Здраво драга, не би знаела што да ти кажам. Ова е домен кој зависи од намирници и исхрана а не од козметика. Најверојатно треба да се престане да се конзумирање на одреден вид на храна, да не се внесува за да нема реакција. За крем навистина не знам што да предложам. Зависи од кожата, зависи дали содржи некоја состојка на која си алергична и.т.н. Поздрав.
Секако ќе ти пишам во порака. Инаку на Хаушка е оваа ама мислам дека беше околу 1900 ако не се лажам. Поздрав.
Здраво, Некој да ми препорача добра крема против брчки околу очи за 25 години , имам ситни линии под очите. Благодарам
Zdravo sakam da prasam za dobra krema za brcki posebno okolu ustata mi se pojavuvaat inaku samo sto napolniv 40g @Biodevojka sakam posebno tebe da ti se obratam pred dve god imav problem so akni i problemot go resiv so tretmani so laseri no aknite gi snema a mi se pojavia bori i mnogu mi opadna tonusot na licetokozata mi stana mnogu tenka i mi se pojavia brcki sto ke mi preporacas ti??
Samo sto napolniv 40spored dermatologot sega normalna no dehidrirana,go koristev dr.viton vitamin c za flekite od akni sto gi imav ,cena moze i do 2000 den☺
До таа цена еден куп креми може да ти препорачам, па бирај сама она што најмногу ти се допаѓа: 1. Алверде гоџи бобинки: иако е економична, како колекција е многу убава. Јас оваа линија со гоџи просто ја обожавам. За 2000 мкд ќе ја купиш цела линија (серум, ампули, крем за лице, крем за околу очи, двофазен отстранувач на шминка) и тоа Х2 од секое 2. Крем со слуз од полжав на Др. Органик го имам користено преубав е. Околу 1700 готр долу 3. Крем од рози на Др. Хаушка и овој е преубав и инстрантно ја омекнува кожата. 1200 мкд 4. Крем со матичен млеч на Флеуранс 950 или 900 мкд 5. Крем за лице од Гамард со хијалуронска (Креме Рич) сината линија 1200 мкд 6. Крем за регенерација на Виво Олео не ми текнува одамна го користев ама не повеќе од 1500 мкд Ете драга, изборот е твој...Поздрав
@Biodevojka прочитав некаде дека си во Италија, може ли да ми препорачаш некоја добра крема против брчки, и јас сум во Италија и баш сум во потрага по некоја ефикасна. Инаку имам 31год. сува кожа. Цената да биде до 30€ Исто да ми кажеш каков витам ц да барам овде, пробав со капки ама како што прочитав на твојот блог капките и не се баш најдобар избор.
Здраво драга, да во Рим сум. Ти каде си??? Сакаш од ербористериа и биопарфимерија или од интернет??? Да знам што да ти препорачам оти овде има преголем избор на се!!! Серум со Ц витамин најискрено никогаш не сум гледала овде од проста причина што сама си го правам. Го нарачувам чист Ц витамин од арома зоне и сама правам креми со него. Инаку како најдобра марка кој користат секогаш Ц витамин е дефинитивно Фитокозе (Fitocose) Какви убави креми и серуми имаат просто неверојатно!!! Оди на нивниот сајт ќе се збудалиш нема да знаеш што да нарачаш!!! Поздрав.
Можеби најдобро би било од ербористериа што знам. Без разлика од каде ќе биде, само да е ефикасен. Пред некое време се мислев да земам еуцерин, го гледав и во аптека и на интернет ама искрено не сум го ѕирнала составот. Сакав прво да се консултирам со тебе се надевам ќе ми ги разрешиш дилемите
Biofficina Toscana La saponaria Fitocose Vivi Verde Coop Dr. Hauschka Од овие марки што и да земеш одлично е. Види го она што ти одговара. Vivi Verde Coop ќе ја најдеш во супермаркетот Coop нивна марка е ама е одлична. А цените се смешни некаде околу 3 евра се кремите за лице. Мене лично многу ми се допаѓа Biofficina Toscana и Fitocose и двете се италијански марки и навистина одлични. Dr. Hauschka стандард е одлична да не се повторувам каде и да ја продаваат навистина една од најдобрите линии., Имаш многу избор, сама одлучи што најмногу ќе ти се допадне. Позз.
Здраво на сите @Biodevojka те молам да ми кажеш мислење за овие ги најдов во Германија пишува дека се и во Германија произведени на нив пишува од 25 години до 30 за брчки. Инаку сум 27 и имам брчки и сува кожа. Фала ти многу