаи...
Дефинитивно потреба, особено за мене. Јас сум мерна единица за горење. Колку некој ќе изгори од 0 до мене. Горам многу брзо и на "послабо" сонце дури, така да генерално го избегнувам сонцето ко вампир да сум. А летно време особено не ни помислувам да излегувам некаде сега без SPF. Шминка не носам, така да лесно ми е да реаплицирам. За ставање количина, не мерам 2 прста. Ставам да ми е покриено лицето. Ама тестирав баш пред некој ден колку ќе ми испадне на лицето ако ставам 2 прста. Surprise, surprise, истата количина беше.
Потреба е. До пред некоја година без вакви креми лицево ми беше црвен хаос. Почнав со вакви креми и видов разлика. Ако треба да сум надвор повеќе саати, еднаш реаплицирам. Ако некој мисли дека е само маркетинг лигавење, нека чита повеќе. Хју Џекман со причина вели: "Please remember to wear sunscreen with a high level of SPF, no matter the season".