Форумџика на годината

Креми за лице со SPF - реална потреба или моментален тренд?

Дискусија во 'Лице' започната од Annath, 6 јуни 2023.

  1. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш кога кажав каков совет ми даде дерматолог ми беше реплицирано дека дерматолозите биле само за пари и дека не треба да им се верува.
    Во темиве има форумски експерти.
    Толку:D
     
    На Frosty!, Waverly Raven и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    :Dдобро ај ќе веруваме на јузер3582

    Јас се што читам и гледам сите велат ДА.
    Зарем е можно сите да се платени? Нема ниту еден во име на медицина и професија да биде фер и да ни каже дека не лажат и дека не ни треба :D
    Ајде еве прво да најдеме некој таков што вели дека нема потреба па тогаш воопшто да дискутираме дали требало или нетребало :)
     
    На kikkki и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  3. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
    Во друга тема психијатрите лажеле за пари. :tmi:

    Во октомври седев на не толку јако сонце без спф неколку дена по ред и ми се изразија пегите, од тогаш си ја научив лекцијата. Не знам што е толку страшно ако се става на секое излегување спф? Удира на џебот зошто само минерални можам да користам кои се скапи, а воедно и бело оставаат. Па и уште 20ка фактор било доволна за лето, мало сутра. 8-|
     
    На Noemi, kikkki, Bella__ и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Makedonka95

    Makedonka95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2022
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Порано работев на кожна клиника и сите препорачуваа спф дали лето или зима, доаѓаа луѓе со изгореници од скијање буквално но и со пеги мелазми итн.
    Маркетинг беше дали ке се земе на Ла рош Еуцерин итн или Блекап или Дм марка.

    Верувам дека има заштита, посебно за рак на кожа (меланом) бидејки сонцето ја убрзува работата без фактор.

    А за реапликација со спреј или крема над шминка е скрос несватливо за мене.
     
    На Bella__, kikkki и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  5. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Не би се изложувала на јако сонце без СПФ крема. На плажа само до 12, па пауза, па после 4-5 попладне.

    За секојдневна употреба, само ако излегувам надвор и е сончев ден. Кога се баш летни горештини, одбегнувам да излезам. Ако морам, гледам телото да биде покриено, а лицето секако со СПФ.

    Облачни денови не ставам СПФ. Кога сум дома исто така не ставам.
    Претеризам ми е трендот да аплицираш СПФ додека си дома, бидејќи светлината продира од прозорецот од лева страна. Па дури и реаплиакција на 2 часа.

    Да не зборувам за тоа што стотици негативни мислења има за самата хемија во СПФ. Дека е канцерогена за долгорочна употреба, дури и бебешките креми.

    Па ќе кажеме океј, има СПФ со физички филтри. Супер, вклучувајќи и титаниум диоксид. Повторно канцероген.
    Во маѓепсан круг сме со сите овие информации, но не е случајно тоа што има толку болести во толку модерно време.

    За се треба умереност.
     
    На Sky-butterfly, kikkki и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Во Македонија сите се експерти за сè позади тастатура...

    Истражувања, студии и такви ствари тоа сè за пари е(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На kikkki и cooll им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Па и јас бев од тие што ставаа на неколку часа спф еден период, во времето кога работев од дома.
    Ама навистина бирото ми беше поставено така што ептен во фаца ми блиштеше сонце и ај што ми сметаше, ама и ми поцрвенуваше кожата на лицето, а немав како другачие да го преместам бирото. Е после ми текна на драпер (ролетни немаше никакви, а проѕирна завеса ми е исто е ко да ја нема) и се спасив со драпери. Немам таква ситуација веќе зашто се преселив да работам во канцеларија, ама стварно беше незгодно. Скоро секогаш има решение нели, ама еве дури ти текне, ќе си се мачкаш малце. :D

    Мене испод 50-ка фактор не ми одговара инаку, си гори кожата одма и отсекогаш било така. Пред 7-8 години на еден одмор, прв и последен пат ставив 20-ка и нормално, изгорев без разлика на тоа што го обновував често. :sweat:
    Од тогаш повеќе внимавам. И многу бемки имам, па кога запролетува и кога ќе почнам да одам по кратки ракави, секогаш ставам спф на раце, нозе, деколте, што и да е пооткриено и поизложено на сонце.
    На лице немам бемки, ама сосем доволно ми е тоа што имам многу светол тен - спф ставам (скоро па) секој ден наутро (тогаш излегувам од дома), без исклучок дали е лето или зима и не мислам дека е грешка тоа.
     
    На sweet-cherry, Bella__, andrejko82 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Е сега кога сме на тема сонце, да ме просветли некој дал има по Скопјево од чадорите со УВ заштита, ми се скрши, не видов што марка беше, мислам дека од ДМ го земав, ама од Њемачка пред некоја година. Видел некој, некаде?
     
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Јас па не зимам спф ако нема титаниум диоксид во него. :D
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.339
    Никој не вика дека не е потреба туку дека не е потреба нонстоп и секој ден да ставаш спф.
    Да бидеме реални, од ниеден друг штетен фактор олку не се штитат тие што ставаат секој божји ден спф.

    Мене ми е скапо и да сакам да ставам често.
    Лани барав за на лице и едно мало тубиче едвај најдов за 200.

    Јас исто имам широки пори и мрсна кожа и што и да ставам ми затнува лесно пори и ми прави акни. Тек па лето кога ми е премрсна и од спф дури осеќам ко малтер да имам шлакнато на фаца, ми се поти и мрси кожата многу и не трпам ич.
     
    Последна измена: 8 јуни 2023
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
    Ако не те печат очите имаш од ДМ марката, под 200 денари.
     
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Машки
    Кога има опција за превенција зошто да не се применува? Навистина не ми јасно…

    Истото и со превентивни гинеколошки прегледи, ХПВ брисови, ехо на дојка итн.. бесплатни се еднаш годипно, тоа пола жени во Македонија немаат матичен гинеколог. (facepalm)

    Таа крема шо си ја избрала, најверојатно не ти одговарала. Сега има спф креми за секој тип на кожа, нема шанса да не ти одговараа никоја.
     
    На sweet-cherry, Noemi, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.339
    Па на пример исто вака да зборуваме и за болести што идат со (стално јадење) нездрава храна и енормна дебелина. Ама тогаш е шејминг. Или болести од недвижење. Ако се грижиш за здравје, не се грижиш селективно. А секогаш ќе сретнеш за тие болести дека немало врска, секој можело да ги добие.
    Ама не е само репродуктивни органи и кожа здравјето.
    Порите од све живо ми се затнуваат. И мат пудри и креми за мрсна кожа што се Сум пробала све. Било што да ставам, ако нешто ми лежи на кожа и ми седи у пори, не трпам.
    Ставам спф ама тенок слој и почесто во лето на лице. Иначе зејтин ќе цедам од лицето и 50 степени ми е фацава.

    Е сеа ако таа што ми одговара е 50 евра, не сум буржоазија.
     
    Последна измена: 8 јуни 2023
  14. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    11.510
    Пол:
    Женски
    Имам бледа и сензитивна кожа и избегнувам сонце како вампир зошто се пржам инстантно. Ама ниту аплицирам ниту реаплицирам спф преку зима и во затворени простории.
    Сметам дека немам потреба и дека ми е доволна секојдневната рутина со обичните хидратантни креми.
    Преку пролет и лето активно користам и реаплицирам особено кога сум повеќе време изложена на сонце и на плажа.

    А и сметам дека во последно време многу здраво за готово ги сфатија спф производите. Не викам дека се некорисни и непревентивни, напротив, ама дефинитивно се оди во крајности со она аплицирање спф преку шминка и за по дома.
     
    На Dpokahontas и Annath им се допаѓа ова.
  15. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295

    За порите ќе ти помогне двојно чистење масло и пена, салицилна ( БХА ) киселина дали серум или тонер твој избор. За фактор најдобро минерален со цинкот он е матирачки малце да и исушува ама не затнува пори :) Само мој совет .
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Ја ни преку лето не ставам а камоли вака
    Ништо не ставам буквално.
    Може само уље за потемнување :rofl:
    Знам дека не е океј
    Ама имам мрсна Т зона и зејтин ми се праи фацата. ;(
     
    На Ani45 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Имам тониран бб крем со фактор, тоа е. Не шлакам на 2 сати, ништо не е убаво да се шлака на два саати на кожата на лицето, па дури и вода да е, што се вели. Едно е превенција и заштита, друго е глумење лудило дека 100 СПФ требало на 2 саати да се мачка за дома седење.
     
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    55.338
    Пол:
    Женски
    Јас нанесувам пролет и лето само, а потреба е, секако. За до маркет што ми е на нецели 5 минути не (малку и витамин Д треба па :D), ама пред да одам на работа секако еднаш ставам, а работам втора смена и сега излегувам во најјакото сонце.
    Ставам еднаш па се шминкам, не гледам потреба да нанесувам повторно бидејќи ми нема логика да ставам на шминка одозгора, плус работам во канцеларија и внатре сонце не ме фаќа. А бела сум ко сирење и лесно можам да изгорам, не фаќам тен никогаш и ко дете се имам по блуза капено во езеро ради то што лесно горев.

    Не гледам потреба нанесување во зима (освен ако одиш на скијање и си изложен таму на сонце) и денови кога е облачно и/или врни, преку цела година, бидејќи и онака се скапи кремиве.
     
    На Ambitious му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Јас сум верна на Еуцеринот, кремата за масна кожа со 50ка фактор. Откога се преселив, на 2-3 пати го имам порачувано од Европа пошто овде не можам таа конретна крема да ја најдам, иако има други производи од Еуцерин.
    Само тоа ми е ко стејпл во козметиката, се друго можам да сменам. Ми помага доста и за сувост на кожата, ако почне да се лупи некаде и слично. Секој ден го мачкам сабајле пред шминка, се надевам нема некогаш да го тргнат пошто не знам што ќе правам.
    Овде дека сонцето е апла јако, а јас сум многу бела, гледам ич да не се изложувам кога не морам, и летово што пројде се зезнав што не се мачкав по раце кога носев кратки, сега имам минијатурни пеги што ги немав претходно. Од наредно лето ќе мачкам рандом 50ка фактор по раце, било кај да идам, само да најдам нешто поасално што нема да го има она лепливо чувство.
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е потреба, посебно што осетив на своја кожа (буквално :) ).

    Не знам од која причина, но од 2020г. навака кожата ми стана исклучително сензитивна на сонце. Во прво време не го сфатив тоа, па во една прилика си заработив сериозни изгореници иако имав заштитен фактор.
    Искрено, од касна есен до рана пролет се мачкам само во сончеви денови и на планина. Во останатиот период ставам секој ден. Во деновите кога сум на работа се мачкам само наутро, се уште не сум нашла начин за ре-аплицирање што може да се примени на мојата (од скоро) масна кожа кога имам шминка. А и сонце ме гледа само сабајле :/ Кога сум на одмор или подолго време на отворено, обавезно на секој 2-3 саати се мачкам.

    Не знам дали сте спомнале претходно, но мислам дека треба да се напомене и рокот на траење на кремите. Често слушам од луѓето дека кремата за тело што им останала од претходниот одмор, ја користат и наредната година. И покрај тоа што производот можеби се уште има рок на траење, самото тоа што сме го влечкале 10+ дена на плажа на високи температури и сонце, ја намалуваат ефикасноста на заштитата.

    Друго, во рамки на темата, дали сметате дека редовно треба да се оди на проверка на бемките?
    Последните години забележав многу нови бемки, посебно во пределот на деколтето и стомакот ( предели кои многу малку ми се изложени на сонце). Дали можеби имате дерматолог за препорака?
     
    На sweet-cherry, theowndemon и Bella__ им се допаѓа ова.