леле јас имам 22 и почна да ми се појавува една брчка на челово ( особено се гледа кога ке ги кренам веѓите) па се загрижив и викам да си прашам hock:
osnovno e da stavas serum, a potoa krema protiv brcki, firma- vo zavisnost od moznostote, nivea, loreal, vichy, klarins, klinik
Јас сум читала дка треба да се користат после 25 година, значи повеќе како превентива, отколку како санација Откога ќе искочат брчките ништо не можеме да преземеме, затоа треба да си го чиуваме лицето добро,сепак имаме едно
Колку и да го негувате лицето сепак брчките се неизбежни, се зависи од кожата и гените. Јас ја користам Nivea Q10+ и сум задоволна. Од друга страна и генот ми е наследен. Така да мојата мајка со нејзините 64 години ми делува како 30 годишна девојка, а не и има користено никакви ркеми против брчки. Модератор: Во иднина при пишување на мислењата користете кирилица.
Како добра превенција еден дерматолог ми препорача во најобична дневна, ноќна хидратантна крема, онаа која си ја користите да додадете една ампула ц витамин, а во ноќната пола ампула витамин ц, и една ампула витамин е...и немаш гајле за брчки....јас така правам и супер е....само што во последниов период никаде неможам да најдам ампули витамин е, па купив маслен концентрат со витаминот и додавам од него, исто и во кремите за тело додавам...витаминот е е клучен во борбата со брчките, а ц се бори против надворешните влијанија, а во овие форми додадени се најконцентрирани, а и ефтин начин е во секој случај
Пред некое време забележав како црти на челото, не се брчки но се така нешто како црти само не се изразени, почекав да поминат, ама си стојат... некоја превентива ако може да кажете, и дали некој имал слично искуство...
Колку е големо пакувањето на кремата што ја користиш? Јас користам обична Нивеа плава и би си додала во неа.
мајка ми ги користи кремите од АВОН ANEW и задоволна е , а гледам и другите ја прашуваат (забележуваат) ја користеше онаа за над 45 + сега го користи серумот за лифтинг, а крема обична хидратантна
Јас пак ќе ги бојкотирам Нивеа. Кремата на мајка ми ич не и помогна. Претходно користеше Absolue precious cells од Lancome и и се погоди таа.
Здраво девојки. Имам само 21 година, и сакам да пробам некоја крема против брчки. Ми се појавуваат кај подочниците кога се смеам, многу доагаат до израз тогаш и се нервирам. Препорачајте ми некоја ефикасна крема против брчки??
50 gr бекутан крем,25 gr јекодерм крема ама од галеника ,40 капки прополис чист(во аптека),40 капки битамин AD и пола мала лажичка алкохол се меша убаво и се користи. Проверено прекрасен крем.Во почетокот се појавуваат акни црвенило односно се чисти кожата но тоа трае недела дена после лицето станува како бебешко.Ете мојот рецепт од една 60 годишна жена која изгледа како на 40 .јас го направив и го ставам 3 дена па досега супер ми реагира кожата.