1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми против брчки

Дискусија во 'Лице' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, кажи ми до која цена да гледам? И за каков тип на кожа да биде производот?
     
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka За зрела и сува кожа во т зона претежно, ноќен крем за лице. По можност да биде на природна база, ако воопшто постои такво нешто. Моментално користам еден на Нивеа со Q10, ама бргу некако кожата ми се заситува од него т.е ми одговара само првите неколку денови од користењето. Однапред благодарам и поздрав.:)
     
  3. super.nova

    super.nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    32
    1000-1500. Масна/комбинирана кожа. Важно ми е не само превентивниот ефект, туку и веќе постоечките да ги избрише.
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.028
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka дали имаш сознанија дали е точно тоа што го кажуваат во рекламата за витамин ц серумот против брчки на др. витон, наводно ги брише брчките :?:
    Исто и јас би ја сакала истата препорака за некоја крема или серум за ситни брчки на челото само за сува кожа до кај 1000 денари.
    Ти благодарам.
    vitamin c face serum-585x585.jpg
     
    Последна измена: 5 јануари 2018
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга секако дека постои на природна база, затоа сум тука :). Значи како поевтина варијанта ја имаш колекцијата со Гоџи на Алверде која е феноменална. Јас го имам пробано серумот, ампулите и отстранувачот за шминка. Братучетка ми го зема кремот околу очи и кремот за лице и ми се јави да ми каже дека подобро нешто не користела. А многу е евтина најскапото нешто е до 250 мкд (серумот ако не се лажам). Од поскапи варијанти имаш на Хаушка кремот за возрасна кожа против брчки. Јас го имам и преубав е. Навистина е доста скап околу 1900. Значи за овие две за сува кожа тврдам!!!

    За масна и комбинирана може да ти го препорачам кремот на Флеуранс со матичен млеч. Тој има таква формула да не масти а сепак е анти ејџ. Мислам дека моментално е на попуст околу 476 (така ми кажа една феминка вчера оти и неа и го препорачав). Ефектот не знам да ти кажам ама би требало да е убав затоа што има прекрасна декларација. Друг крем може да го пробаш на Гамард со хијалуронска киселина флуид леџер околу 900 мкд. руги креми се за посува кожа. Според мене проблемот е во тоа што анти ејџ кремите ги прават за посува кожа. Затоа јас сама си ги правам дома за комбинирана кожа и тоа ставам многу повеќе активни состојкиотколку во било кој крем во продажба. Поздрав.

    Драга не би знаела да ти кажам затоа што серумов никогаш го немам пробано. Јас може да ти кажам дека витаминот Ц има убаво анти ејџ влијание (следен проект ми е тоник со Ц витамин и крем). Веќе нарачав витамин Ц и чекам да ми стигне. Во овој пеоизвод јах не знам кој е процентот на раствор за каква форма на витами Ц станува збор (не се сите форми стабилни и некои брзо оксидираат). Навистина не би знаела да ти кажам ништо повеќе. Поздрав.
     
    На carangigia, LollySky, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Penaten или пак NIVEA.
     
  7. super.nova

    super.nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    32
    @Biodevojka, знаеш ли каде може да се најде хијалуронска киселина, чиста? Сакам сама да си направам серум со витамин ц па да додадам и хијалурон.
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, со каков вид на витамин Ц сакаш да направиш серум? Кои состојки ќе ги користиш за серумот? Витаминот Ц е стабилен само во неколку свои форми од кои најдобри се SAP и MAP односно sodium ascorbyl phosphate и magnesium ascorbyl phosphate кои се стабилна варијанта на L-Ascorbic кој оксидира во било кој производ ќе го ставиш. Друг проблем е ако правиш чист гел на хјалуронска како што е објаснето во моето видео на јутуб, витаминот Ц не е компатибилен со чистата смеса затоа што ја деполимеризира хијалуронската киселина односно ја раздвојува на поедноставни молекули и таа го губи козметичкото својство, т.е. нема никакво дејство.

    Доколку сакаш овие две да ги користиш во крем може заедно, доколку ги внесеш посебно, прво едниот па убаво мешаш а потоа и другата состојка. На тој начин убаво ќе се спојат со смесата која е и водена и маслена (со емулгатор и конзерванси секако) и нема да дојдат во директен допир да се “истепаат“ :).

    Потоа многу важен фактор е пх вредноста....за жал не е едноставно да се направи тоа што сакаш ти. Во Мк хијалуронска во прав не се продава за жал, во другите земји на пример Италија во секоја аптека која има галенска лабораторија може да ти ја набават. Инаку само хијалуронската во прав направена како серум дава одлични ефекти...навистина неверојатни...евентуално може да се направи серум од хијалуронска и тоник за лице со Ц витамин. Па лицето да се премачка со тоникот и потоа откако ќе се исуши во кожата (витаминот Ц веќе дошол во контакт со кожата и таа го искористува) да се нанесе серум со хијалуронска. Поздрав.
     
  9. Diona

    Diona Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Девојки мислење за серумот и некој да знае цена. mockup-585x585.png
     
  10. super.nova

    super.nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    32
    @Biodevojka би правела со прашок витамин ц од дм. Нема да ставам хијалуронска киселина, само дестилирана вода, глицерин и ампула Витамин Е. Но во кој размер? Како ќе знам колку проценти витамин Ц ќе има во серумот?
    Сметаш ли дека нанесување на ваков серум, а врз него арганово масло е ефективна ноќна нега?
    Исто така, сакам да набавам дермаролер кој ќе го употребувам со хијалуронска киселина, чиста. Што мислиш на ова?
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга прочитај ми на декларацијата на витаминот Ц што вели како состојка? Дали пишува L-Ascorbic?
     
  12. super.nova

    super.nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    32
    [​IMG]
    @Biodevojka Да, чиста аскорбинска киселина.
    (pure L-ascorbic acid пишува во составот). Но, не ги знам размерите со кои би го направила. Би го купила и овој на Dr. Viton, но на него не пишува во кој процент има витамин ц, а и поради тоа што вака би ми бил цело време свеж.
    А хијалуронска киселина има чиста во аптеки? И тоа би си купила, но не за во серумот, туку за ова што го спомнав погоре. Фала :)
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, како што ти кажав погоре витаминот Ц не е стабилен во оваа форма. Значи дека ако ти направиш серум за два дена ќе оксидира и повеќе штета отколку корист на кожата. Витаминот Ц може да го користиш како тоник на овој начин http://biodevojka.blogspot.it/2016/03/blog-post_4.html.
    Хијалуронска во Мк за жал нема. Јас од Италија ја земам и сама правам серум и тоа убав концентриран како во видеово

     
  14. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Феминки и драгата @Biodevojka , дали алое гел би препорачале за кожата околу очи?
    И ако да, од која линија и каде може да се најде?
     
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    17.712
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka ќе те замолам да ми препорачаш крем за околу очи , имам 23 во март 24 ќе полнам а под окото имам две ситни линии, не се приметуваат многу само кога се смеам ама страшно ми сметаат и ме нервираат
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, слободно мое да користиш алое вера гел на цело лице па дури и околу очи. Биди внимателна тоа да биде чист производ, без силикони, минерални масла и други несакани состојки. Освен оние кои досега ви ги препорачувам во литарско пакување за внатрешна употреба, најдов еден нов кој ќе го рецензирам наскоро на блогот, станува збор за овој производ
    IMG_20180123_202816.jpg

    30 мл. 490 денари во Космо и ДМ. Во спреј верзија е и многу е практичен за употреба а и може секаде да го носиш со себе. Поздрав

    Здраво драга, до која цена???
     
  17. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    17.712
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka до 1000 ден максимум. сакам да ми препорачаш некоја добра крема со добар состав.
     
  18. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Во каква форма се наоѓа активниот кислород, и каде го има? Првпат слушам дека може да се набави активен кислород. Би сакала да го земам
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга еве ме, не сум те заборавила, ама гледав што да ти препорачам. За твоја возраст без анти ејџ состојки до таа цена може некоја од алверде да земеш. Имаше една многу убава за помлада кожа. Инаку таа на Хаушка би ти била најидеална ама мислам дека е многу поскапа. Не ми текнува точно колку. Може евентуано овој на Fleurance ако го има во Мк.
    [​IMG]
    Би требало да е до таа цена. Или пак да ти дадам некој рецепт на колд крем без конзерванси со пчелин восок и масла со голема хранлива моќ па да го направиш сама. Ќе заштедиш а ќе имаш најдобар производ на цел свет!!!

    Изборот е твој. Поздрав.
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka малку оф топик, дали знаеш крема која помага при нафрлање од нетолеранција на храна?