Еве, и ти на 40+. Уште да ти текне која година било, и да се согласиме дека е или некоја сончева ерупција или озонската дупка нешто, пошто јас сосем различен тип на летување сум практикувала, сонце ме нема видено. Со возраста ништо нема, на мајка ми и се јави во истиот период, на нејзини 60+. Настрана сонцето само по себе, точно знам што беше тригер кај мене, класична фототоксична заебанција ама кој можеше да знае. Бидна, нешто се тригерираше, сега барам решение. Во меѓувреме спф ми е реална потреба, ама за лице стварно не ми прави разлика, дали е специјален крем за лице или стандардниот за тело. Факторот во мојов случај е физички. А градежни работници иначе, обавезно се мачкаат. Ред малтер, ред спф
Се сложувам со твојот став на темава, ама морам да кажам дека математикава е ретко глупава и скроз неточна
SPF 100 - блокира 99% од ув зраци. SPF 50 - блокира 98% SPF 30 - блокира 97% SPF 15 - блокира 93% од зраците Вака иде во бројки. Така да пола доза од спф50 никако неможе да биде спф25. Како и да рачунаш
Во времетраење. Ако со фактор 50 можеш да останеш на сонце 4 часа на пример, со пола доза може да останеш 2 часа, т.е. упола (фактор 25).
Во ред, процентуално така оди, но споредбата за заштита се прави во однос на тоа колкав процент од зраците се пропуштени. На пример, ако со фактор 30 се пропуштаат 3% од зраците, а со фактор 15 7% од зраците, значи фактор 30 те штити двојно, затоа што пропушта околу 2 пати помалку од зраците. Затоа ако гледаш вака како што си напишала, 93% и 97% не изгледаат како голема разлика, меѓутоа ако гледаш која е разликата меѓу пропуштени зраци, таа е дупла, од каде и произлегува тоа дека вреди да вложиш во повисок фактор . Во секој случај, тоа дека губиш дупло заштита со дупло помала количина на нанесена крема е некоја средна вредност, во реалност може да е и повеќе и помалку од половина, ама во секој случај губиш.
Имаш доста ББ креми со фактор, а имаше и некои пудри со фактор. Јас користам наизменично Биодерма тонирана СПФ крема и иста таква само на Алга Марис, и ептен ми врши работа кога сум некаде надвор, ем има заштита, ем не морам пудра да користам бидејќи покривноста ми е доволна. Downside, малку се поскапи, но ценовно излегува како да сум купила крема со СПФ + пудра или ББ/ЦЦ крема, така што дури и попрактично е, комплетен производ имаш, а само еден е. А крема СПФ врз шминка, не е можно тоа, не може да се нанесе плус на ништо нема да личи, како маска ќе се измешаат двата производа.
Не е точно. Кај секој фактор се препорачува реапликација на 2 часа. Пола доза не те штити пола од зраците ниту пола од времето. Недоволна/пола доза го намалува ефектот на заштитата за 5 пати, или ако е уште помала дозата скоро и да нема ефект
Има студии што го имаат тестирано тоа и е докажано дека скоро така доаѓа - пола доза ти е колку или скоро колку пола заштита. Уште малце работава ќе испадне или ставај 2 прста или не ставај ич, пошто секако џабе ти е. Ова прво што ми испадна на Гугл ако прашам шо ако ставам помала количина: https://labmuffin.com/spf-changes-h...43_DC7AO3NVy9Ac_1m2inOK4YRuE9E_v4AFxWzh7_20XM
Мене на една рака се бројат спф кремите што ми одговараат. Од овие ББ што се, само Пурито мислам дека не би ми направила проблем, иначе другите, се со состојки кои не се баш френдли со мрсна кожа.
И јас имам доста мака да најдам соодветна, Биодерма (таа што е touch) е мат, ако нешто ти значи како податок, ама тонирана е. Другите креми ми се најчесто прегусти или со лош состав, па други маки предизвикуваат. Мислам дека една пудра на Хаушка имаше фактор, и оваа тонираната на Алга Марис ми е океј, други искрено ни мене не ми пријаат, иако јас имам нормална кожа, ама во лето се пореметува скроз и оди буквално од сува, најсува до мрсна, најмрсна, напорно е.
Колку и да е точен тој податок, а не навлегувам во тоа, верувам некои правиле истражувања и тестирања, јас кажувам од искуство дека јас не можам да трпам толку крема на лице, бидејќи тогаш добивам осип од таа количина мрснотија која ми стои на кожата. Јас фино си нанесувам онолку спф крема колку ми трпи лицето и кога излегувам немам никакви непосакувани реакции подоцна на лицето. Ако излегувам без воопшто спф имам реакција. Значи, моја математика, од искуството, ми кажува дека мене овака ми одговара, и на кожата ми одговара па следствено на тоа ваљда така треба да продолжам да правам. Сега можеби и излегува таа количина 1/4 лажичка, сега ме тераш да мерам со лажичка колку ставам Сепак не сакам да се зацементирам и да бегам од сонцето, сакам малку заштита, крема, наочарите, шешир, и на летувањето нанесување спф почесто.
Апсолутно со СПФ крема! Искрено не ми се верува дека се сомневате во потребата од заштита на кожата... Со кожа нема играње! Немам сомневање во штетноста на сончевите зраци, особено пак ако сме изложени на нив секојдневно. Малку ли примери има од луѓе со рак на кожа кои работеле теренска работа? И не, не е тоа страв од канцер или од сонце, напротив. Сонцето ни е потребно за да сме здрави. Не велам дека треба за 5 минутно изложување да се намачкаш, ама ако знаеш дека ќе си на отворено во дел од денот кога сончевите зраци паѓаат директно на површините, и тоа како треба да се заштитиш! Можеби некои од членкиве се тука во 20-те или 30-те и не виделе што прави сонцето на кожата со тек на времето. Не се само брчките во прашање. Јас сум видела доволно мои блиски жени кои добија флеки на лицето во доцните 30-ти-раните 40-ти од животот. Тие или не ставаа ништо преку цела година, или ставаа креми без СПФ, а кремите со СПФ ги користеа само во тие 10 дена одмор кога оделе на плажа. Потоа мораа да одат на дерматолози, на хемиски пилинзи и третмани, за да не се флеките видливи. Сум видела изгореници на кожата на нозете од сончање, заради кои после не растат влакна на кожата до крајот на животот. Сум видела драстично зголемување на бројот на бемки на делови од телото кои се обично преку годината под облека, како градите или грбот, после годишен одмор и сончање на директно сонце. И да, треба крема и на лето и на зима. Зошто велам дека и те како треба и на зима? Затоа што поверојатно е да бидете на пладне на отворено кога е пониска температурата на воздухот, отколку на лето кога е 40+ степени надвор. И особено на снег, на планина и на ведар сончев зимски ден. Едни од најлошите изгореници на лица сум ги видела кај лице што било неколку часа на планина на снег, без СПФ крема. Јас сум често на точак, крема за лице и тело мачкам секој ден на деловите од кожата што ми се изложени на сонце. Со мене ги носам во ташна. Од дома без СПФ немам излезено последниве 5-10 години. Не ставам пудра на лицето и не ми смета кремата во тој смисол. Следниве работи ги запазувам: - Кожата со посветол тен како мојата е поосетлива и гори побрзо од потемната кожа. За неа треба повисок фактор, пократко изложување на сонце и почесто мачкање. - Обилно мачкање на сите делови изложени на сонце треба да се прави на едно 15-20 минути пред излегување од сенка/затворен простор. Кремата ќе се упие, кожата не трпи додека те чека да се намачкаш, спремен си за што и да треба, не губиш време од забава. - Мачкам и ушни школки и дланки и патец на косата ако немам шешир. - Сончање во период од 11 до 3 ч не практикувам воопшто. - УВ зрачење има и под сенка и под чадор. Сум изгорела и под чадор, така да се мачкам со креми без разлика. - Ако влегувам во вода, се сушам и се премачкувам. Допирот до крпите или бришењето на водата од телото симнува и дел од кремата. - Се премачкувам на неколку часа, особено ако сум во најсончевите часови надвор. Ако е повисок факторот на кремата, тогаш тој период е подолг, знам дека 2-3 часа без мокрење кожа сум мирна. Во суштина и не купувам низок фактор како 10-15 од таа причина што тогаш треба брзо да го потрошам. И никогаш не сум се исфрлила од кремата, но пазам на хигиената. Не дозволувам да спијам со неизмиено лице или да седам така до полноќ со кремата и со потта на лицето. Се мијам дома кога ќе дојдам со сапун 5,5 и ставам полесна крема после тоа. Еве ви видео на кое се пробуваат различни производи што штитат од УВ зрачење. Погледенете го за да научите како треба да се нанесуваат овие производи на кожата и во која количина. Темелното мачкање има улога и видот на производот.
@Cosmic Girl, ти си идеален не-пациент на секој дерматолог . Нанесуваш и на тие делови за кои редовно апелираат дека се забораваат
Некни не ставив за 10 мин иако не бев директно изложена на сонце изгорев. Има типови на кожа која не трпи воопшто сонце. Тие лица со екстра светол тен и одредени пигменти на кожа се со зголемен ризик за да добијат изгореници а со тоа и поголеми шанси за рак на кожата , за жал и во фамилија имаме починат од кожен рак и јас сум баш со ксмет да имам претерано блед тен. Не добивам боја најчесто само горам/се вцрвувам па и со 50 СПФ. И на темен тен потребата од нанесувње фактор е истата . За во зима кога е облачно океј е да не ставиш(еве и јас не користам тие денови) но кога имаме сончеви денови и те како може да е јако сонцето и да има влијание врз кожата. Пример за тоа е кога одиме на скијање на планина.Пробај да не изгориш ако имаш светол тен. Лигавење дека некој користи СПФ а има потреба од тоа, е исто да кажеш дека е лигавење некој кој се бори со рак и јаде зеленчук а избегнува слатки и помфрит.
Еднаш забораваш, после веќе пазиш пошто си го кркал Кога ми изгоре патецот, ај што беше црвена кожата на него, туку што болеше на секое мрдање на влакната, чешлање и миење, па после сето тоа, нормално се лупеше кожата. И нормално ќе ставаш капи и ќе пазиш вториот пат. Ушните школки ајде не ми текнувало, сум носела долга коса, шешири. Ама на син ми еднаш заборавив да му ги намачкам. Џабе капчето кога му е кратка косата. Му изгореа, му се направија жар црвени дури му потекоа. Греота
Браво браво браво! Пррзафатена сум деновиве и немам време, а сакав да образложам на долго и широко зошто СПФ е задолжително во сите годишни времиња, а ти баш баш убаво образложи и го кажа тоа што сакав да го кажам
Моментално се "борам" со ставање поќе пати на ден спф. Лани и оломнани се борев со редовно користење. Мислам лицето ми е посвежо него годините претходно. Ама тешко ми е да реаплицирам оти мозоков не можи да ми сфати дека треба само спф да клам без целосно од корен да го исчистам лицето. Ретко носам шминка, ама кога носам не ми ни паѓа на памет. Гадно ми е и нелогично ама па, ретко носам денска шминка особено на лето. Ионака само на сабајле и касно навечер сум надвор од домот, остатокот од денот сум во затворен простор - па не ми менва. Ако не мислев дека е важно - немаше да користам. И за да не изгубам од рутина ама и ради заштита, користев и на зима.
Има некој дерматолог некаде кажано дека немаме потреба од спф и дека е само тренд ова? Или ние си го измисливме колку да врти муабетот